fbpx
Таг: ПМ2.5

таг: ПМ2.5

Македонија е втора најзагадена држава во Европа, според годишниот извештај на IQAir

Само седум земји го исполнуваат меѓународниот стандард за квалитет на воздухот, при што смртоносното загадување на воздухот на места се влошува поради враќањето на економската активност и токсичното влијание на чадот од шумските пожари, се вели во новиот извештај на веб-страницата која го мери квалитетот на воздухот IQAir. Северна Македонија, после Босна и Херцеговина, е најзагадената земја во Европа, според...

Смртноста поради ПМ 2,5 честичките двојно повисока на Балканот отколку во ЕУ

Во земјите од Западен Балкан смртноста поради загадувањето со ПМ 2,5 честичките е речиси двојно поголема отколку во земјите во Европската Унија. Ова го покажа ново истражување објавено во декември 2023 година во списанието Environment International, спроведено од Joint Research Centre на Европската Унија (JRC) во Испра, Италија, со меѓународен тим на истражувачи од Италија, Холандија, Белгија, Србија и...

Скопјани во декември се изнадишаа позагаден воздух во споредба со 2022 [инфографик]

Скопје го одбележа екстремно загаден воздух на крајот на 2023 година, а податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат дека квалитетот на воздухот во декември 2023 бил полош во споредба со истиот месец од 2022 година. Како и во сиот изминат период, квалитетот на воздухот минатиот месец бил најзагрижувачки на мерната станица...

МЖССП: Прекинат прагот на алармирање поради аерозагадувањето во Скопје и Струмица

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска информираше дека се прекинуваат мерките и препораките за заштита од аерозагадување при надминат праг на алармирање. Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 04.01.2024, среднодневните концентрации на ПМ-10 честички биле под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за ПМ-10 честички...

Скопје конечно под прагот на алармирање поради нечистиот воздух

Скопјани вчера за првпат по повеќе од една недела дишеле концентрации на ПМ-10 честички во воздухот што биле под 150 микрограми на метар кубен. Квалитетот на воздухот на сите мерни станици бил под прагот на алармирање, покажуваат податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на квалитетот на воздухот на Министерството за животна средина. Прагот на алармирање во Скопје беше вклучен...

Магла, чемер и јад во Скопје – Новогодишните празници ќе ги дочекаме со смог

Доколку сè уште не сте купиле новогодишен поклон за најблиските, еден од подароците што сигурно ќе ги израдува славениците се маски против аерозагадување. За оние граѓани кои ќе останат во Скопје за продолжениот викенд што следи, рано предупредување утрово пристигна од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) дека денес и во следните денови по котлините ќе има појава на магла...

Во Центар и Карпош 15 месеци се расипани инструментите што мерат ПМ-2,5 честички [инфографик]

Веќе 15 месеци, од октомври минатата година, граѓаните на Скопје кои живеат во Центар и во Карпош воопшто немаат податоци за концентрациите на ПМ-2,5 честичките во воздухот што го дишат. Во екот на сезоната на најголемата загаденост, мерните станици на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентниот воздух во овие две општини втора година по ред не функционираат....

Четврти ден по ред дишеме смог, дождот не го прочисти воздухот

Високото ниво на загадување на воздухот продолжува низ целата земја. И покрај врнежите од дожд, квалитетот на воздухот што го дишеме и утрово е на незадоволително ниво. Во Струмица и Кичево и понатаму на сила се препораките и мерките против аерозагадувањето поради надминатиот праг на алармирање поради присуство на ПМ-10 честички во воздухот од над 150 микрограми на метар...

Скопје се гуши во смог: Во Гази Баба, Лисиче и Центар измерени ПМ-10 честички и до четири пати над дозволеното

Концентрациите на загадувачки супстанци во воздухот во Скопје го вклучија алармот од високо аерозагадување. Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух на Министерството за животна средина информира дека е надминат прагот на информирање кај ПМ-10 честичките на мерните места во Скопје - Центар, Гази Баба, Ѓорче Петров, како и во Тетово, Прилеп и Кавадарци. Утрово стигна соопштение...

Скопје се разбуди во магла и со високо ниво на аерозагадување

Главниот град утрово се разбуди во магла, а граѓаните се соочени со високо ниво на аерозагадување. Најзагаден воздух утрово во Скопје се дише во центарот на градот, каде мерната станица во 10 часот утрово измерила многу високо ниво на загадување - концентрации на ПМ-10 честички од дури 189,51 микрограми на метар кубен. Инаку, дозволената концентрација во воздухот на овие...

