!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Дополнителни 450 милиони евра за иновативните претпријатија од ЕИФ


Скопје, 10 август, 2017 - 12:43 (META) 

Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) и „Прокредит групацијата“ обезбедуваат дополнителни 450 милиони евра за иновативни мали и средни компании, што вкупно изнесува 820 милиони евра пласман во кредити за бизнисите во 11 земји.

Финансирањето обезбедено од ЕИФ е пласирано преку банките „Прокредит“ во Европа (Германија, Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Романија, Молдова, Украина и Грузија) и е наменто за компании кои инвестираат во нови технологии и производи.

Овие договори беа потпишани во согласност со иницијативата „Инов фин“ (InnovFin), која им овозможува на банките да пласираат кредити за иновативни компании со гарантна шема обезбедена преку Европскиот инвестициски фонд.

„Европската комисија верува дека малите бизниси придонесуваат за развој на нови вработувања и за пораст во Европа. Со олеснување на пристапот до финансии, кој на претпријатијата ќе им овозможи нови инвестиции, проширување на бизнисот и креирање нови работни места, Европска Унија активно ги поддржува малите и средни компании во Европа“, изјави потпретседателот на Европската комисија, одговорен за вработување, пораст, инвестиции и конкурентност, Јирки Катајнен.

Од банката „Прокредит“ за „Мета“ изјавија дека за неколку дена ќе се знае колку од овие средства ќе бидат наменети за Македонија.


Македонските компании ќе користат позитивни искуства од унгарските


Скопје, 23 ноември, 2016 - 14:09 (META) 

Системот „Хунгарикум“ кој ги обединува и промовира националните автохтони унгарски производи и услуги, беше презентиран пред претставници на македонски компании во хотелот „Гранд плаза“.

Целта на оваа конференција организарана од Сојуз на стопански комори на Македонија, во соработка со Амбасадата на Унгарија во Македонија и со Министерството за земјоделство на Унгарија, е да се презентираат позитивните примери, да се направи размена на искуства, како и бизнис-соработка помеѓу унгарските и македонските компании.

Заменикот на државниот секретар во Министерството за земјоделство на Унгарија, Лоранд Иштван Сакали, истакна дека под „Хунгарикум“ спаѓаат 60 унгарски национални вредности, специфични производи, но и значајни личности кои оставиле свој печат во историјата на Унгарија.

Трговската размена помеѓу Македонија и Унгарија се зголемува така што унгарскиот извоз се зголемил за 20 проценти, а македонскиот за повеќе од 160 проценти.

На годишно ниво, трговската размена помеѓу Македонија и Унгарија се движи околу 100 милиони евра.


Германија се пласираше во полуфинале на „Еуро 2016“


Париз, 3 јули, 2016 - 11:03 (META) 

Репрезентацијата на Германија се пласираше во полуфиналето на Европското првенство во фудбал откако синоќа, по изведувањето пенали, ја победи Италија.

За време на двете полувремиња и двете репрезентации постигнаа по еден гол, а по продолженијата резултатот остана ист.

Полуфиналето во Европското првенство во фудбал ќе се одржи на 7 јули во Марсеј. Со Германија ќе игра подобриот од вечерашното четвртфинале меѓу Франција и Исланд.


По самитот во Сочи компаниите ќе можат да ги пласираат производите на големи пазари


Скопје, 23 мај, 2016 - 16:08 (META) 

Mакедонските компании имаат шанса за пласман на производи на големи пазари, по најавената зона на слободна трговија меѓу Русија и Југоисточна Азија, смета Македонско-руската стопанска комора по одржувањето на Самитот Русија – АСЕАН (Сојуз на држави од Југоисточна Азија) во Сочи.

– Ова за македонските компании треба да биде сигнал за значително поагресивно настапување на рускиот и пазарот на Евроазиската економска унија, со оглед на најавите за воспоставување на поцврсти економски сојузи. Тие, всушност отвораат пат за пласман на македонските производи на огромни пазари со неисцрпни можности – соопштија од Комората.

На самитот во Сочи учествуваа 350 претставници на бизнис-заедницата, економисти и стручни лица од Русија и од АСЕАН, како и претседатели и премиери на државите членки на АСЕАН.


Магдалена Стоилковска не се пласираше на ИТФ Фјучрс во Анталија


Скопје, 1 декември, 2014 - 11:59 (META) 

Магдалена Стоилковска не успеа да ги мине квалификациите за пласман на ИТФ Фјучрс, главниот турнир што ќе се одржува во Анталија (Турција) за награден фонд од 10.000 илјади американски долари.

Македонската тенисерка, како 13. носителка во квалификациите во сингл, најпрвин беше слободна во првото коло, а потоа во второто загуби од Американката Џида Дениел со резултат 2:0, по сетови 6:2 и 6:3.

Како што е најавено, на главното натпреварување на овој турнир ќе настапи нашата тенисерка Лина Ѓорческа.