fbpx
Таг: плажи

таг: плажи

Од Охрид СОС велат дека враќање на концесиите на плажите по старо не може да има

По вчерашната најава на новиот охридски градоначалник Кирил Пецаков дека ќе ги враќа концесиите на плажите долж Охридското езеро, денеска со реакција се јавија од граѓанската иницијатива Охрид СОС. Тие изјавата на Пецаков ја оценуваат како крајно неумесна и недолична за лице на таква одговорна функција. „Во неговата изјава гледаме еден крајно штетен однос кон Регионот исклучиво во служба на...

Мерко, Груби и Шаќири го почнаа рушењето на шест платформи на Охридското езеро во Струга

Во Струга денеска започна рушењето на сите шест платформи изградени на брегот на Охридското езеро. Вицепремиерот Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко најавија дека настанот претставува имплементација на „зелената агенда“ на ДУИ и дека се врши низ конструктивен дијалог меѓу општинските власти од Струга и бизнис заедницата. И покрај...

Георгиевски ги демантира менаџерите на „Куба Либре“: Истече времето на незаконско работење на плажите

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, целосно ги демантира тврдењата на адвокатите и на менаџерскиот тим на фирмата, поранешен концесионер на плажата „Куба Либре", дека не добила известување за отстранување на бесправните објекти во кои обавуваат угостителска дејност. Тој на својот фејсбук објави дека решението за отстранување на објектите е издадено уште во 2017 година, а последното известување за отстранување...

Во очекување на Конечниот извештај на УНЕСКО за Охридскиот регион, во Охрид се уредува крајбрежјето

Во пресрет на Конечниот извештај на УНЕСКО за Охридскиот регион што треба да биде објавен на 4 јуни, охридскиот градоначалник Константин Георгиески денеска на прес-конференција објаснуваше што се презема за отстранување на бесправно изградените објекти и за уредување на крајбрежјето на Охридското езеро. Иако досегашните најави се дека претстојниот извештај на УНЕСКО ќе содржи сериозни критики и ќе влијае на...

Охрид ќе добие од буџетот 97 илјади евра за отстранување на дивоградбите, според препораките на УНЕСКО

Општина Охрид од буџетот на државата ќе добие шест милиони денари или 97 илјади евра за да ги спроведе препораките од УНЕСКО за решавање на проблемот со дивоградбите. На последната 24. седница на Владата на РСМ, донесена е и одлука и за распределба на средства обезбедени во потпрограма 30-Урбанизам и градежништво, за капитални дотации во единиците на локалната самоуправа...

За продолжениот викенд во Охрид регистрирани 409 прекршоци за неносење заштитна маска

„Светото тројство“ периодов - носење заштитна маска на лицето, држење дистанца и дезинфекција на рацете се чини дека викендов во најголема мера не беше испочитувано во туристичките места каде имаше големи собири на луѓе поради продолжениот празничен викенд. Јавноста за ова се увери преку социјалните мрежи каде што се споделија фотографии од преполните охридски плажи, кафулиња, центарот на градот,...

Крајбрежјето на Охридско Езеро се затрупува со смет во викендите, ентузијастите чистат (ГАЛЕРИЈА)

Сезоната на Охридското Езеро веќе почна, а со неа доаѓаат и некои грди сцени, кога многу места остануваат затрупани во отпад оставен од капачите. За среќа, Охрид има ентузијасти кои посветуваат време и енергија за крајбрежјето да не се гуши во отпад. Екипата на „Чист Охрид“ викендов вторпат во две седмици одржа акција за чистење од комунален отпад, овој...

На плажа и базен со физичка дистанца, во кафулиња и ресторани на маса можат да седат и повеќе од двајца

Владата на синоќешната седница ги донесе протоколите за работата на базените и на плажите во тек на пандемијата на ковид-19, а ја укина важноста на одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска. Новите препораки опфаќаат правила кои определуваат дека вработените лица и посетителите на...

Жбогар со поддршка за исполнувањето на препораките на УНЕСКО во Охридскиот регион

Активностите за соодветно уредување на крајбрежјето на Охридското Езеро во насока на исполнување на препораките од УНЕСКО и зачувување на природното и културното наследство на Охридскиот регион наиде на поддршка и од Амбасадорот на ЕУ во земјава Семјуел Жбогар. За време на вчерашната посета на Охрид, тој ја посети плажата Горица Трета, каде што веќе се отстранија дивоградбите и...

