!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Еден загинат и седум повредени при експлозија во станбена зграда во Брисел


Брисел, 19 март, 2017 - 10:17 (META) 

Едно лице загинало, а седум биле повредени, од кои тројца тешко, во експлозија што вчера се случила во станбена зграда во Брисел, најверојатно поради истекување на плин, соопштило белгиското државно обвинителство, пренесува ХРТ.

„Денеска (сабота) попладне, станарите на две згради беа жртви на експлозија, по која избувна пожар. Седум лица се пренесени во две болници. Тројца се тешко повредени, меѓу кои едно двегодишно дете и 15-годишник. Во текот на вечерта во урнатините е пронајдно тело на маж“, било наведено во соопштението на белгиското државно обвинителство.

Од општината Сент Жил, во која се случила несреќата, за белгиските телевизии РТЛ и РТБФ изјавиле дека „најверојанто станува збор за несреќен случај поврзан со истекување на плин“.

Белгиските безбедносни сили се постојано на готовс, а секој инцидент предизвикува големо интересирање кај медиумите, откако на 22 март минатата година Брисел беше цел на најголемиот терористички напад во својата историја, во кој 32 лица загинаа, а 320 беа ранети во метрото и на бриселскиот аеродром.


Силна експлозија во Дижон, повеќе лица повредени


Дижон, 16 септември, 2016 - 10:55 (META) 

Најмалку девет лица се повредени во силна експлозија која се случила во францускиот град Дижон, јавуваат светските медиуми.

Според локалните власти, експлозијата била предизвикана од плин, а француските медиуми пренесуваат дека инцидентот се случил во близина на железничката станица.

Зградата во која се случила експлозијата се урнала, а спасувачките служби се обидуваат да ги извлечат повредените што се наоѓаат под урнатините.


Затворена пругата кај „Табановце“ поради истекување на плин од вагон-цистерна


Куманово, 25 мај, 2016 - 13:10 (META) 

Железничкиот сообраќај на граничниот премин „Табановце“ од утрово е во прекин поради истекување на плин од вагон-цистерна, информираат од МВР.

Според полицијата, железничкиот сообраќај бил прекинат околу 4 часот, откако на преминот од Србија во земјава влегол воз со композиција од 16 вагони, од кои шест вагон-цистерни со плин, а од една од нив било забележано дека испушта плин, со што била загрозена безбедноста.


Осум лица се повредени при експлозија на плинска боца во зграда во Прилеп


Прилеп, 24 јануари, 2016 - 10:35 (META) 

Осум лица се повредени, меѓу кои и еден пожарникар, по експлозија на плинска боца во зграда во Прилеп, што се случила синоќа.

По експлозијата на боцата, настанал пожар што зафатил шест станови.

Две лица биле потешко повредени, при што биле згрижени на хируршкото одделение во болницата во Прилеп. На другите им била пружена медицинска помош поради вдишување поголемо количество чад.


Поевтини гасот за автомобили


Скопје, 13 јануари, 2015 - 10:30 (META) 

Течниот гас ЛПГП, односно плинот за автомобилите, од денеска поевтинува за 3,5 денари по литар и наместо за 31,5 ќе се продава за 28 денари за еден литар.

За 5 денари пониска цена има и метанот, кој сега се продава за 43 денари за еден килограм.

Намалувањето на цената на метанот се должи на поповолниот договор што „Макпетрол“ АД – Скопје го склучи со руската компанија „Гаспром“.

Според договорот, за 5,4 денари по нормален кубен метар се намалува и цената на природниот гас за индустријата, со што наместо за 29,9 ќе се продава за 24,5 денари.