Скопје утрово на листата на 10-те најзагадени градови во светот

Воздухот во Скопје утрово е нездрав. Македонскиот главен град утрово се наоѓа на листата на 10-те најзагадени градови во светот, според рангирањето направено од IQ Air. Податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитетот на воздухот на Министерството за животна средина покажуваат дека присуството на ПМ-10 честички во воздухот е над максимално дозволената среднодневна концентрација од 50 микрограми на...

За Центар и Карпош есенва нема податоци за загадениот воздух со ПМ-2.5 честички [инфографик]

Есенва немаме податоци за присуството на опасните ПМ-2.5 честички за централните скопски општини Центар и Карпош. Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух на Министерството за животна средина и просторно планирање не дава целосни податоци за сите загадувачки супстанци за аерозагадувањето во Скопје, а кои го мерат инсталираните мерни станици. И покрај ова, достапните податоци покажуваат дека скопјани...

Отровниот воздух убил повеќе од 500.000 луѓе во ЕУ во 2021 година

Нечистиот воздух убил повеќе од половина милион луѓе во Европската Унија во 2021 година, покажуваат проценките што ги пренесува „Гардијан“. Околу половина од смртните случаи можело да се избегнат со намалување на загадувањето до границите препорачани од лекарите. За првпат, Европската агенција за животна средина го процени целосниот товар на болести што ги носи загадениот воздух. Истражувачите откриваат и колку...

Извештаите за загадувањето на скопскиот воздух преполни со недостатоци [инфографик]

Квалитетот на воздухот на мерните станици Центар и Карпош е непознат за февруари 2023 година во делот на најопасните ПМ-2.5 честички, бидејќи во редовниот месечен извештај воопшто нема податоци за тоа, колкаво било присуството на овие загадувачки супстанци во скопскиот воздух. Случајно или не, податоците се неверодостојни и за традиционално најзагадената локација во Скопје - мерното место Лисиче. Во...

Скопскиот воздух во јануари: Центар опасно му се приближува на рекордерот Лисиче во аерозагадувањето [инфографик]

Чистиот воздух бил мислена именка за Скопје и во изминатиов јануари. Измерените податоци за квалитетот на воздухот покажуваат голем број на денови во кои се надминати дозволените среднодневни вредности на ПМ-2.5 и ПМ-10 честички во воздухот. Споредено со јануари 2022 година, годинава имало нешто помал број на денови кога било надминато максималното дозволено загадување од 50 микрограми ПМ-10 на...

Дваесет отсто од смртните случаи во земјава се последица на аерозагадувањето

Во Македонија речиси 20 отсто од смртните случаи се поврзани со аерозагадувањето. Ова го покажала анализата на Институтот за јавно здравје насловена како „Процена на здравствени ризици од аерозагадување со суспендирани честички“, на која работела доцент д-р Мирјана Димовска од овој Институт. За тоа, што му прават ПМ-2,5 честичките на организмот, кои болести се поврзани со аерозагадувањето, како да...

Во Скопје минатиот месец се изнадишавме поопасен воздух во однос на декември 2021 [инфографик]

Наместо да има подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје, со текот на времето бележиме поопасен воздух што го дишеме. Главниот град во текот на минатиот месец дишеше поопасен воздух во споредба со декември 2021 година, со поголем број на денови кога се надминати дозволените среднодневни концентрации на ПМ-10 и ПМ-2.5 честички во воздухот, покажуваат резултатите од мерењата на...

За Центар и Карпош есенва не се мери аерозагадувањето со ПМ 2,5 честички, Лисиче со мистериозни податоци [инфографик]

Сезоната на аерозагадување во Скопје почна, а податоците од мерните станици за Центар и Карпош за ПМ 2.5 честичките ги нема во месечните извештаи на Министерството за животна средина и просторно планирање. За октомври и ноември 2022 година нема податоци за најопасните загадувачки честички, додека за традиционално најзагаденото место во Скопје - мерната станица Лисиче, мистериозно за двата месеца...

Изминатава зима имало драстични разлики во присуството на ПМ-2,5 честичките во делови на Скопје [инфографик]

Драстични разлики во мерењето на опасните ПМ-2,5 честички се регистрирани од мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање во одредени делови од Скопје. Истовремено, ПМ-10 честичките остануваат проблем за граѓаните на целиот град, покажуваат месечните извештаи за аерозагадувањето во Скопје за февруари и март 2022 година што се изработени од ова министерство. Мерните станици покажале дека во...

Зимава во Карпош воздухот бил најчист, додека Лисиче, Ректорат и Гази Баба најзагадени [инфографик]

Проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје останува актуелен, но бројот на денови со нечист воздух и измерените загадувачки концентрации изминатава зима се нешто помали во споредба со претходната зима, особено кај најопасните ПМ 2.5 честички. Во текот на декември 2021 и јануари 2022 година од петте постојани мерни станици во Скопје, произлегува дека најчист воздух дишат граѓаните на...

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...