fbpx
Таг: планинари

таг: планинари

По десетти пат на Водно се одржа трката „прв до врв“

По десетти пат се одржа трката „прв до врв“ на која учествуваа над 2000 велосипедисти, планинари и рекреативци, како и професионални спортисти, кои со планинарење, трчање или возење велосипед ја искачуваа планината Водно, и се натпреваруваа кој прв ќе пристигне до врвот. Велосипедската трка започна пред Музејот на град Скопје, а планинската трка пред ОУ Кочо Рацин. Трката „прв до врв“...

Ублажена забраната за движење в шума – од денеска се бара специјална дозвола

Поради намалениот број на пожари и врнежите од пред неколку дена кои ја подобрија состојбата, ЈП „Национални шуми“ ја ублажува мерката за забрана за движење во шумите. Од денеска правните и физички лица ќе може да се движат во природа со однапред добиена дозвола, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, на денешната прес-конференција. „Ова се однесува...

Планинари изградија мост преку Лешничка река, на местото на оштетениот

Планинари од клубовите „Игл“ и „Тететкс“ изгадија импровизиран мост преку Лешничка река, на Шар Планина. Мостот на Лешница сега е нов, откако таквиот премин беше оштетен и неупотреблив. „Овој мост е важен за движењето на планинарите, посетителите и туристи кои сакаат да ја посетат Лешница, а ја користат планинарската патека која почнува од селото Бозовце. Ако нема мост нема да...

Планинарски тури на Шар Планина треба да се пријавуваат во СВР-Тетово

Сите што организираат планинарски акции на Шар Планина, организирани преку планинарски клуб или индивидуално, акциите треба да ги пријават во СВР - Тетово писмено или усмено. „При пријавување, пожелно е да посочат односно информираат каде поконкретно ќе се движат и колку мислат да се задржат, за да може побрзо да се лоцираат и доколку евентуално има потреба, да им се...

Порој однесе најмалку 10 животи во јужна Италија

Најмалку 10 жртви однесе порој што се појави по обилните дождови во јужниот италијански регион Калабрија. Загинатите биле туристи, главно Италијанци, кои вчера биле на планинарење и се движеле во исушената клисура, кога ненадејно надошла водата од обилните дождови. Според италијанската цивилна заштита, 18 луѓе се спасени, а шестмина се во болница. По преживеаните и телата загинатите се трагало вчеравечер...

Граѓанските организации повикуваат да се спаси Водно

Граѓанските организации ги повикуваат граѓаните во недела во 8 часот да дојдат кај Полициската станица во подножјето на Водно за да упатат порака против изградбата на гасоводот преку Водно. Тие бараат од надлежните институции запирање на градежните активности во парк-шумата Водно и таа да добие статус на заштитено подрачје. Како што велат во нивниот апел на Фејсбук, тие не се против...

Одземена лиценцата на водичот од „Трансверзалец“, Зоран Костадиновски

Федерацијата на планински спортови му ја одзеде лиценцата на водичот Зоран Костадиновски од планинарското друштво „Трансверзалец“ и забрани организирање планински тури на планини повисоки од 2.000 метри до 21 март, откако во саботата при качување на планината Ниџе животот го загубија Калина Велевска и Александар Миновски. Одлуката е донесена на денешниот состанок на кој бил разгледан извештајот за тоа што...

Извлечени телата на двајцата планинари што ги загубија животите на Ниџе

Телата на двајцата планинари што загинаа на планината Ниџе, односно на Кајмакчалан, и беа пронајдени од грчките служби се пренесени во болницата во грчкиот град Јаница (Ениџе-Вардар), известуваат на социјалните мрежи планинари од Македонија. Смртта на 28 – годишната К.В. и 35 – годишниот А.М., ја потврдија и од грчката противпожарна служба.

МВР: Се трага по маж и жена на планината Ниџе, не се знае во каква состојба се

Според тоа што е пријавено околу 3 часот утрово. на планината Ниџе од страна на Република Грција се губи трагата на двајца планинари, жена и маж, кои биле во поголема група. По дојавата, почната е постапка за нивно откривање, во која покрај македонската страна се вклучени и грчките погранични служби. Македонското МВР нивните мобилни телефони ги лоцирало на 100...

МВР: Чекаме точни информации дали има загинати на Кајмакчалан

Медиумите објавуваат на своја одговорност, она што можам сега да го кажам е дека наскоро ќе ве контактирам со проверени информации, изјави за „Мета“ Ивица Илиевски, од МВР за случајот за кој медиумите известијата претпладнево. Според неофицијалните информации што некои медиуми ги пласираат, двајца македонски државјани загиналe на планината Кајмакчалан.

