!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Утре почнува „Пиволенд 2016“


Скопје, 30 август, 2016 - 13:58 (META) 

Од утре до 4 септември на скопското Кале по деветти пат ќе се одржи традиционалната манифестација – Гурмански викенд со пиво „Пиволенд 2016“, најавија денеска од Град Скопје.

Фестивалот на пивото традиционално е во организација на Град Скопје и на „Темов“. За организација на гурманскиот викенд, Градот Скопје од буџетот издвојува 500.000 денари.

Организаторите најавија дека музичката програма ќе биде поделена на три бини на Кале, а една бина ќе има и во пивницата „Стар град“.

Оваа година публиката ќе има можност да ужива во музиката на голем број македонски изведувачи, групи и диџеи: Влатко Илиевски, Дани, „Нокаут“, Тамара, „Фолтин“, Ефто Пупиновски, Тијана, „Флукс“, Јаков Дренковски, „Чил плеј“, „Тотално опуштање“, диџеј Славе и многу други. Од регионот ќе гостуваат „Рибља чорба“ и „Министарке“.

Освен пивско и музичко уживање, посетителите ќе може да се испробаат во адреналински спортови во „Акциската зона“: Кендо, мечување и стрелаштво. Годинава ќе биде поставен и базар за ракотворби, но и голем избор на пивски игри во „Игротеката за возрасни“.

За оние што сакаат да експериментираат со вкусовите, ќе има штанд со пивски коктели, а од пиварниците велат дека секојдневно ќе има акциски промоции на одредени продукти.

На фестивалот ќе се престави и првата микропиварница во Македонија – „Темов“.

Од Градот ги советуваат сите посетители што ќе дегустираат пиво, да не возат автомобили, туку да користат градски и јавен превоз.


Осмото издание на „Пиволенд“ ќе се случува од 2 до 6 септември


Скопје, 13 август, 2015 - 11:58 (META) 

Гурманскиот викенд со пиво, „Пиволенд“, ќе се одржи осми пат во Скопје, од 2 до 6 септември.

Посетителите ќе имаат можност да уживаат во повеќе од 30 пивски брендови, како и во гурмански специјалитети.

Манифестацијата ќе трае пет дена, а ќе има многу забава и дегустација на пиво.

Фестивалот, кој е во организација на „Темов“ и на Град Скопје, ќе се одржи на скопското Кале.


Венецуела се соочува со пивска криза


Каракас, 3 јули, 2015 - 16:45 (META) 

Венецуела се соочува со недостиг од пиво поради штрајк на работниците во две пиварници во земјата, пренесува „Би-Би-Си“.

Притисокот за затворање на пиварниците дошол од синдикатите, поради спор околу платите со „Полар“, фирмата што произведува 80 отсто од пивото во Венецуела.

Според медиумите, половина од пиварниците биле затворени, додека останатите работат со половина од своите капацитети.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, спорови меѓу синдикатите и пиварницата имало и претходно поради што владата во земјата се заканила дека ќе ја национализира „Полар“.

Претставници на синдикатите кои штрајкуваат изјавиле дека главен проблем биле платите, односно одолговлекувањето на колективните договори од страна на фирмата, кое трае повеќе од 20 месеци.

Венецуела, инаку, води строга контрола на цената на храната и на основните хигиенски производи за да се гарантира дека и сиромашните жители на земјата можат да си ги дозволат основните добра.

Од друга страна, некои аналитичари велат дека овие контроли предизвикуваат недостиг од храна и од други производи.


Дино Мерлин, главна ѕвезда на годинешниот „Пивофест“ во Прилеп


Прилеп, 16 јуни, 2015 - 18:21 (META) 

Дино Мерлин го потврди настапот на претстојниот фестивал на пивото и на скарата „Пивофест“ во Прилеп, кој ќе се одржува од 16 до 19 јули.

Предвидено е Мерлин да биде последната ѕвезда на годинешниот фестивал на пивото, односно со неговиот настап да се затвори „Пивофест“.

Неофицијално, веќе се во финална фаза преговорите за учество во забавниот дел на Оливер Драгојевиќ, Неда Украден, Гоца Тржан, Саша Ковачевиќ и на групата „Прљаво казалиште“.

Атмосферата дополнително ќе ја загреат и домашните артисти Ален Хасановиќ, Наум Петрески, „Љубојна“ и Панчо и „ДНК“.