fbpx
Таг: ПитерВанхауте

таг: ПитерВанхауте

Ванхауте се „раствита“: Прво треба да се исчисти куќата, па после да се прави забава

Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте преку својот твитер-профил ги поздрави разговорите за одредување датум за нови избори и со четири нови објави порача дека, сепак, треба да се спроведат сериозни реформи. „Убаво е да се види дискусија за датумот на изборите. Тоа што на земјата навистина ѝ треба се сериозни реформи. Прво се чисти куќата, па се прави забава“, напиша Ванхауте. Nice to...

Коцијанчич: Ванхауте е само посредник, а ставовите на ЕУ ги презентира Орав

Ставовите на белгискиот олеснувач Питер Ванхауте не се ставови на Европската унија, изјави за „Мета“ портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, одговарајќи на прашање дали ЕУ планира да го замени посредникот бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не сака повеќе да соработува со него. - Улогата на Ванхауте е посредник кој дава техничка експертиза. Претставник на ЕУ во земјата е амбасадорот Аиво Орав, кој...

Ванхауте до ВМРО-ДПМНЕ: Музејот на ВМРО не е во мојот туристички водич

Белгискиот посредник во преговорите, Питер Ванхауте, синоќа преку својот твитер-профил им одговори на ВМРО-ДПМНЕ на нивната одлука за прекинување на соработката и на пораката дека ќе го третираат посредникот само како турист. Ванхауте на „Твитер“ напиша дека планира да почне да пишува туристички водичи и прашува каде е музејот на ВМРО бидејќи не бил на неговата туристичка мапа. planning to write...

ВМРО-ДПМНЕ ја прекина соработката со Ванхауте, од денеска за нив тој е само турист

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ доцна попладнево соопшти дека донела одлука да престане да соработува со белгискиот посредник во преговорите, Питер Ванхауте. Одлуката, велат од партијата, ја базираат на неговите навреди кон ВМРО-ДПМНЕ и кон претставниците на партијата кои учествуваа во преговорите, како и „континуираните омаловажувања кон народот и кон Република Македонија“. „ВМРO-ДПМНЕ долго време го толерираше неговото несоодветно однесување, делумно и заради...

Ванхауте: Нема избори на 24 април, денеска ЕУ и САД ќе ја кажат конечната оцена

Делегацијата на Европската унија (ЕУ) и на Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Македонија денеска, како што е најавено, треба да ја соопшти оцената за тоа дали се исполнети условите за одржување на предвремените парламентарни избори на 24 април. Првично, оцената требаше да биде соопштена вчера, но, како што информираа од амбасадите, било направено одложување на барање на партиите потписнички...

ЕУ и САД денеска треба да соопштат дали се исполнети условите за избори на 24 април

Амбасадорите на Европската унија (ЕУ) и на Соединетите Американски Држави (САД) во земјава, Аиво Орав и Џес Бејли, според најавите, денеска попладне треба да ја соопштат оцената за тоа дали се исполнети условите за одржување на предвремените парламентарни избори на 24 април. Засега нема официјална потврда на кој начин амбасадорите ќе ја соопштат одлуката, дали лично ќе му ги однесат...

Засега нема преговори за медиумите

Денеска нема нова средба на работните групи на политичките партии кои се обидуваат да постигнат договор за реформи во медиумската сфера. Кристина Димовска, асистентката на белгискиот посредник Питер Ванхауте, потврди дека засега нема закажано средба на која би посредувал Ванхауте. - Официјално нема преговори на кои посередува Ванхауте, но ако партиите изразат желба, посредникот нема никаков проблем да продолжи со преговорите...

Договорот од Пржино на апарати за вештачко дишење

Партиите учеснички во преговорите за медиумите денеска се без идеја што понатаму ќе се случува откако синоќа пропадна и последниот обид за реформи во оваа сфера. Единствено, информација на „Нетпрес“ дека денеска повторно ќе продолжат прегoворите за медиумите покажува дека процесот можеби не е мртов. Од СДСМ, пак, велат дека оваа информација е шпекулација и немаат сознанија што денеска ќе донесе...

Пропаднаа преговорите за медиумите – партиите не постигнаа договор

Белгискиот посредник Питер Ванхауте доцна вечерва потврди дека партиите потписнички на Договорот од Пржино не постигнале договор по прашањето за регулацијата на медиумите. - Интензивно преговаравме два дена и она што можам да го потврдам во моментов е дека договор не е постигнат - рече Ванхауте. Одговарајќи на новинарско прашање кој е виновен за пропаѓањето на преговорите за медиумите, Ванхауте рече...

