fbpx
Таг: ПМ10-честички

таг: ПМ10-честички

Загаден воздух во сите скопски општини – во Лисиче речиси 10 пати над дозволеното

Нивото на загадување во сите скопски општини во изминатите 24 часа било над дозволеното, покажуваат мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање. Според мерните станици, најголема загаденост во изминатото деноноќие е забележано во Лисиче, каде вчера во 18 часот биле измерени 486 микрограми на метар кубен ПМ10 честички. Во општина Центар, вчера во девет часот биле измерени...

Вечерва многу високо ниво на загадување на воздухот во Карпош и во Лисиче

Мерните станици во скопските општини Карпош и Лисиче вечерва покажуваат многу високо ниво на загадување на воздухот, а се чувстува и смрдеа на запалено. Канцерогените ПМ10-честички во Карпош вечерва достигнаа 222 микрограми на еден кубен метар, а во Лисиче 229 микрограми, што е за речиси пет пати повеќе од дозволените 50 микрограми на еден кубен метар. Многу високо ниво е измерено...

Дождот и ветрот го исчистија воздухот

Сите мерни станици на Министерството за животна средина за квалитетот на воздухот покажуваат драстично намалување на аерозагадувањето во последните неколку дена во споредба со изминатиот викенд. Поради засилениот ветер и врнежите од дожд, утринава сите мерни станици покажуваат многу ниско или ниско ниво на загадување, освен мерната станица во Лисиче, која покажува средно ниво на аерозагадување. Мерната станица во Центар утрово...

Високо ниво на загаденост на воздухот кај Ректорат, во Гази Баба и во Лисиче

Средно ниво на загадување со ПМ2,5-честички утрово во 8 часот е регистрирано на мерните станици во Центар и во Карпош, кои се единствените две мерни станици во земјава што го мерат овој загадувач. Според податоците од веб-страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање, мерната станица во Центар регистрирала околу 75 микрограми ПМ2,5-честички на еден кубен метар воздух, со...

Нов пораст на загаденоста на воздухот во Скопје – најмногу ПМ10-честички во Лисиче

Попладнево најзагадена скопска станица е Лисиче. Според податоците на мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање во 18 часот концентрацијата на ПМ10-честичките во Лисиче била 576,32 микрограми на метар кубен, во Гази Баба 547, кај Ректорат 520,01, во Карпош 379 и во Миладиновци 223,40. Синоќа мерните станици измерија рекордна загаденост во општина Карпош, каде нивото на ПМ10-честичките...

Ниска температура и енормно висока загаденост во целата земја

Нивото на загадување на амбиенталниот воздух, и покрај ветерот и снегот деновиве, повторно достигнува висока концентрација која многукратно ја надминува дозволената гранична вредност. Ниската температура придонесува за зголемено користење на огревен материјал и за почесто користење на автомобилите, кои се едни од најчестите предизвикувачи на загадување на воздухот. Утринава мерната станица во Карпош покажуваше многу висока концентрација на ПМ10-честичките, односно измери 421 микрограм...

Скопје деновиве се задушува дури 20 пати повеќе од дозволеното

Изминатите денови сите мерни станици во Скопје, но и во Тетово, Битола и во Куманово константно покажуваат екстремно високо ниво на загадување на воздухот. Утринава многу високо ниво на канцерогените ПМ10-честички беше измерено во скопските општини Центар, Лисиче, Гази Баба и на мерната станица кај Ректорат. Еден степен помало загадување, односно високо, е измерено во Карпош. Високо ниво на ПМ10-честиките...

Дождот привремено го намали загадувањето

Високото ниво на загаденост на амбиенталниот воздух во последните два дена е намалено како резултат на врнежите од дожд и на ветерот. Речиси сите мерни станици на Министерството за животна средина покажуваат многу ниско присуство на канцерогените ПМ10-честички и ПМ2,5-честички. Единствено мерната станица во Битола покажува средно ниво на загадување. Во скопски Центар синоќа, во 22 часот, беа измерени 300 микрограми...

Скопје синоќа дишеше воздух седумпати позагаден од дозволеното

Многу високо и високо ниво на загадување на амбиенталниот воздух утринава покажуваат сите мерни станици на Министерството за животна средина. Во Скопскиот Регион многу високо ниво на канцерогените ПМ10-частички има во Лисиче, каде утринава се измерени 225 микрограми честички на еден кубен метар, што е за 4,5 пати повеќе од дозволените 50 микрограми. Мерните станици во Центар, Карпош, Гази Баба и Ректорат...

Карпошани утринава дишат многу загаден воздух

Во општина Карпош денеска измерено е многу високо ниво на загаденост на воздухот. Канцерогените ПМ10-честички утринава достигнаа 120 микрограми на еден кубен метар, што е за 2,5 пати повеќе од дозволените 50 микрограми. Во Карпош, многу високо ниво има и на ПМ2,5-честички, кои денеска достигнаа 200 микрограми на еден кубен метар, што е за 8 пати повеќе од дозволените 25 микрограми. На мерните станици...