Непал им забрани на планинарите да се искачуваат на Монт Еверест без придружба

Непал им забрани на планинарите без придружба да се искачуваат на планинските врвови, вклучително и Монт Еверест за да се намали бројот на несреќи со смртни последици, пренесува „Би-би-си“. Новите безбедносни мерки им забрануваат на слепите планинари и на оние кои имаат две или повеќе ампутации да се искачуваат на највисокиот врв на светот. Оваа година рекорден број на планинари...

Европскиот ден на знамето се одбележа со традиционален марш на Водно

Европското движење во Република Македонија во партнерство со Делегацијата на Европската Унија го одбележаа Европскиот ден на знамето со традиционалниот планинарски марш на Водно. Настанот почна пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, каде што се разменија знамињата на Македонија и на Европската Унија. Потоа, колона од планинари, ученици и активисти на граѓански организации тргнаа кон врвот на Водно...

Исчезнал планинар во тиквешко Мариово

Планинар е исчезнат веќе четврти ден во тиквешко Мариово и по него се трага, а полицијата вчера спасила четворица негови придружници, кои биле без храна и вода близу врвот Орле кај селото Галиште. Пријавата е добиена вчера попладне, па бил ангажиран хеликоптер. Спасувачката екипа пронашла четворица скопјани на возраст од 19 до 33 години, кои кажале дека два дена претходно...

Галичица ги привлекува најголемиот број туристи што го посетуваат Охрид

Најголемиот број странски туристи што го посетуваат Охрид, наоѓаат време да се искачат на Галичица. Патеката која води до врвот сè уште е пристапна, како за почетници, така и за рекреативци и за професионални планинари. - Нема кому не му се допаднала Галичица. На Галичица се добива едно поинакво чувство на слобода. Се добива впечаток дека Охридското Езеро ни е на дланка....

Илина Арсова и Филип Василевски стапнаа на врвот Денали во Алјаска

На 24 мај, планинарите Илина Арсова и Филип Василевски се качија на врвот Денали во Алјаска висок 6.195 метри. Тие се и првите Македонци кои македонското знаме го ставија на врвот Мера на Хималаите висок 6.478 метри. Познатата алпинистка, охриѓанката Илина Арсова, во мај 2013 година го искачи врвот Монт Еверест на висина од 8.848 метри.  

СЈО со највисока поддршка досега – се искачи на Кораб, на 1.950 метри

Маичката со логото на Специјалното јавно обвинителство, освен што се носи на градските улици, отиде и на Кораб со планинарската акција за искачување на Корабски Водопад. Во текот на искачувањето, планинарите беа следени од дожд, снег и од ниска температура. Горната точка на водопадот се наоѓа на надморска височина од околу 2.050 метри, а долната е на надморска височина од 1.950...

Манифестацијата „Да пошараме до Пожаране“ привлече стотина планинари

Стотина планинари ги освоија врвовите Голема и Мала Враца, а успешно беше извозена и велосипедската патека од Попова Шапка до Пожаране, во рамки на манифестацијата „Да пошараме до Пожаране“. Се организираше и посета на археолошкото наоѓалиште Долна Локва, а се одржа и велосипедска тура од Гостивар преку Вруток, Горно и Долно Јеловце, па сè до Пожаране. - Чуството да се...

Пожаране ќе биде домаќин на манифестацијата „Да пошараме до Пожаране“

Гостиварското шарпланинско село Пожаране утре ќе биде домаќин на околу 300 планинари и велосипедисти, во рамки на манифестацијата „Да пошараме до Пожаране“. Мотото на оваа манифестација е „Да ги откриеме прекрасните и недопирливи убавини на околината на село Пожаране“. Ќе се организираат две планинарски и две велисипедски тури, со кои љубители на планината ќе уживаат во искачувања на врвовите Голема Враца...

Пет планинари загинаа на Француските Алпи

Пет планинари денеска загинаа, а двајца исчезнаа во лавина во областа Пелву, на Француските Алпи, соопштија официјални претставници. Лавината почнала околу пладне на планината Дим де Неиж де Екрин, висока 4.000 метри. Спасувачките екипи трагаат по преживеаните. Дом де Неиж е популарен меѓу планинарите поради релативно лесната рута до врвот.

Планинари од Балканот се искачија на Титов Врв

Стотина планинари попладнево ја освоија највисоката точка на Шар Планина Титов Врв, кој се наоѓа на надморска височина од 2747 метри. Планинарската тура во која учествуваа планинари од Македонија и Балканот, тргнаа од Попова Шапка рано наутро и за неполни пет часа по патека долга 15 километри, стигнаа до целта. - Планинарењето по овие предели е покарактеристично од другите...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...