fbpx
Таг: платформа на Албанците

таг: платформа на Албанците

Денеска нова седница со стари позиции и со деловнички блокади

Конститутивната седница на Собранието, на која се расправа за избор на претседател, заменик-претседател, членови и нивни заменици на Комисијата за избори и за именувања, ќе продолжи денеска напладне. Вчера, 20 пратеници поднесоа предлог за кандидат за претседател на Собранието на Република Македонија да биде Талат Џафери. Разврската останува неизвесна, како поради бројот на пријавените пратеници за дискусија, така и поради генералната атмосфера...

Академиците, како и политичарите, со дијаметрално спротивни ставови за кризата

Членовите на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) немаат единствен став за политичката криза во земјава и за актуелните случувања и тензиите што ги подгреа платформата на албанските партии. Претседателот на МАНУ, Таки Фити, во своето воведно обраќање на денешното јубилејно 50. Годишно собрание на Академијата, рече дека состојбата е многу сериозна и тензична и дека отсуството на транспарентност...

Георгиевски: Уставниот суд и народот на избори да судат за владата на СДСМ, а не Иванов

Платформата на албанските партии е негирање и дерогирање на Охридскиот рамковен договор, a приказната дека тој останал отворен и сега се довршуваат отворените прашања е лажна, напиша на „Фејсбук“ поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен претседател на ВМРО - Народна партија, Љубчо Георгиевски. „Охридскиот договор е затворен и оверен од меѓународната заедница. За жал, и двете партии наместо да ја...

Како ВМРО-ДПМНЕ одеднаш ги засака партизаните и НОБ

ВМРО-ДПМНЕ во денешното редовно утринско соопштение ги обвини СДСМ и неговиот лидер Зоран Заев дека со прифаќањето на платформата на албанските партии, меѓу другото, сака да ги осуди борците од АСНОМ и партизаните за нивната борба за слободна држава. Хипокризијата се гледа од едноставното набројување на „делата“ на партијата на власт во изминативе години: Дел од спомениците од НОБ се целосно...

Охрид ноќеска преплавен со летоци против „сеалбанската платформа“

Охрид ноќеска беше преплавен со пропагадни летоци од четири странички, со пораката „Не се согласуваш? Активирај се!“. Летокот е вметнуван во поштенските сандачиња во станбените згради, по домови, возила... На првата, насловна страница од летокот, стои текстот „Сеалбанска платформа, Тирана, 07.01.2017“. На внатрешните две страници, испишани се осум точки од платформата, со голема фотографија на албанскиот премиер Еди Рама, зад кого има...

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да дозволиме донесување решенија спротивни на државните интереси

Доколку СДСМ и Зоран Заев се сигурни дека прифаќањето на сеалбанската платформа е добро за иднината на Македонија и таа би била поддржана од граѓаните, нека прифатат распишување на нови избори на кои би се гласало и за платформата од Тирана, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, а по одлуката на централното претседателство на ДУИ, партијата да влезе...

ВМРО-ДПМНЕ: Има два излеза – или нови избори или СДСМ да се откаже од платформата

ВМРО-ДПМНЕ јасно ја соопшти својата позиција уште пред да влезе во преговори за формирање на идната владина коалиција, а таа гласеше „Влада да, но не по секоја цена“, стои во денешното соопштение на партијата. Оттаму велат дека партијата одбила да разговара за прифаќање на платформата подготвена и потпишана во Тирана, чија крајна цел, според ВМРО-ДПМНЕ, е редефинирање на Македонија и...

Иванов на Могерини ѝ ги повторил зборовите од вчерашното обраќање до граѓаните

Претседателот Ѓорге Иванов на средбата со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, го повторил ставот дека „согласно Уставот, како мандатар за состав на влада нема да го определи секој оној кој преговара за платформи на други држави со кои се уценува Македонија, се загрозува суверенитет, независноста и унитарноста на државата“, соопштуваат од неговиот...

Платформата на Ахмети ја враќа земјата во 19-от век, смета Демократскиот сојуз

Лидерот на ДУИ Али Ахмети успеа да го разгори национализмот и екстремизмот, како подлога за конфронтации и дестабилизација на Македонија, оцени денеска Демократскиот сојуз. „Платформата за целосно разрешување на албанските прашања, во многу му помогна на раководството на ВМРО ДПМНЕ, да ја измести темата за одговорност на креаторите на политичката криза и да поттикне и насочи дискусија за ’македонските работи’....

Касами и Села ќе му дадат потписи на Заев за мандат, Ахмети тактизира и чека материјали

Еврокомесарот за проширување и добросеседска политика, Јоханес Хан, ги заврши средбите со лидерите на политичките партии што имаат мандати во Собранието, Беса, Алијанса за Албанците, ДПА и ДУИ, на кои било разговарано за ставовите на партиите околу формирањето на новата влада. Потпретседателот на Беса, Африм Гаши, по средбата изјави дека тие се подготвени да ги додат потписите на петте пратеници за...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...