fbpx
Таг: победа

таг: победа

Либералите победија на парламентарните избори во Канада

Либералната партија и нејзиниот лидер, Џастин Трудо, победија на парламентарните избори во Канада со што е ставен крај на десетгодишното владеење на Конзервативната партија на премиерот Стивен Харпер. Според неофицијалните резултати, либералите освоиле 184, а конзервативците 102 места во парламентот. Анкетите не предвидуваа ваква победа на либералите, кои во својата предизборна платформа најавија дека привремено ќе ја зголемат државната потрошувачка.

Путин му ја честиташе изборната победа на Лукашенко

Рускиот претседател Владимир Путин му ја честиташе изборната победа и петтиот мандат на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко. Путин му испратил телеграма на Лукашенко во која се наведува дека „убедливата победа на изборите го покажува големиот политички авторитет на Лукашенко, како и довербата на луѓето во него на патот кон подобрувањето на социјалниот и на економскиот развој на државата“. Рускиот претседател...

СИРИЗА победи на изборите во Грција, Нова демократија го призна поразот

Грчкиот народ одлучи да ѝ даде втора шанса на СИРИЗА и на нејзината досегашна влада. Според првите официјални резултати на 21 процент од пребројани гласови, СИРИЗА води со 35,4 проценти од гласовите, а Нова демократија освоила 28,2 проценти. Разликата меѓу двете партии се очекува дека ќе биде повеќе од 7 проценти. Дора Бакојани, пристигнувајќи во седиштето на Нова демократија, го призна...

„Евробаскет 2015“: Македонија ја победи Холандија со 78 – 71

Во второто коло од натпреварите по групи, македонската кошаркарска репрезентација денеска ја совлада селекцијата на Холандија со резултат 78 - 71, со што ја забележа првата победа на Европското првенство, кое се игра во Хрватска, Германија, Летонија и во Франција. Македонските кошаркари имаа одлична реализација на шутевите за три поени, што, всушност, беше нашето главно оружје на натпреварот за кое...

На воената парада во Пекинг ќе присуствуваат лидери на над 30 држави

Лидери на над 30 држави потврдија дека ќе присуствуваат на воената парада во Пекинг на 3 септември, по повод одбележување на 70-годишнината од победата во Втората светска војна, соопшти кинеската влада. Организаторите наведоа дека 12.000 војници и офицери ќе учествуваат на воената парада на плоштадот Тјенанмен, каде ќе бидат прикажани над 500 парчиња оружје и воена опрема и 200 авиони...

Игор Стефановски – Иџе победи на трката во Словачка

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски - Иџе победи на трката која се одржa во Словачка. Тој постави и нов апсолутен рекорд на патеката, а зад него ги остави домашниот возач Властимил Мајерчак и Јири Лос, кој заврши на третата позиција. Ова е негова шеста победа во осум трки и има 165 поени во генералниот пласман.

Џудо-клубот „Сеишин“ – Прилеп се врати од Грција со пет медали

На 28 јуни, во Солун, во организација на џудо-клубот „Иркалис“- Солун, се одржа Меѓународен турнир во џудо „Итаки 2015 - Матсура куп“. На турнирот учествуваа околу 110 натпреварувачи од 15 клубови од Грција, Македонија, Бугарија, Србија и од Велика Британија. Џудо-клубот „Сеишин“ - Прилеп на овој турнир учествуваше со вкупно пет натпреварувачи, во сениорска конкуренција, а освоени се и вкупно пет медали (два сребрени и три...

Голден Стејт е новиот НБА-шампион

Голден Стејт со победата над Кливленд од 105:97 и финални 4:2 ја осви шампионската титула во НБА. Ова е четврта титула на клубот, прва по 40 години. Најефикасни кај Голден Стејт беа Стеф Кари и Андре Игудала, секој со 25 поени. Драјмонд Грин натпреварот го заврши со трипл-дабл од 16 поени, 11 скокови и од 10 асистенции. Леброн Џејмс, иако постигна 32 поени,...

Металург со втора победа во плеј-офот

Екипите на Металург и Тинекс Пролет забележаа победи на двата одиграни натпревари во рамките на 2. коло од разигрувањето за титулата во Супер ракометната лига на Македонија, пишува „Екипа“ „Металурзите“ стигнаа и до втората победа, овојпат славејќи на гостувањето против Прилеп со 18-24, додека Пролет Тинекс беше подобар од Радовиш совладувајќи го со 29-25. Натпреварот меѓу Вардар и Зомимак М е...

Ману Чао им ја честиташе победата на студентите

Ману Чао вторпат им искажа поддршка на студентите. Овојпат тој им ја честиташе победата. Преку својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“, тој напиша: „Студентски пленум, ви честитам. Од Богота, Колумбија, до Македонија. Останете позитивни и никогаш не се откажувајте од своите права. Максимален респект“.

