fbpx
Таг: пленум

таг: пленум

„Средношколски пленум“ го поддржа протестот на наставниците

„Средношколски пленум“ ќе го поддржи најавениот протестен марш на „Наставнички пленум“, против лошите реформи кои се воведени во образовниот процес во Македонија во последните неколку години. „Протестниот марш ќе се одржи в недела, на 31 мај, со почеток во 16 часот, со собирно место кај катната гаража „Македонска фаланга“ на улицата Св.Кирил и Методиј во Скопје, на местото на поранешниот Цветен пазар. Затоа...

„Средношколски пленум“ со протест в четврток

В четврток  „Средношколски пленум“ повторно ќе протестира. „На 23 април 2015 година, ве повикуваме заедно, сложно да кажеме „не“ на реформите кои од нас направија експериментални глувци. Да се изјасниме гласно, затоа што тишината не е решение! Ова е апел до граѓаните. Апел до учениците, родителите, наставниците и до студентите. Уште еднаш да покажеме дека и покрај вашето игнорантно однесување, пленумот цврсто...

Нова средба на пленумите со МОН за законот за високо образование

Нова средба меѓу двата пленума, претставници од Сенатот и од Министерството за образование и наука, денеска ќе се одржи во ректоратот на УКИМ. Тие на заедничка маса треба да го договорат концептот на работа за креирање сосема нов закон за високо образование. Од студентскиот и од професорскиот пленум велат дека интензивно се работи на прибирање на ставовите од сите интерни пленуми, а...

Денеска втора средба на МОН, УКИМ и на пленумите

Втора средба на работната група за високото образование, составена од претставници на сите засегнати страни – Универзитетот, Владата, МОН, и пленумите на студентите и професорите - ќе се одржи денеска во Ректоратот на скопскиот универзитет, во 14 часот. На првата официјална средба во четвртокот, која траеше речиси пет часа, беше заклучено работни групи со претставници од Универзитетот, вклучувајќи ги и „Студентски пленум“...

Официјално формиран „Студенски пленум“ на штипскиот универзитет

Два дена по објавувањето на фотографиите, со кои со транспаренти се даде поддршка за пленумците, штипските студенти и официјално формираа „Студентски пленум“. На заседанието вчера попладне бил договорен и начинот на дејствување, иако, како што изјавуваат, имаат доза на страв. На социјалната мрежа „Фејсбук“ имаат своја страница, на која напишаа дека „Студентски пленум“ при УГД е организација од и за студентите,...

„Професорски пленум“: Ќе се вклучиме во работата за подготвување нови законски решенија

„Професорски пленум“ беше дел од делегацијата која на барање на ректорот на УКИМ оствари средба со премиерот Груевски и со неговиот тим. Во долгата дебата, претставниците на професорскиот пленум, заедно со колегите и со студентите, ги афирмираа клучните забелешки и аргументи за неприменливоста на законите од областа на високото образование (ЗВО), се вели во соопштението од „Професорски пленум“. „Јавноста веќе...

„Професорски пленум“ бара одложување на законот по 2018 година

Ставот на „Професорски пленум“ е неколкупати јавно истакнат и тој ќе му биде предочен и на премиерот Груевски: разговори околу нов закон за високо образование се можни откако ќе биде одложена примената на последните законски измени на Законот за високо образование, велат од „Професорски пленум“. „Привременото одложување до 2018 година ќе даде простор и доволно време да се вклучат сите...

„Студентски пленум“ со акција за помош на настраданите во поплавите

„Студентски пленум“ денеска испрати апел за хуманитарна помош на настраданите во поплавите. „Сочувствуваме со семејствата чии домови беа поплавени, семејства кои најверојатно нема да може да заработат за леб поради поплавените земјоделски поседи, оние на кои животот им е загрозен. Ве повикуваме да се солидаризираме со настраданите семејства од поплавените региони во нашата држава. Со таа цел, утре (петок, 6 февруари) со почеток во 10...

„Професорски пленум“: Ќе посегнеме по сите правни инструменти

„Професорски пленум“, по потпишувањето на указот за Законот за високо образовани од претседателот Ѓорѓе Иванов, испрати соопштение во кое се вели дека ќе посегнат по сите правни инструменти, меѓу кои и форми на граѓанска непослушност. „Почитувани граѓани, укажуваме дека претседателот стави потпис на укази за прогласување на закони кои содржат неуставни одредби, со кои се руши автономијата на Универзитетот и...

„Студентски пленум“: Ќе бојкотираме, ќе блокираме и ќе окупираме

Сите наши писма до институциите беа отфрлени, освен тоа кај претседателот, кој ни рече дека ќе одлучи државнички. Знае ли тој како еден државник треба да го почитува Уставот, праша Ана Нешовска од „Студентски пленум“ денеска пред Собранието на Македонија. - Со овој закон се крши автономијата на Универзитетот. Ако тој се донесе, од утре ќе можеме да ги распуштиме факултетите....

