fbpx
Таг: писмо

таг: писмо

Измислено писмо на Путин кружи на социјалните мрежи

„Писмото на Владимир Путин до светот“, кое се споделува од многу корисници на социјалните мрежи, не е споменато од ниту едeн веродостоен медиум, ниту пак,  на веб-страницата на Кремљ каде вообичаено се објавуваат обраќањата и говорите на Путин. Станува збор за комплетно фабрикувано писмо, споделено како да е напишано од Путин, иако тоа несомнено не се случило, пишува „Вистиномер“...

Емануел Макрон: Со задоволство наскоро ќе дојдам во Северна Македонија

Со задоволство наскоро ќе дојдам во Северна Македонија, штом ми дозволи агендата, на датум што заеднички ќе го утврдиме како соодветен во поглед на политичката агенда. Oва, во писмо испратено до претседателот Стево Пендаровски, го напишал неговиот колега од Франција, Емануел Макрон. Тој вели дека нашата земја може да смета на неговата целосна и континуирана поддршка во текот на...

Во декември истекува мандатот на уште еден судија, работaта на Уставниот суд ќе биде блокирана

Алармантната состојба со неизбрани судии во Уставниот суд продолжува, при што државата ќе се најде во уставна криза што ќе има за последица од декември да нема услови за одржување на седници и Уставниот суд ќе биде оневозможен да врши контрола на законите и прописите и да ги штити правата и слободите на граѓаните. Вакво предупредување денеска испрати претседателката на...

Претседателот Пендаровски упати писмо со поддршка до украинскиот претседател Зеленски

Претседателот Стево Пендаровски упати писмо до претседателот на Украина, Владимир Зеленски во кое изразува поддршка за украинскиот народ и упатува честитки до претседателот Зеленски за поднесената кандидатура за членство во Европската Унија. Пендаровски наведе дека изминатите три месеци граѓаните на Украина херојски ја бранат својата земја, а со тоа и целиот европски континент и универзалните вредности на демократијата во кои...

Над 80 организации го повикаа Јутјуб подобро да се бори против дезинформациите

Повеќе од 80 организации за проверка на факти од светот го повикаа Јутјуб подобро да се бори против дезинформациите коишто се шират преку видео содржините прикачени на оваа онлајн платформа. Глобалната коалиција на организации за проверка на факти посочува дека Јутјуб е главниот канал на онлајн дезинформации во светот, при што компанијата не прави доволно за да се справи...

Драги Рашковски поднесе оставка, се надева дека лажните вести ќе престанат

Dragi Rashkovski
Драги Рашковски денеска со писмо објавено на неговата фејсбук страница, даде оставка од функцијата во Владата, секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата. Во писмото со датум од 12 април, адресирано до премиерот Зоран Заев, тој ги наведува причините за неотповикливо повлекување од досегашната функција. „Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции. Се...

Девет земји-членки на ЕУ со писмо го повикаа Борел да го врати Западниот Балкан на дневен ред

„Веруваме дека е крајно време за стратешки поглед на Западен Балкан“, порачаа министрите за надворешни работи на Австрија, Хрватска, Чешка, Германија, Грција, Ирска, Романија, Словачка и Словенија, во писмото упатено до шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел. Тие побараа состанок во април на министрите за надворешни работи на ЕУ, на коj ќе се одржи стратешка дискусија за Западниот Балкан...

Вакцината на „Модерна“ доби дозвола во ЕУ, 13 земји-членки бараат вакцини и за Западен Балкан

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја издаде дозволата за користење на вакцината против ковид-19 на американската компанија „Модерна“, јавува Дојче Веле сервисот на македонски јазик. Станува збор за втора вакцина што е одобрена од европскиот регулатор, откако веќе беше издадена дозвола за употреба на вакцината на германската фирма „Бионтек“ и нејзиниот американски партнер „Фајзер“. Инаку, досегашните студии покажаа дека вакцината...

Рикер со писмо до Заев: Ве охрабруваме и вас и земјите од ЕУ да барате решение за билатералните прашања

Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент Филип Рикер, во писмо до премиерот Заев истакнува дека Соединетите Американски Држави остануваат посветени во поддршката на Северна Македонија за нејзините интеграции кон Европската Унија и изразува разочарување што земјите членки на ЕУ не постигнаа согласност да ја одобрат преговарачката рамка за почеток на преговорите за членство...

Азески: Мора да продолжиме да работиме како да сме добиле датум, немаме друга алтернатива

Претседателот на Стопанска комора Бранко Азески апелираше дека мора да се продолжи да се работи, исто како да сме добиле датум за почеток на преговорите минатата недела. – Македонија нема друга алтернатива, и мора да продолжи да оди по европскиот пат. Заради тоа, повикувам сите политички чинители во државата да ги преземат сите дејствија за доекипирање на тимовите кои би...

