fbpx
Таг: плата

таг: плата

По директорската битка и по труењето, сега и штрајк на наставниците во ОУ „11 Октовмри“

Наставниците во основното училиште „11 Октмври“ од денеска стапија во штрајк и не им држат настава на учениците бидејќи немаат земено плата. Ова било одлучено на состанокот на наставничкиот совет одржан вчера и потвредено на уште еден состанок одржан утринава. Иако наставниците штрајкуваат, тие сепак ги згрижуваат децата, но не им држат настава. - Седиме на часови со наставниците, но тие не...

Управител на битолска фирма не плаќал придонеси и давал плата на рака

Битолската полиција проднела кривична пријава против 44-годишниот З.Р., управител на фирмата „Колега“, и против правното лице, поради сомневање дека сторил повреда на правата од работен однос и повреда на правата од социјално осигурување. Според полициските информации, осомничениот, како управител на фирмата „Колега“, од јануари 2013 година до август годинава, нередовно, нецелосно и на рака им ги исплаќал платите на вработените. Покрај тоа,...

Просечната плата изнесува 21.882 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август годинава изнесува 21.882 денари. Индексот во август 2015 година во однос на август минатата година, изнесува 103.1, објави Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација (11,9 проценти), рударство и вадење на камен (7,8 проценти) и стручни,...

ВМРО-ДПМНЕ: Стравот од изборен пораз го тера Заев да измислува нереални решенија

„Наредните месеци, насекаде каде што ќе оди Зоран Заев ќе ја повторува лагата за средна класа со 850 евра месечно за секое семејство, како што неговите претходници во партијата ветуваа по еден вработен од секое семејство“, стои во реакцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дадена при неговата денешна посета на Штип. Од ВМРО-ДПМНЕ велат...

Нето-платата во јули изнесува 355 евра

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година е поголема за 2,4 проценти и изнесува 21.861 денар или 355 евра, покажува Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација - 11 проценти, други услужни дејности - 9,9 проценти и рударство...

Просечната нето плата во Словенија изнесува 1.004 евра

Просечната бруто плата во Словенија во јуни пораснала за 1,2 отсто на годишно ниво и изнесува 1.540 евра, додека просечната нето плата е зголемена за 0,8 отсто и изнесува 1.004 евра, покажуваат податоците на словенскиот Завод за статистика. На месечно ниво, платите пораснале за 0,7 отсто номинално, односно 0,8 отсто реално, наведува Заводот. Просечната бруто плата во јавниот сектор пораснала за...

Дел од вработените во „Макпетрол“ примиле плата

Вработените во „Макпетрол“ примиле плата пред крајот на работниот ден и тоа на оние кои имаат трансакциски сметки во Комерцијална банка, дознава „Мета“ од неофицијални извори. Исто така, неофицијално, плата добиле и вработените од другите компании на „Макпетрол“, „Оилко“ и „Телма“. Иако се обидовме, не добивме официјален став од компанијата за исплатата на плати на вработените.

Македонците со најниска плата на Балканот

Според Заводот за статистика на Словенија, просечната плата во оваа земја во мај изнесувала 1.008 евра, што е значително повеќе споредено со другите земји во регионот, пренесуваат црногорските медиуми. Според последните податоци од нашиот Државен завод за статистика, просечната плата во Македонија изнесува 350 евра и со ова сме во редот на држави што имаат најниски примања на Балканот, заедно со...

Просечната нето-плата во мај изнесува 22.071 денар

Просечната месечна исплатена нето-плата во мај годинава, изнесува 22.071 денар, а просечната исплатена бруто-плата - 32.393 денари, објави Државниот завод за статистика. Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, изнесува 102,7. Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите уметност, забава и рекреација (15,8 проценти), други...

Просечната плата во ИКТ-индустријата е 738 евра

Просечната плата во ИКТ-индустријата е 738 евра и Македонија е меѓу најдобрите 10 земји што најмногу напредувале во периодот 2012 - 2015 година во поглед на развој на ИКТ. Во моментов таа се наоѓа на 47. место од 140 земји по развој на ИКТ. Ова беше истакнато на јавната расправа за краткорочната ИKТ предлог-стратегија за 2016-2017 година во Стопанската комора. Вкупниот број вработени во ИКТ...

