fbpx
Таг: ПитерВанхауте

таг: ПитерВанхауте

Ванхауте: Разочарувачки малубројни се реформите во медиумите

Некогашниот главен медијатор помеѓу политичките партии во земјата за време на т.н. „Пржински процес“, кој доведе до Договорот од Пржино, Петер Ванауте, деновиве престојуваше во Скопје. Во интервјуто тој говори за дел од пржинскиот процес, реформите во медиумскиот сектор и како тој гледа на нив во моментов Дали сте запознаен со текот на реформите во медиумите во изминатите три години...

ЗНМ побара од Владата заштита на новинарите од насилство од државни институции

Премиерот Зоран Заев и министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, денеска со белгискиот експерт Питер Ванхауте и со претставниците на ЗНМ разговараа за состојбата во медиумите и за претстојните реформи. На средбата било заклучено дека медиумите се меѓу најважните столбови на едно демократско општество, a Ванхауте, кој беше олеснувач во Договорот од Пржино, и претставниците на ЗНМ ја...

ЗНМ и Ванхауте лобираат кај новата влада за спроведување на реформите во медиумите

Поранешниот посредник на ЕУ во Договорот од Пржино, белгискиот експерт Питер Ванхауте, оваа недела е во посета на Скопје на покана на Здружението на новинари на Македонија, за да лобира кај новата влада за спроведување на медиумските реформи. Ванхауте денеска, заедно со претставници на ЗНМ, се сретнал со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, и со претставници на...

Ванхауте: Демократски е мандатот да ѝ се даде на втората партија по освоени гласови

Поранешниот посредник на ЕУ во Договорот од Пржино, белгискиот експерт Питер Ванхауте, се огласи по повод неможноста ВМРО-ДПМНЕ да коалицира со ДУИ и истакна дека според меѓународно прифатените демократски стандарди, овој мандат сега треба да ѝ се даде на партијата која е втора по број на освоени гласови. - Сега, може само да чекаме претседателот да назначи некој друг за...

Ванхауте постизборно напиша „Поуки за Македонија – демократија во изработка“

Поранешниот посредник на ЕУ во Договорот од Пржино, белгискиот експерт Питер Ванхауте, денеска на својот блог, по предвремените парламентарни избори од 11 декември, објави текст насловен „Поуки за Македонија – демократија во изработка (прв дел)“. Во текстот тој наведува дека неважно е да сте најголема партија по изборите, особено во демократии со пропорционален систем и во ситуација кога немате мнозинство. „По изборите од...

Ванхауте до ДУИ: Не учествувајте во влада каде што сте целосно замолчени

Белгискиот експерт и поранешен посредник во работните групи за имплементација на Договорот од Пржино, Питер Ванхауте, во своето обраќање по изборите, им честиташе на сите граѓани кои, како што рече, гласале за промена и кои имале храброст да се изборат за вистинска демократија. - Како резултати од овие избори, вашата земја заслужува свеж почеток со нова влада и нови лица....

Ванхауте за изборите: Партијата ви дава трошки, а бега со тортата

Изборот на искрени политичари кои не биле поврзани со корупција е првиот чекор во градење на вашата демократија, порача белгискиот експерт и поранешен посредник во работните групи за имплементација на Договорот од Пржино, Питер Ванхауте. Ванхауте вели дека изборите сепак не се крајната цел, туку почетокот на потребните промени. Тој предупреди дека овие избори не смеат да бидат референдум за,...

Ванхојте: Рокот од 18 месеци во Законот за СЈО го договорија Груевски и Заев без преговори

Странците предлагале да нема рок, СДСМ предлагал рок од околу две години, а Груевски 18 месеци, по што Груевски и Заев се договориле да останат само 18 месеци за истраги и за обвиненија од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Ова за „Вистиномер“ го сведочи тогашниот посредник во преговорите за излез од политичката криза, Питер Ванхауте. Партиите, пак, иако двапати беа прашани...

Ванхауте: Рокот од 18 месеци во Законот за СЈО го договорија Груевски и Заев без преговори

Странците предлагале да нема рок, СДСМ предлагал рок од околу две години, а Груевски 18 месеци, по што Груевски и Заев се договориле да останат само 18 месеци за истраги и за обвиненија од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Ова за „Вистиномер“ го сведочи тогашниот посредник во преговорите за излез од политичката криза, Питер Ванхауте. Партиите, пак, иако двапати беа прашани...

ВМРО-ДПМНЕ: Можеби и нема да одиме на избори, можеби ќе излеземе од Владата…

Во тек се интензивни - посредни и засега неплодни  - контакти меѓу партиите, кои ги координира меѓународната заедница преку амбасадорите во земјава за да може до задутре, кога истекува рокот за поднесување кандидатски листи за пратеници, да се најде некакво решение за излез од политичката криза. Од опциите што се во игра, ниту една не е прифатлива за владејачката партија. - Ние...

