fbpx
Таг: победа

таг: победа

Кулеба повторно го повика Западот на петте чекори до победа над Русија

Западните демократски земји треба да го забрзаат процесот на донесувањето одлуки за поддршка на Украина во актуелната војна против Русија, апелираше Дмитро Кулеба, министер за надворешни работи на Украина во своето најново интервју, дадено за американската телевизија Си-ен-ен. Кулеба порача дека петте чекори што ги наброја, а очекува Западот да ги преземе, би имале многу смисла и би ѝ помогнале...

Холивудската ѕвезда Том Харди победи во шампионат во бразилско Џиу Џицу

Филмската ѕвезда Том Харди победи на Отвореното првенство „Бразилиан Џиу Џитцу“ кое се одржа изминатиот викенд, пренесе Си-ен-ен. 45-годишниот англиски актер  ги шокираше сите кога се појави на РЕОРГ (REORG) опен џиу џицу минатиот месец и го однесе златниот медал во категоријата. Харди сега повторно изненади на турнирот во Милтон Кејнс и доминираше над своите противници. На фотографијата која е објавена на...

Младиот тенисер Калин Ивановски ќе игра во јуниорското четвртфинале на Вимблдон

Младиот тенисер Калин Ивановски (18) покажал одлична игра и бил подобар од својот противник од Литванија Eдас Бутливас, а тоа го потврдил со убедливиот триумф во третиот сет кој го добил со максимални 6:0. Со ова, тој обезбедил пласман во четвртфиналето на Вимблдон. Ивановски, во конкуренција на јуниорите, имал 38 винери наспроти 25 на Бутливас. Во четвртфиналето, Ивановски го чека...

ФФМ повика на прослава: Се гледаме денеска на плоштад „Македонија“

Фудбалската федерација на Македонија преку Фејсбук денеска ги повика граѓаните повторно да се соберат на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје. Прославата за дочекот на репрезентацијата на Македонија попладнево ќе започне во 18:30 часот. Според досегашните информации, фудбалската репрезентација на Македонија ќе пристигне околу 17:30 часот со летот од Палермо, по што фудбалерите ќе се упатат кон центарот на Скопје. Сепак,...

Македонскиот кантерстрајк тим победи на Светското првенство во Израел

Слика од победниците во Кантерстрајк
Македонската „Кантер страјк: Глобал офенсив“ (Counter Strike:Global Offensive) репрезентација го освои Светското првенство на Меѓународната еспорт федерација. Тие успеаја да го победат тимот на Романија во финалето, откако претходно во полуфиналето ја совладаа украинската репрезентација. Составот за CS:GO репрезентацијата од актуелните светски прваци е следен: Јане “aidKiT” Апостолоски, Дамјан “kyxsan” Стоилковски, Александар “CacaNito” Ќулукоски, Павле “stYleEeZ” Стојановски и Кристијан “fodor”...

(Фото) Незаборавен триумф над Исланд на Македонската фудбалска репрезентација

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје го победи Исланд со 3 – 1. Со овој резултат кој е еден од најуспешните мундијалски квалификации од осамостојувањето нашите момци се изборија за пласман во баражот за Светското првенство во 2022 година во Катар. Македонија поведе во седмата минута со голот на Езџан Алиоски. Исланд израмни во 54 минута со голот на Јон...

Али Ахмети на прес-конференција објави победа на ДУИ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на прес-конференција во седиштето на партијата рече дека ДУИ победи и на овие избори, пренесува Порталб.мк „Во Липково имаме одличен резултат, во Сарај, Пласница. ДУИ води во Тетово, Чаир, Кичево, Струга, Желино, Теарце, Боговиње, Арачиново, Долнени. Во Дебар, Чашка и Врапчиште одиме во втор круг“, рече тој. Тој исто така дополни ДУИ има одличен резултат и...

Мицкоски преку социјалните мрежи прогласи победа на локалните избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва објави порака со честитка до гласачите и прогласи победа на локалните избори. „Народот е определен. Надежта e родена. За секој човек во Македонија. Заеднички за новата иднина. Победа и голема одговорност! Ви благодарам народе на Македонија!“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Вучиќ ветува победа над корона вирусот, а ветувањата пукаат како балони

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до...

Орбан ја загуби Будимпешта на локалните избори во Унгарија

За прв пат по доаѓањето на власт во 2010 година, Виктор Орбан претрпе значаен пораз од унгарските опозиционери. Либералот Гергели Карашони е нов градоначалник на Будимпешта, кој на вчерашните локални избори освои над 50 отсто од гласовите и се најде пред кандидатот на владејачката партија Фидес, Иштван Тарлос. Според првичните резултати на изборната комисија, опозицијата освои и 17 делегати во...