Просечната нето-плата изнесува 21.746 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата, во април 2015 година, изнесува 21.746 денари, а просечната месечна исплатена бруто-плата за истиот период изнесува 31.939 денари, објави денеска Државниот завод за статистика Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата, во април годинава, во однос на април минатата година, изнесува 102,7. Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите рударство и вадење...

Просечната нето-плата во март, 21.402 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во март годинава изнесува 21.402 денари и во однос на март лани е повисока за 1,9 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Според истиот извор, просечната месечна исплатена бруто-плата во март 2015, пак, изнесува 31.455 денари. Во март 2015 година, 1.1 процент од вработените во Македонија не примиле плата.

Газда си ја намалил својата за да им ги зголеми платите на вработените

Основачот и првиот човек на фирмата „Гревити пејментс“ од Сиетл, Ден Прајс, си ја намалил сопствената плата од еден милион долари на само 70.000 годишно, за на своите вработени да им го зголеми минималецот до истиот износ. Во иднина сите 120 вработени, без разлика која функција ја извршуваат, годишно ќе заработуваат најмалку 70.000 долари, што е за 20.000 повеќе од американскиот просек. Одлуката на...

Тринаесетта плата за административците

Административците ќе добијат тринаесетта плата, но, само мал дел од нив. Со тринаесетта плата ќе бидат наградени пет отсто од најдобрите во администрацијата, според оцените што ќе ги добијат од граѓаните и од нивните претпоставени. Ова се законските новини што ги претстави министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски. - Дополнително, во однос на напредокот на кариерата за вработените, се...

Рударите добија дел од платата, но не влегоа во рудниците

Плата до минималната, добија вчера попладне рударите од Злетово и од Тораница. Сепак, тие останаа упорни на одлуката за прекин на работа, додека целосно не биде исплатена јануарската плата. Синдикатот потврди дека и денеска преговарале со менаџментот на „Индо минерали и метали“, компанијата која стопанисува со рудникот. Оттаму добиле ветување дека до понеделник, до десет часот, ќе им биде иплатена платата....

Трет ден не работат рударите во Тораница и во Злетово

Со целосна рударска опрема, но во кругот на рудниците, и денеска се рударите на „Индоминерали и метали“. И понатаму трае прекинот на работата во Злетово и во Тораница, во исчекување на јануарската плата. Според синдикатот, на четврти март им биле исплатено авансно по 5.000 денари за јануарската плата. Тие побарале целносно да им се исплати платата како услов да се...

Во декември просечната нето-плата била 22.407 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2014 година изнесувала 22.407 денари, а бруто-износот бил 32.741 денари, соопшти Државниот завод за статистика. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата, во декември минатата година, во однос на декември 2013 година, изнесува 104,2. Ова се должи на зголемувањето на просечната нето-плата по вработен во секторите: стручни,...

Просечната плата изнесува 21.588 денари

Во ноември 2014 година, просечната исплатена нето-плата по работник изнесувала 21.588 денари. Таа е зголемена за 2,5 проценти во однос на ноември 2013 година, објави Државниот завод за статистика. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна бруто-плата по вработен, во ноември 2014 година, изнесувала 31.644 денари и бележи зголемување од 2,4 отсто во однос на ноември 2013 година. Во...

Стерлинг не сака да го продолжи договорот со Ливерпул

Рахим Стерлинг не сака да го продолжи договорот со Ливерпул иако неделно заработува 30.000 фунти. За да го задржи во клубот, управата му понудила неделна плата од 40.000 фунти, но Стерлинг ја одбил со образложение дека тоа е малку за неговиот квалитет. Медиумите во Англија шпекулираат дека нивниот репрезентативец можеби добил подобра понуда од Реал Мадрид.

Пратениците го изгласаа предлогот за зголемување на минималната плата

Пратениците на денешната седница на Собранието на Република Македонија го изгласаа предлог-законот за минимална плата. Со овој предлог-закон минималната плата се зголеми од 8.050 денари на 8.800 денари. Исто така, со овие измени се донесе и континуирано зголемување на минималната плата до 2016 година, така што во 2015 година минималната плата треба да изнесува 9.590 денери, додека во 2016 година...

Реакции по одлуката Саудиска Арабија да го предводи форумот за правата на жените на ОН

Саудиска Арабија е избрана да биде претседавач со комисијата на Обединетите Нации што ја промовира родовата еднаквост, а одлуката е критикувана од групи за човекови права поради исклучително лошото...