fbpx
Таг: ПМ честички

таг: ПМ честички

Скопје повторно меѓу најзагадените градови во светот, половина од мерните станици не работат

Скопје е повторно меѓу десетте градови со најзагаден воздух во светот. Вредностите на ПМ 10 честичките денеска, според страницата IQAir, се оценети со 153 на скалата на AQI индексот за квалитет на воздухот, според кој вредностите од 150 до 200 се сметаат за нездрави за целата популација. Препораките во вакви случаи се задолжително да се носи маска надвор од...

РЕК Битола и Осломеј загадуваат шест пати над дозволеното, покажува извештајот на CEE Bankwatch Network

Електраните што користат јаглен сè уште загадуваат со огромни количини прашина и сулфур диоксид, а РЕК Битола и Осломеј и понатаму се меѓу најголемите загадувачи во регионот, но и во Европа, покажува новиот извештај на CEE Bankwatch Network. Вкупните емисии на сулфур диоксид од Осломеј и Битола минатата година, кога поради недостатокот на гориво и дефектите, вкупните работни часови на...

Вистиномер: Тетовци никако да ги наполнат градите со чист воздух, градот под Шара најзагаден во свет

Локалните власти во Тетово, од она што се гледа на терен, немаат спроведено активности за намалување на аерозагадувањето. Погрешните политки со дозволи за градби, индиферентниот однос кон узурпаторите, дивите депонии, придонесоа Тетово да биде број еден загаден град во светот. Сегашната локална власт, пак, во својата предизборна програма вети дека ќе се залага за обновливи извори на енергија, фабрика за...

За да има подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје, потребни се повеќе средства и построга контрола на загадувачите

За да има видливо подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје во период од 2 до 3 години, потребни се храбри и сеопфатни активности за решавање на проблемот со аерозагадувањето, а не минорни средства во буџетите што се издвојуваат секоја година за оваа намена. Приоритет треба да биде намалувањето на загадувањето со ПМ честички, и тоа оние што се...

Дрвата се најголем загадувач, а на нив се греат 40 отсто од градските и над 80 отсто од руралните домаќинства

Дрвото е најголем загадувач на воздухот во градовите, особено во зимските месеци, сепак, најголем дел од домаќинствата, особено оние од руралните средини, го користат овој енергенс за затоплување на своите домови. Огревното дрво во земјава се употребува кај околу 40 проценти од домаќинствата во градовите и кај 85 проценти во руралните општини. Екологистите и експертите за климатски промени препорачуваат...

Пеш или на велосипед кога е чисто, во автобус кога е загадено се најдобрите опции за што помала изложеност на ПМ честички

Пешачење или возење велосипед е најдобрата опција за движење кога загадувањето на воздухот е мало, но и обратно, тоа се најризичните изложувања на ПМ честичките кога аерозагадувањето е во високи концентрации, покажува истражувањето експертски тим на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип во соработка со Центарот за климатски промени, во кое се испитуваше персоналната изложеност на загадување на луѓето на...

Промовирана софтверската алатка „ПМ аларм” за прогноза на аерозагадувањето

Во рамки на активностите на „Планот за чист воздух за 2020 година“, денес на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје се одржа јавна презентација на софтверската алатка за прогноза на аерозагадувањето „ПМ аларм”, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање. „ПМ аларм” e систем за прогноза на аерозагадувањето,...

Ќе се менува застарениот правилник за граничните вредности на загадувачите

Ќе се менува Правилникот за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационарните извори во воздухот, кој содржи контрадикторни одредби и во голема мерка го блокира ефикасното постапување на инспекторите за животна средина кон помалите загадувачи на воздухот, најавува Министерство за животна средина. - Формиравме работна група...

Необележана депонија со 8.000 тони канцероген линдан од ОХИС ја труе околината на Драчево

Во околината на Драчево, во месноста Пеленица, постои илегална депонија на која се наоѓаат неколку илјади тони токсичен отпад линдан, потврдуваат за „Мета“ од Министерството за животна средина. Депонијата, е необележана, неоградена и не постои знак кој информира дека на тоа место се наоѓа токсичен канцероген отпад кој влијае и на животната средина, но и на човековото здравје. Линданот на...

Старите возила загадуваат „со петта брзина“, власта мора итно да крене рачна (видео)

video
Користените возила донесени од странство од либерализацијата на нивниот увоз во март 2010 година ја преплавија Македонија, драстично го зголемија вкупниот број возила, а поради тоа што главно се увезуваа дизел автомобили, од пет наспрема еден претходно во корист на бензинските мотори, сега ситуацијата кај автомобилите е донесена во сооднос еден спрема еден. Тоа носи бројни ризици за состојбата...

Домаќинствата се виновни за 90 отсто од вкупните емисии на ПМ честички

Загревањето на домаќинствата придонесува со најголема количина на ПМ емисии односно дури 90 отсто доаѓаат од овој сектор, а само 10 отсто доаѓаат од транспортот. Кај емисиите на нитроген оксид (NOx) главен виновник е транспортниот сектор кој учествува со 60 отсто од емисиите. Ова го покажуваат студиите на истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој при МАНУ кој ги...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...