!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Денеска се одржува 31. Охридски пливачки маратон


Охрид, 19 август, 2017 - 12:57 (META) 

Денеска се одржува 31. Охридски пливачки маратон, на кој, за титулите во машка и во женска конкуренција се борат 15 пливачи и седум пливачки.

Патеката „Климе Савин“ на охридскиот маратон e долга 30 километри, започнува од манастирот „Свети Наум“ и завршува на градското пристаниште во Охрид.

Неприкосновен шампион во машка конкуренција со години беше Петар Стојчев од Бугарија со дури 11 победи. Минатата година златото го освои македонскиот пливач, Томи Стефановски.

Главен покровител на охридскиот пливачки маратон е претседателот на Република Македонија, а организатори се Меѓународната пливачка федерација (ФИНА) и Пливачката федерација на Република Македонија. Годинава како координатор се вклучува и Општина Охрид.


Ограбени американските олимпиjци во Бразил


Рио де Женаиро, 15 август, 2016 - 10:09 (META) 

Четворица американски пливачи, меѓу кои и освојувачот на златната олимписка медала, Рајан Лохре, се ограбени во Рио де Женаиро откако биле пресретнати од вооружени напаѓачи кои им се заканиле со пиштол.

Лохте за телевизиската мрежа „Ен-би-си“ раскажал дека претходната ноќ се враќал во Олимпиското село од забава на француската делегација, кога вооружени мажи кои имале полициски обележја го запреле нивното такси.

Криминалците од пливачите побарале да им ги предадат парите и другите вредност и да легнат на земја, што Лохте, како што вели, одбил.

– Момче извлекол пиштол и ми го ставил на чело велејќи ми да легнам. Дигнав раце во вис. Ни ги зеде парите, паричниците, но ми ги остави мобилниот телефон и кредитните картички – вели 32-годишниот Лохте.

Безбедноста е најголем проблем за организаторите на Олимписките игри во Бразил, кои ангажираа повеќе од 80.000 војници и полицајци на улиците на Рио.

Меѓународниот олимписки комитет првично го негираше грабежот, но Американскиот олимписки комитет ја потврди, соопштувајќи дека четворицата спортисти се на безбедно место и оти „соработуваат со властите за случајот“.