Почна рушењето на дивоградбите на плажите кај Канео, следни се Градиште, Свети Стефан и Далјан

На охридското крајбрежје продолжува акцијата за отстранување нелегални градби и урбана опрема согласно владината уредба за враќање на плажите во првобитна состојба, а со цел вoведување ред на крајбрежјето по препораките на УНЕСКО. Вчера истече рокот којшто Општина Охрид им го даде на сопствениците на објекти на потегот на крајбрежјето кај населбите Канео и Далјан, како и делот од „Свети...

По срушените дивоградби кај Славија и Застава, општина Охрид најавува рушење и на други плажи

Екипи на општинските јавни претпријатија во координација со Општина Охрид од денес ќе започнат со активности за уредување на крајбрежниот простор на Охридското Езеро, во потегот од „Горица 3“ до „Аквалина“ каде што во текот на изминатата недела се вршеше отстранување на нелегални објекти и остатоци од урбана опрема, информираат од охридската локална самоуправа. Оваа седмица ќе се врши расчистување...

Општина Охрид почна со уривање на шанкови и потпорни ѕидови на охридските плажи

Општина Охрид денес започна активности за отстранување на урбаната опрема и остатоците од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро, на потегот од „Горица 3“ до ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во населбата „Свети Стефан“. Се работи за урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план. По...

Општина Струга против владината уредба за враќање на плажите во првобитна состојба

Општина Струга ќе поднесе иницијатива пред Уставниот суд против владината уредба за отстранување на објектите и на урбаната опрема од плажите на Охридското езеро. Тие се против ваквата одлука на владата, со која закупците треба да ги вратат плажите во првобитната состојба. На предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата вчера ја дополни Уредбата со законска сила за...

Владата со уредба до закупците: Плажите на Охридското езеро да се вратат во првобитна состојба

Летната сезона е пред самиот праг, а состојбата со закупот на плажите на Охридското езеро не е решена. На предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата вчера ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба. Со дополнувањето, се задолжува закупецот да го врати во првобитна состојба градежното земјиште кое...

Охридското комунално претпријатие започна со акции за чистење на плажите

ЈП „Охридски комуналец“ започна со акции за чистење на плажите на охридското крајбрежје. Денеска се расчистуваше Градска плажа на потегот од вливот на река Грашница до основното училиште во населба Далјан и плажите кои не се дадени под закуп на потегот од Лагадин до Пештани. Вработените охридското комунално претпријатие ја подигаа трската како и расфрланиот ситен и тешко разградлив отпад,...

Државните градежни инспектори со вонредни контроли на охридските и струшките плажи

Државниот градежен инспекторат започна со интензивна контрола на плажите и тоа не само во Струга и Охрид, туку и во Преспа и во Дојран, информираше министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Ресорниот министер објасни дека причина за оваа вонредна контрола е да се констатира дали има неправилности на плажите, кои беа предмет на издавање. „Со години наназад, општинските и...

Закинтос ги загуби сите 18 Сини знамиња

На Закинтос, еден од најпопуларните острови во Јонсокото море, му се одземени сите Сини знамиња. Локалните медиуми јавија дека Хеленското друштво за заштита на природата и Советот за туризам ги отстраниле сите Сини знамиња од островот Закинтос по жалбите дека плажите на кои им се доделени овие признанија не ги исполнуваат критериумите. Сино знаме за плажи и марини е меѓународен...

Охрид викендов полн со гости како среде туристичка сезона

Со дневна температура од околу 30 Целзиусови степени и со температура на езерската вода од 22 степени, Охрид викендов пулсира како среде туристичка сезона. Убавото и топло време ги наполни плажите, а навечер полни се шеталиштата и летните бавчи во градот. Центарот за јавно здравје информира дека температурата на водата во Охридското Езеро е натпросечна за овој период од годината. Најголемиот...

Струшкиот градоначалник го обвини владејачкото мнозинство за соработка со мафијата

Градоначалникот на Струга, Зиjадин Села, на прес-конференција изјави дека со донесувањето на предлог-законот за дополнување на законот за градежно земјиште, а кој се однесува на плажите, се штити урбаната мафија. Села ги обвини пратениците од владејачкото мнозинство и институциите за соработка со мафијата. - Имајќи предвид што предвидува, овој закон треба да гласи „закон за заштита на урбаната мафија“. Повеќе од...

Дронови ќе ги чуваат капачите од ајкули во Австралија

Беспилотни летала, но и други најмодерни технолошки средства ќе бидат употребени ова лето долж крајбрежјето на Нов Јужен Велс, држава во Источна Австралија, за да се следи движењето на ајкулите и да се спречат нападите врз капачите, соопштуваат австралиските власти. Туристичката сезона во овој дел на Австралија, кој е најнаселен и во кој се наоѓа најголемиот австралиски град Сиднеј, почнува...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...