Во Тетово и во Лисиче вчера и денеска екстремно загадено

Многу високо ниво на аерозагадуваење утринава е измерено во скопските населби Центар и Карпош и во Тетово. Високо ниво на концентрација на канцерогените честички ПМ10 измерено е во Лисиче, Гази Баба, Битола и во Кичево. Средно ниво на аерозагадување забележано е во Миладиновце, Велес и во Кочани. Синоќа концентрацијата на честичките ПМ10 во Лисиче достигна 850 микрограми на еден кубен метар, што е...

Утрово најзагадено во Центар, Битола и Тетово

Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање во скопската општина Центар, во Битола и во Тетово покажуваат многу високо ниво на загадување на воздухот. Во Лисиче, Гази Баба, Ректорат, Кичево и во Велес мерните станции покажуваат високо ниво на концентрација на канцерогените честички ПМ10, а средно ниво на загаденост утринава има во Миладиновце, Кочани и во Кавадрци. Во...

Викендов тетовци дишеа екстремно загаден воздух

Изминатиов викенд тетовци дишеа екстремно загаден воздух. Во вечерните часови, концетрацијата на честичките ПМ10 беше 12 пати поголема од дозволената. Студеното време и големото аерозагадување беа причина голем број граѓани овие два дена да останат во своите домови. Од тетовскиот инспекторат за животна средина велат дека граѓаните најчесто пријавуваат палење на мали депонии, но и неконтролирано чадење на одделни фабрики за...

30 отсто од заболените од грип во Македонија се од Тетовско

Центарот за јавно здравје Тетово има регистрирано 376 лица заболени од сезонски грип или 30 отсто од вкупниот број заболени на територијата на целата земја. Лекарите велат дека аерозагадувањето многу придонесува за порастот на бројката на лица заболени од сезонски грип. Суспендираните честички од прав со големина до 10 микрометри се способни да навлезат во респираторниот систем и да го...

Снегот и ветерот го намалија загадувањето на воздухот

Врнежите од снег и ветерот го намалија загадувањето на воздухот што изминатите неколку дена имаше многу високо ниво на канцерогени ПМ10-честички. Во скопските населби Центар и Карпош, како и во Битола, Кичево и во Тетово денеска загадувањето е на високо ниво, а во Лисиче, Гази Баба, Велес и во Кочани измерено е средно ниво на загадување. Во 13 часот, во Центар измерени...

И без „Југохром“ воздухот во Тетово e екстремно загаден

Воздухот во Тетово синоќа беше загаден 17 пати повеќе од дозволеното. Мерните станици на Министерството за животна средина измерија 857 микрограми ПМ10-честички на еден кубен метар. Затворањето на „Југохром“ не придонесе за намалување на аерозагадувањето, иако комбинатот на протестите против загадениот воздух, беше посочуван како најголем загадувач на воздухот. Фабриката на 31 декември ги исклучи печките. Оттаму соопштија дека нема да...

Загаден воздухот во Тетово, Кичево, Скопје и во Велес

Мерните станици за квалитетот на воздухот денеска покажаа дека жителите на Тетово, Кичево, Скопје и на Велес дишат загаден воздух, со високи концентрации на честичките ПМ10. Според мерењата што ги врши Министерството за животна средина и просторно планирање, денеска најзагаден град во Македонија е Тетово, каде концентрацијата на честичките ПМ10 изнесува 163 микрограми на еден кубен метар, а веднаш зад него е...

В понеделник пред Влада, протест „Излези за воздух“

Повеќе еколошки здруженија в понеделник, во 17 часот, пред Влада, под мотото „Излези за воздух“, организираат протест против енормното загадување на воздухот. „Времето нè гази, а воздухот и понатаму ни ги зема здивот и животот. Немаме време за чекање, болестите и смртта нè демнат и нас и нашите блиски и нашите деца! Доста е! Се здруживме и одлучивме дека ќе...

Скопје, Тетово, Битола, Велес и Кавадарци дишат многу загаден воздух

Сите мерни станици во Скопје, мерните станици во Тетово, Битола, Велес и во Кавадарци вечерва покажуваа многу високо ниво на загаденост, а во Кочани и во Кичево измерено е високо ниво на загадување на амбиенталниот воздух. На мерната станица во скопската наелба Лисиче, во 20 часот, канцерогените ПМ10-честички изнесувале 375 микрограми на еден кубен метар, што е петпати повеќе од...

Загаденоста во Тетово вчера – 20 пати над дозволеното, во Лисиче – 17 пати

Утринава и изминатата ноќ, амбиенталниот воздух достигна рекордни нивоа на загаденост и екстремно високи нивоа на канцерогените честички ПМ10. Во 8 часот утринава, многу високо ниво на ПМ10-честичките беше забележано во скопските населби Лисиче и Гази Баба, како и во Битола и во Тетово. Високо ниво на аерозагадување беше измерено во Центар, Миладиновци, Кичево, Кочани и во Велес. Мерната станица...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...