Заев: Предлогот на Јанева предметите да преминат во Јавно обвинителство е логично решение

Премиерот Зоран Заев го коментираше писмото на Катица Јанева, со кое бара обвинителите од СЈО да ги пренесат сите предети и истраги на Јавното обвинителство. - Тоа што сум информиран од работните групи, тоа е и логичното решение кое и во разговорите со ВМРО-ДПМНЕ го имаме, но е логично решение и во сите околности. Посакуваното решение е да се постигне...

Македонија сака да учествува во изградбата на нуклеарката „Белене“ во Бугарија

Државната компанија ЕСМ испратила писмо за намери за учество во проектот за изградба на бугарската нуклеарна централа „Белене“. Информацијата денеска ја изнесе бугарската министерка за енергетика Теменушка Петкова, а новинската агенција МИА преку изјава од македонската влада ја потврди ваквата вест. Како што јавуваат бугарските медиуми, македонското ЕСМ е едно од 13 - те компании што се пријавиле на повикот...

Пендаровски до Жбогар: Очекуваме лидерите на ЕУ да бидат доследни во ветувањата

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шефот на делегацијата на Европската унија, амбасадорот Самуел Жбогар. На средбата биле разменети мислења за реализацијата на приоритетите и реформите на дражавата во однос на европските интеграции. Пендаровски укажал дека почетокот на преговорите за членство во ЕУ е заслужен и неопходен со цел поттикнување на севкупните реформи и унапредување на политичката култура во земјата. „Очекуваме од...

Бајден до Заев: Договорот од Преспа придонесува за европската интеграција и единство

Поранешниот потпретседател на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден му испратил писмо на премиерот Зоран Заев во кое вели дека му претставувало чест што се сретнале на Конференцијата за безбедност во Минхен и за разговорот низ кој размениле мислења за актуелните политички прашања. „Уште еднаш Ви честитам на историскиот договор со Грција во Преспа. Уверен сум дека Договорот е сериозен позитивен...

Трамп му пиша на Заев: Ви честитам за лидерството и посветеноста за Договорот од Преспа

Премиерот Зоран Заев вчера добил писмо од американскиот претседател, Доналд Трамп, во кое тој во име на американскиот народ, честита за ратификацијата и имплементацијата на договорот од Преспа и нагласува дека Северна Македонија е голем партнер на САД, информираат од владината прес-служба. „Ова е најисториското достигнување на Балканот од Дејтонскиот договор и сведочи за Вашето храбро лидерство. Преку Вашите напори со...

Бејли: Длабоко сум вознемирен од лажните гласини дека САД влијае на судството

Кривичниот суд го објави писмото на американскиот амбасадор Џес Бејли до претседателот на Судот, Иван Џолев, во врска со како што вели, „постојаните, лажни гласини со наводи дека Амбасадата на САД има за цел да влијае на судии“. Тој вели дека каква било сугестија дека САД сакаат да управуваат со некоја судска разрешница, е лажна. „Длабоко сум вознемирен од ваквите постојани...

Мијалков: Христијане, играш двојно, лажеш, лицемер си и немаш капацитет

Поранешниот шеф на УБК и висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ кој неодамна беше исклучен од партијата, Сашо Мијалков, му пиша второ писмо на актуелниот лидер на партијата, Христијан Мицкоски. Според Мијалков, ниедно претходно раководство на ВМРО не доживеало ваков срам на меѓународна сцена од сестринските партии кои се дел од Европската Народна Партија. Тој изразува уверување дека во иднина секој прв...

Арнаудов: Никој не е предавник и ништо не е ветувано за случајот

Пратеникот Љубен Арнаудов, обвинет за случувањата од 27 април во Собранието, денеска пред почетокот на рочиштето во Основен суд Скопје 1 изјави дека не смета оти некој е предавник и дека не знае кој стои зад завчерашното писмо, испратено до медиумите во име на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што во петокот гласаа за почнување со уставните измени. Истакна дека не...

Меркел со писмо до Заев: Да се преземат важни чекори за имплементација на Договорот со Грција

Договорот од Преспа нуди историска шанса за Македонија и за зајакнување на добрососедските односи, нагласува германската канцеларка Ангела Меркел во писмото до македонскиот премиер Зоран Заев. „На 30 септември огромно мнозинство од над 90 отсто од оние кои учествуваа на референдумот гласаа „за“ договорот со Грција. Договорот нуди шанса за историски договор и зајакнување на односите меѓу двете земји. Тој...

Мицкоски: Македонија не е дивоградба која мора да се впише во катастар

Граѓани од Центар утринава во своите сандачиња добиле писмо потпишано од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во кое тој им порачува дека е време да го кренат гласот, дека ќе стои рамо до рамо со нив во сите битки се додека, како што вели, не ја „направиме Македонија, стаменита, силна и непокорна“, објави „Фокус“. Во периодот откако е СДСМ на...

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...