„Професорски пленум“ бара Ректоратот да го демантира MOН

„Професорски пленум“ упати јавно барање до ректорот на УКИМ, проф. д-р Велимир Стојковски, да го демантира Министерството за образование и наука (МОН), дека Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ предложил, а МОН го прифатил предлогот за спроведување пилот-проект за државен испит само еден ден пред гласањето на законските измени во Собранието на РМ. Според соопштението, Ректорската управа на УКИМ одржала вонредна...

„Студентски пленум“ не сака да учествува на дебатата за законот за високо образование

„Студентски пленум“ не сака да учествува во дебата која е „про-форма“. Оттаму велат дека смешно е да се дебатира за закон кој е во второ читање. „Ниту сме повикани на ваква дебата ниту, пак, сакаме да бидеме дел од ваква дебата. Ние сакаме да дадеме лигитимитет на дебата која е само „про-форма“ на Владата само за да ги задоволи својата агенда...

„Професорски пленум“ ги образложи причините зошто нема да учествува на дебатата

Професорскиот пленум денеска преку соопштение го извести ректорот Велимир Стојковски за причините за неучество на дебатата што министерот за образование, Абдилаќим Адеми, ја организира за измените на Законот за високо образование. Во писмото се вели: „Заблагодарјувајќи се на довербата која ја укажавте на неколку претставници на „Професорски пленум“, должни сме да Ве известиме за заклучоците на вечерашната четиричасовна дебата. Во дискусија...

Стојковски: Професори од „Професорски пленум“ прифатија средба со Адеми

Ректорот Велимир Стојковски експресно одговори на писмото од „Професорски пленум“. Тој тврди дека е на страна на факултетите и на професорите, но за јавна дебата вели дека е доволна средбата со министерот и со професорите закажана за утре. Затоа немало потреба од телевизиска дебата, објави „Фокус“. Во продолжение следува писмото на ректорот: „Писмото кое го добив од вас насловено како „отворено писмо“,...

„Професорски пленум“ бара ректорот Стојковски да не оди на средба со министерот за образование

Професорите собрани во „Професорски пленум“ му упатија отворено писмо на ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Писмото ви го пренесуваме во целост: „Почитуван ректоре, проф. д-р Велимир Стојковски, Дозволете најнапред да Ви ја честитаме Новата година и да Ви посакаме среќа и успех, Вам и на целата ректорска управа. Како што веќе знаете од медиумите, како одговор на иницијативата на нашите...

„Професорски пленум“ повика на ТВ-дебата

Денеска на својата фејсбук-страница „Професорскиот пленум“ објави повик за телевизиска дебата за законот за високо образование. Повикот се однесува на поддржувачите на законот, контра-пленумците, Министерството за образование и наука и Владата, за, како што е наведено, да се соочат со аргументите.  

Двесте професори се здружија во „Контра пленум“

Двесте професори  се потпишале на иницијатива за поддршка на државниот испит. Во неа се вели дека знаењето е основната движечка сила во секоја професија, па поради тоа цврсто се убедени дека воведувањето на државниот испит во високото образование ќе ја исполни основната и единствена цел заради која се воведува. Оттаму истакнуваат дека автономијата на универзитетот секогаш била и мора да остане тесно поврзана...

В понеделник, петта студентска средба на платото пред УКИМ

„Студентски пленум“ за утре (понеделник) ја најави петтата студентска средба, прва по протестниот марш. „Понесете си топла зимска облека и топли пијалаци и в понеделник, во 18 часот, бујрум на платото на УКИМ. Донесете ги и своите идеи за идни активности на пленумот“, стои во повикот.

„Студентски пленум“: Ние имаме само една книшка, тоа е индексот

Уморни сме од оваа излишна реторика, која се обидува да даде партиска конотација на иницијативата и со тоа да ја делегетимира. „Студентски пленум“ ќе настојува да го врати нивото на академскиот дискурс, кој се базира на критичност и на аналитичност, а не на лични дисквалификации и на етикетирање, реагираат од оваа студентска организација. Пленумот, се вели во соопштението испратено до...

(ФОТОГРАФИИ) „Студентски плеунум“ постави табли на средно Водно

Студентскиот пленум не го признава СПУКМ како легитимен претставник на студентите
Студентската иницијатива „Студентски пленум“ на 4 ноември 2014 година (среда) постави табли на патот кон средно Водно за потсетување на Студентскиот парламент при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ дека треба да заземе проактивен став на темата државен испит, најавена од министерот за образование и наука, Абдулаким Адеми. - Сметаме дека СПУКМ треба да почне посериозно да ги претставува интересите на студентите на најголемиот...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...