Заев му ја честитал победата на Мицотакис телефонски

Премиерот Зоран Заев телефонски му честитал на новиот премиер на Грција, Киријакос Мицотакис за победата на изборите во Грција. „Му честитав за победата на изборите и посакав просперитет и благосостојба на нашиот сосед Грција и на грчкиот народ. Заеднички изразивме надеж за продолжување на соработката меѓу Северна Македонија и Грција, во очекување на нашата прва средба како премиери. Ги потврдив...

Хелсиншки бара да се казни поттикнувањето на насилство и ширењето меѓуетничка омраза

По повод вчерашната прослава на победата на ракометниот клуб „Вардар” до Хелсиншкиот комитет за човекови права пристигнаа голем број пријави за регистриран говор на омраза од страна на навивачките групи на градскиот плоштад и на социјалните медиуми, информираат од таму. „Исто така, забележан е говор на омраза и во другите градови во државата. Сите пријави се уредно регистрирани од страна...

Честитки до Пендаровски од Столтенберг, Хан и Курц

Честитки за новиот претседател, Стево Пендаровски, стигнаа и од еврокомесарот Јоханес Хан, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, но и од австрискиот канцелар Себастиан Курц. „Со нетрпение очекувам континуирана соработка за ЕУ-агендата во контекст на минатогодишните заклучоци на Советот кои го отворија патот кон старт на преговорите за членство во јуни“, напиша Хан на Твитер, додавајќи дека Македонија може да...

Пендаровски очекува убедлива победа

Очекувам уште поубедлива победа во вториот круг, затоа што оние категории на луѓе кои останаа дома во првиот круг или оние луѓе кои гласаа за противкандидатот Река, кој ја заврши својата трка во првиот изборен круг, еден дел од нив очекувам дека ќе излезат на биралиштата и ќе гласаат, рече претседателскиот кандидат Стево Пендаровски по денешното гласање. Тој нагласи дека...

„Вистиномер“: Мицкоски прогласи изборна победа со помалку освоени гласови од противникот

Откако Државната изборна комисија објави прелиминарни резултати од гласањето во рамки на првиот круг од претседателските избори, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, прогласи изборна победа, што всушност претставува невистинито тврдење од проста причина што бројките говорат нешто спротивно, оценува „Вистиномер.мк“. „Но, тоа е спротивно на официјалните податоци од спроведените избори, кои покажуваат дека Силјановска – Давкова освоила помал број на гласови во споредба...

Кандидатот на ДУИ победи во Дебар, Охрид и Ново Село одат во втор круг

Фото: Борче Поповски
Хекуран Дука, кандидатот на ДУИ, е нов градоначалник на Дебар. Тој на вчерашните вонредни локални избори за градоначалник освои над 50 отсто од гласовите пред противкандидатот Арбен Аголи од Алијансата за Албанците. За разлика од Дебар, во Охрид и во Ново Село ќе има втор круг на гласање. Во Охрид според податоците од изборниот штаб на Константин Георгиески, кандидатот на...

Иванов телефонски му ја честитал победата на Ердоган

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, телефонски му ја честитал победата на неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган на предвремените претседателски и парламентарни избори во Турција и му посакал успешно извршување на претседателската функција, информираат од кабинетот на Иванов. Во телефонскиот разговор биле разменети мислења за актуелните политички случувања во двете земји, при што претседателот Иванов се заблагодарил за сета...

Заев и Мицкоски им честитаа на ракометарите за победата над Словенија

Преку своите профили, премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчеравечер им ја честитаа победата на македонските ракометни репрезентативци кои со победа над машката репрезентација над Словенија од 25:24 ги почна настапите на Европското првенство што се одржува во Хрватска. „Одличен почеток на нашата репрезентација на Европското првенство во ракомет. Вие сте нашата гордост и заедно се радуваме...

Ирак објави победа во војната против Исламска држава

Ирак денеска објави дека војната против Исламска држава (ИД) е завршена, по повеќе од три години воени операции со кои припадниците на терористичката ораганизација се изгонети од териториите во Ирак што ги беа окупирале. Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади прогласи дека ирачките вооружени сили целосно ја контролираат границата со Сирија, а владиниот портпарол појасни дека овој развој на настаните значи...

Бочварски прогласи победа во Штип со 1.700 гласа повеќе од Захариев

Кандидатот за градоначалник на Штип, Благој Бочварски, вечерва прогласи победа по вториот круг од локалните избори. Според Бочварски, разликата меѓу него и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Илчо Захариев, била 1.700 гласа. Бочварски истакна дека промената се должи на тоа што граѓаните по првиот круг ја почувствувале слободата и одлучиле масовно да излезат. Тој истакна дека локалната власт во заминување вршела притисоци, но...

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...