Ракометарите на Вардар убедливи против тимот на Рајн Некар-Левен во ЛШ

Тимот на македонскиот ракометен вицепрвак Вардар, синоќа, во натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите, во Манхајм, убедливо го совлада составот на германскиот претставник Рајн Некар-Левен, со резултат 35-28. Ова беше седма победа за екипата на Вардар во групната фаза од Лигата на шампионите. Најефикасен во редовите на Вардар беше Игор Карачиќ со осум гола, Тимур Дибиров постигна шест, додека Сергеј...

Вардар ја совлада Војводина во СЕХА-лигата

Ракометарите на Вардар го победија тимот на Војводина со 30:26 во дуелот од 18. коло на регионалната лига СЕХА, кој се одигра во салата „Јане Сандански“. Најефикасен во редовите на Вардар беше Стефан Терзиќ, кој постигна пет гола, а Сергеј Горбок и Немања Шрибак постигнаа по четири погодоци. Кај Војводина, Милан Јовановиќ постигна шест гола. Следен натпревар за Вардар ќе биде...

Македонија со победата над БИХ во осминафинале на СП во ракомет

Македонската ракометна репрезентација со победата над Босна и Херцеговина, со 25-22, обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство во Катар. Најдобар играч на натпреварот беше Дејан Манасков, кој постигна шест гола, а по три постигнаа Гоце Георгиевски, Филип Миркуловски, Наумче Мојсовски, Немања Прибак и капитенот Кире Лазаров, кој сите погодоци ги постигна од пенал. Ова за македонската селекција беше трета победа...

Антиќ одличен на натпреварот против Вашингтон

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ одигра одличен натпревар за тимот на Атланта и постигна двоцифрен број поени во три последователни натпревари. Вчеравечер тимот на Атланта хоукс го победи тимот на Вашингтон со 120:89, а македонскиот кошаркар беше четврти најдобар стрелец. Антиќ постигна 12 поени, од кои три тројки и три успешно реализирани слободни фрлања. За тимот на Атланта ова беше осма победа...

Македонија пријателски го победи Израел

Уште една победа на пријателски натпревар со Израел извојува ракометната репрезентација на Македонија, откако вчера, на затворениот за јавност дуел, победи со 42:32. Дејан Манасков бил најефикасен во нашиот состав со седум погодоци, еден помалку имал Кире Лазаров, а Златко Мојсовски постигнал четири.  

Владејачката коалиција убедлив победник на изборите во Јапонија

Партијата на јапонскиот премиер Шинзо Абе убедливо победи на дешените предвремени парламентарни избори, покажуваат излезните анкети, пренесуваат медиумите. Либерално-демократската парија на Абе, според првичните резултати, освоила меѓу 275 и 306 места во Долниот дом на јапонскиот парламент, кој брои вкупно 475 места и заедно со нивниот помал коалиционен партнер, партијата Комеито, ќе има двотретинско мнозинство. Предвремените избори во Јапонија беа распишани...

Перо Антиќ и Аталанта ја извојуваа осмата победа во НБА

Со победата на домашен терен против Њу Орлеанс од 100-91, Аталанта ја извојува осмата победа во НБА-лигата . Перо Антиќ оствари пет поени, два скока и една асистенција, а на паркетот помина 21 минута. Најдобар во домашниот состав беше Тиг, со 26 поени. Атланта се наоѓа на петтото место, со осум победи и со шест порази. НБА-резултати: Портланд – Мемфис 99-112 ЛА лејкерс – Минесота 119-120 Денвер – Феникс...

Илиевски постигна осум поени во дербито за Цибона

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец Владо Илиевски, дебитираше со победа во дресот на Цибона, која го победи тимот на Крка со 70:80 во рамки на АБА-лигата. Илиевски во првиот натпревар за хрватскиот клуб постигна осум поени, а играше 19 минути. Тој постигна три тројки од три обиди. Дамир Маркота со 18 поени беше најефикасен во таборот на Цибона на овој...

Барселона конечно до победа

По поразите од Реал Мадрид и од Селта, Барселона победи на гостувањето кај Алмерија. Домаќините поведоа со гол на Вифоума во 37. минута и се наговестуваше нов шок за Барселона, но благодарение на Суарез, кој асистираше до Неимар во 73. и до Алба во 82. минута, фаворитот дојде до очекуваната победа. Тимот на Карло Анчелоти дојде до три лесни бода во Примера совладувајќи го...

Вардар победи, Кастратовиќ незадоволна

Кастратовиќ: Јас сум задоволна што се враќање во Скопје со два бода, но не сум задоволна од начинот на кој што игравме
Екипата на ЖРК Вардар вчеравечер забележа нова победа во Лигата на шампионите, овојпат против тимот на Подравка, но без оглед на тоа, тренерот Индира Кастратовиќ е незадоволна. Таа смета дека нејзиниот тим, иако триумфираше во финишот на натпреварот, нешто мора да менува во иднина. - Јас сум задоволна што се враќаме во Скопје со два бода, но не сум задоволна од начинот на...

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...