fbpx
Таг: пластични кеси

таг: пластични кеси

Загадувањето со пластични кеси ќе продолжи уште една година

Целосната забрана за употребата на пластични кеси во Македонија се одолговлекува. Наместо од 1 јуни годинава, забраната за користење на кесите кои ја загадуваат животната средина ќе почне да се применува од 1 јуни 2024 година, информираа денеска од Министерството за животна средина и просторно планирање. Министерството за животна средина и просторно планирање вели дека го измениле Правилникот за стандардите...

Парите од продажбата на ќеси ќе одат за набавка на 7.000 контејнери за селекција отпад

Средствата од продажбата на ќесите од 15 денари во продавниците годинава ќе бидат наменети за набавка на околу 7.000 контејнери за селекција на отпад во сите македонски општини, како и за спроведување на кампања за подигање на свеста кај граѓаните за заштита на животната средина. Ова беше најавено на денешниот брифинг за новинари од новата министерка за животна средина...

Нуредини: Гас има доволно, Скопје-Север не треба да работи на мазут

Топланата Скопје- Север треба да користи гас, бидејќи во државата има доволни количини, рече денеска министерот за животна средина Насер Нуредини. Тој посочи дека овој енергетски објект, за разлика од топланите Исток и Запад, кои имаат А интегрирани дозволи и се под нивна надлежност, има Б интегрирана дозвола и надлежноста за контрола е во Градот Скопје. „Очекуваме официјални информации од...

Мета факт: Исполнето е ветувањето за постепена забрана на пластичните кеси

Владата на Република Северна Македонија во Програмата за работа на владата во периодот 2020-2024 година вети дека до 2024 година постепено ќе ја забрани употребата на пластични кеси во малопродажба во земјава. Ова владино ветување е исполнето. Имено, на 1 декември 2021 година стапи на сила одлуката за забрана за пуштање на пластични кеси на пазарот во земјава. Како што се...

Без пластични кеси – повидлива Зелена агенда

Неодамна беше објавено дека во Македонија веќе првиот месец по забраната на употреба на неразградливи пластични кеси, нивната употреба (во маркетите) се намалила за 4-10 пати, а остварен е и приход од продажбата на пластични кеси од 235.000 евра. Конечно – тоа е добра вест. Да ја погледнеме најпрвин пошироката слика – каде се наоѓаме во европски, но и глобални...

Вистиномер: Министерството за здравство не дава 50 бесплатни кеси за вакцинираните

Пренесуваме текст на Вистиномер.мк за една сатирична објава, за која многу корисници на социјалните мрежи помислиле дека станува збор за вистинска вест: Рецензираме пост на Фејсбук во кој се вели дека Министерството за здравство ќе дава 50 бесплатни кеси за вакцинираните против ковид-19. Информацијата е објавена еден ден по стапувањето на сила на употребата на биоразградливи кеси во продавниците. Една...

Еко-свест со порака: Да се користат хартиени кеси и платнени торби

По бурните реакции во јавноста и денешното појаснување на министерот Насер Нуредини за укинувањето на пластичните кеси, со свој став излегоа и од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест. Тие во целост го поддржуваат стапувањето на сила на одредбите за забрана за користење на пластични кеси за носење на стоки на пазарот, која почнува со примена...

Нуредини: Целта на новата цена на пластичните кеси е зачувување на здравјето на луѓето и околината

Зголемувањето на цената на пластичните кеси од еден на 15 денари не е со цел за да се собираат финансиски средства, туку граѓаните да се дестимулираат да употребуваат пластика, одговори денеска министерот за животна средина Насер Нуредини на бројните реакции во јавноста откако започна да се применува одредбата од новиот закон за управување со пакување и отпад од пакување,...

Од среда стартува забраната за пластични кеси, во маркет само со платнена торба

Пластичните кеси се забрануваат за употреба од среда, 1 декември, а граѓаните на пазарување ќе треба да одат со платнена торба за повеќекратна употреба, или, пак да си платат 15 денари за биоразградлива кеса. Ова е дел од новините кои ги превидоа измените на пакет од шест закони со кои се регулира третманот на отпадот и отпадот од пакување...

Пластичната амбалажа од декември ќе биде забранета во заштитените подрачја во земјава

Од 1 декември нема да смеат да се употребуваат пластични производи за една употреба во угостителските објекти кои се наоѓаат во заштитените подрачја во земјава. Ова денеска го најави министерот за животна средина Насер Нуредини, на прес конференција посветена на новиот пакет закони за отпад. Нуредини потенцираше и дека од декември нема да смее да се продаваат ниту пластични кеси...

Собирачите на отпад со новите закони ќе добијат право на придонеси и вработување, вети министерот Нуредини

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска рече дека со новата законска регулатива за управување со отпадот ќе се формализираат собирачите на отпад. Станува збор за 3.000 до 5.000 лица од земјава, кои досега работеа непријавени без пензиско и здравствено осигурување и беа предмет на уцени од откупувачите на отпад, додека нивната заработка во голема мерка...

Собранието ги усвои шесте закони за управување со отпад што ги бараше ЕУ

На денешната седница на Собранието на РСМ беа усвоени Законот за управување со отпадот, Законот за управување со пакување и отпад од пакување, Законот за управување со дополнителни текови на отпад и Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад. Гласањето за овие четири закони следи откако во август годинава од пратениците беа донесени...

Законот за отпад во септември пред пратениците: Палењето ќе се казнува со 200 евра, фрлањето ѓубре 150 евра

Граѓаните кои ќе фрлаат ѓубре насекаде или ќе палат отпад и во иднина ќе поминуваат евтино. Физичките лица во иднина ќе се казнуваат со глоби од 200 евра ако спалуваат или закопуваат отпадни гуми, масла и друг вид отпад во природата или на патиштата. Со казни од 150 евра пак ќе поминат оние граѓани кои фрлаат ѓубре кајшто ќе...

Иницијативата за забрана на пластични кеси потсетува на нереализираните ветувања на власта

Неодамна формираната Иницијатива за забрана на пластични кеси, која обединува екологисти, потсетува дека е крајно време надлежните да донесат законска одредба за забрана на пластичните кеси за пазарење и да воведат нови, вистински биоразградливи, според европските стандарди, а истовремено, кај потрошувачите да се поттикне создавањето навика за користење на платнени торби за повеќекратна употреба. Екологистите потсетуват дека Владата вети но...

Во Грција нема повеќе бесплатни кеси во продавниците

Грците, големи потрошувачи на бесплатни пластични кеси во супермаркетите, од 1 јануари мора да плаќаат по 4 евроценти за кеса. Мерката е воведена со цел да се намали потрошувачката на кесите, која сега изнесуваа 400 по жител годишно. Според грчкото Министерството за животна средина, целта е да се достигне потрошувачка од 90 пластични кеси со дебелина од 15 до 50...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...