Ванхауте: Не очекувам дека ќе има избори на 5 јуни

Белгискиот експерт и поранешен посредник во работните групи за имплементација на Договорот од Пржино, Питер Ванхауте, вели дека не очекува избори на 5 јуни. Тој во својот говор на конференцијата за друштвени медиуми „Енгејџ 2016“, рече дека треба да помине подолго време за да се создадат услови за фер и демократски избори. Ванхауте смета дека е демократско право на луѓето да излезат...

Ванхауте: Честито, штотуку што ја убивте демократијата!

Белгискиот експерт и поранешен посредник во работните групи за имплементација на Договорот од Пржино, Питер Ванхауте, денеска со нови твитер-објави изреагира на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги прекине судските процеси против политичарите. „Фундаменталната ЕУ-вредност е пуштена низ вода. Нема демократија без неа“, напиша белгискиот олеснувач. Fondamental EU value, gone down the drain. No democracy without! pic.twitter.com/tfaiUuYhQ5 — Peter Vanhoutte (@peter_vanhoutte)...

Законот за медиуми на ЗНМ и на ССНМ не помина во Собрание

Прaтениците не гo усвoијa предлoг-зaкoнoт зa реформа вo медиумите, кoј нa предлoг нa Здружението на новинари и на Синдикатот на новинари и медиумски работници гo предлoжи СДСМ. Овој предлог-закон беше направен според предлозите на посредникот Питер Ванхауте. Предлог-решението предвидуваше реформи во програмскиот совет на МРТ и во советот на Агенцијата за медиуми, како и целосно финасирање на МРТ од државниот буџет.  

Ванхауте: Изборите ќе бидат погреб на демократската држава

Со непочитување на основните демократски принципи, јасно е дека со изборите нема да се подобори демократијата, туку тоа ќе биде погреб на остатоците на она што некогаш беше една демократска држава, вели белгискиот експерт и поранешен олеснувач во преговорите за Договорот од Пржино, Питер Ванхауте во пост објавен на неговиот фејсбук-профил. Во постот тој ги коментира последните случувања на...

Медиумските организации го поднесоа предлогот на Ванхауте во Собрание

Петте новинарски и медиумски организации, ЗНМ, ССНМ, СЕМ, МИМ и ИКC денеска во Собранието го доставија предлогот на европскиот медијатор Питер Ванхауте за итна измена и дополнување на Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги. -Иницијативата ја поднесуваме до сите пратеници на Собранието со цел да продолжи дебатата за медиумските реформи откако пропаднаа разговорите меѓу потписниците на Договорот од...

Ванхауте за „Мета“: Велосипедот нема да им го дадам во Музејот на ВМРО

Белгискиот експерт, Питер Ванхауте, кој ги олеснуваше преговорите за Договорот од Пржино и тие во работните групи, денеска си замина за Брисел. Договорот како независен експерт му завршува на 27 март, но тој најавува дека во Македонија се враќа на 4 април и вели дека ќе продолжи да работи и да ѝ помага на државата да оди напред. За постигнатото...

Ванхауте одликуван за „Офицер во кралскиот ред“, вели дека за Македонија има иднина во ЕУ

Амбасадорката на Кралството Белгија, Аник ван Калстер, вечерва на белгискиот експерт и олеснувач во работните групи, Питер Ванхауте, му го врачи одликувањето „Офицер во кралскиот ред“. Како што рече амбасадорката, ова одликување го добиваат експерти и политичари што се заслужни за развој на демократијата и на човековите права. Примајќи го одликувањето, Ванхауте рече дека му е драго што вечерва е меѓу пријатели...

Ванхауте вечерва ќе добие одликување „Офицер во кралскиот ред“

Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте денеска од амбасадорката на Кралството Белгија, Аник ван Калстер, ќе добие одликување „Офицер во кралскиот ред“. Церемонијата ќе се одржи вечерва, во 18.30 часот, во хотелот „Арка“. Олеснувачот Ванхауте во Македонија учествуваше во преговорите по црниот понеделник и кризата по 24 декември 2012 година, а ги предводеше и работните групи за спроведување на Договорот од Пржино. Во последно време тој...

Ванхауте: Се разгледуваат различни опции за да се постигне согласност за медиумите

Во овој момент, за жал, не е возможно да продолжат средби за медиумите во форматот во кој досега се одвиваа преговорите, соопшти денеска белгискиот олеснувач Питер Ванхауте. „Земајќи го предвид интересот на јавноста за преговорите за медиумите во рамките на политичката работна група, сакаме да ве информираме дека засега не е возможно да продолжат средбите на работните групи. Во секој...

Ванхауте: До изборите ќе нема средби на работните групи

Нема преговори за медиумите, работните групи не се заинтересирани да продолжат, изјави за телевизијата „Алсат М“, белгискиот посредник, Питер Ванхауте. - Мислам дека нема да има средба на работните групи пред изборите. Ако претставниците на една партија одбиваат да учествуваат на преговорите бидејќи не им се допаѓа консензуалниот пристап и тоа партиите да се договорат за едно прашање, тогаш не...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...