Ванхауте: Преговорите за медиумите во моментов се целосно блокирани

Очигледно нема договор, ситуацијата во моментов е целосно блокирана и сега спроведуваме билатерални консултации сo партиите на ниво на меѓународна заедница за да видиме како да продолжиме во наредните часови, изјави вечерва белгискиот посредник Питер Ванхауте, пренесува „Телма“. Според неговите очекувања, можно е околу 20 часот вечерва преговарачките групи на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино да одржат нов...

Ванхауте: Ако има добра волја, договор може да се постигне за неколку часа

Очекувам денеска да се постигне напредок и политичките партии да се договорат за реформите во медиумите, изјави олеснувачот Питер Ванхауте пред почетокот на денешната последна средба пред истекот на рокот за договорот околу реформите во медиумите. - Се надевам на напредок во преговорите и на конструктивност од сите партии. Денеска ќе разговараме за двете спорни прашања околу мандатот и членовите...

Ванхауте: Проблем се составот на Агенцијата за медиуми и владините реклами

Белгискиот посредник, Питер Ванхауте, пред почетокот на денешната средба на работните групи во Клубот на пратеници, на која се преговара за медиумите, рече дека ситуацијата никогаш не е безнадежна и дека преговорите ќе продолжат. - ВМРО-ДПМНЕ денеска имаше консултации и наскоро ќе видиме дали има компромис и ако нема, дали ќе може да се постигне. Ако нема договор до петок...

Бејли и Орав, засилување на работните групи за медиумите

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, и евроамбасадорот Аиво Орав им се приклучија на преговарачите од работните групи за законот за медиуми во Клубот на пратеници. Дипломатите ќе се обидат да извршат притисок врз политичките партии за побрзо решавање на ова прашање. Пред почетокот на средбата, белгискиот олеснувач Питер Ванхауте рече дека се надева на решение, иако не е оптимист. –...

Ванхауте не е оптимист, ама се надева на напредок во преговорите за медиумите

Се надевам на решение, но не сум оптимист, изјави белгискиот олеснувач Питер Ванхуате пред почетокот на средбата на работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино во Клубот на пратеници. - Ќе разговараме за сите предлози од политичките партии, новинарските здруженија и од организациите. Свесен сум дека има малку време, но ќе дадеме сè од себе да го...

Три дена до проценката на странците кога ќе има избори, медиумите остануваат во ќор-сокак

Посредникот во преговорите за спроведување на Договорот од Пржино, Питер Ванхауте, деновиве има билатерални средби со политичките партии и со претставници на здруженијата и на организациите на новинарите, со надеж да се постигне решение за реформите во медиумите. Ова е едно од клучните прашања од кои ќе зависи оценката на меѓународата заедница за тоа дали на 24 април ќе...

Ванхауте: Сите партии доставија нови амандмани за законот за медиуми

Работните групи на политичките партии за реформи во медиумите денеска ќе се обидат да се доближат по овие прашања. Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте пред почетокот на средбата во Клубот на пратеници рече дека се надева на напредок. - Сите партии доставија нови амандмани и денеска ќе разговараме за тоа. Јас мислам дека е добро што сите се согласија на средбата и...

Албанските партии барале преименување на МРТВ во „Радио и телевизија на Македонија“

Албанската страна во преговорите за медиумите, поднела амандмани кои треба да се додадат во предлог-законот за медиуми на посредникот Питер Ванхауте, пишува „Алсат-М“. Според нив, амандманите на албанската страна се однесувале на прашањата кои ги тангираат интересите на Албанците, односно медиумскиот простор во телевизиските канали и радиото на „Македонската радио-телевизија“. Предлогот на албанските партии, наводно, добил поддршка од посредникот Ванхауте. - Има...

Работните групи за медиумите во мирување, напредок нема

Не се знае дали денеска ќе продолжат преговорите на работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино за медиумите, откако и последната средба минатиот четврток помина без придвижување на ставовите. Засега, според информации од партиите, белгискиот преговарач Питер Ванхауте нема закажано средба. Преговорите се закочени од петокот откако на билатералните средби со Ванхауте, преговарачите му ги повториле црвените линии...

Преговорите на работните групи за медиумите повторно закочени

Преговорите на работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино за медиумите повторно се закочени откако и вчера, на билатералните средби со белгискиот посредник Питер Ванхауте, преговарачите му ги повториле црвените линии од кои немаат намера да отстапат. Засега нема закажано нова средба и не се знае кога таа би се одржала. Законот, пак, што го предложи СДСМ не е прифатлив ниту за...

Селмани: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се здружија за да го минираат предлогот на Ванхауте

Ниту законот предложен од СДСМ не е прифатлив за Здружението на новинари на Македонија. Според претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги здружија напорите да го минираат предлогот на европскиот посредник Питер Ванхауте, за реформа на медиумскиот систем. Тој на својот фејсбук-профил напиша дека амандманите на СДСМ и од авион се гледа дека немаат врска со предлозите на...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...