!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Лутфиу апелира пратениците по скратена постапка да го укинат екстерното тестирање


Тетово, 26 мај, 2017 - 15:43 (META) 

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу апелираше пратениците што поскоро да го процесираат законот за укинување на екстерното тестирање, кои го подготвиле парламентарните групи на СДСМ и ДУИ. Ако не се стигне со роковите за укинување на екстерното тестирање, министерот Лутфиу советуваше да се почитуваат роковите за спроведување на овој начин на тестирање, кое до година според него со сигурност ќе се укине.

– Парламентарните групи на ДУИ и на СДСМ, веќе го подготвиле законот за укинување на екстерното тестирање, сега зависи од нив, но зависи и од наредните денови, штом ќе се формира влада да се процесира законот. Апелирам до пратениците, ако евентуално деновиве имаме нова влада да го процесираат законот за укинување на екстерното тестирање по скратена постапка и што поскоро да се стигне со роковите, затоа што треба најмалку 8 дена да помине, а треба и во службен весник да излезе. Ако стигнеме да го укинеме екстерното тестирање во ова време добро, ако не пак апелираме нема што да се секираат ни учениците ни наставниците, ќе влезат најнормално и без стрес на тестирањето затоа што и така од наредната година нема да има екстерното тестирање – изјави Лутфиу кој учествуваше на церемонија по повод доделувањето на дипломи на студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Тој на новинарско прашање дали денеска ќе биде објавена новата влада, тој рече дека нема таква информација, но рече дека ако не денеска тогаш деновиве сигурно ќе биде оформена.


Љутфиу вели дека годинава сепак ќе има екстерно тестирање


Скопје, 24 мај, 2017 - 16:33 (META) 

Министерот за образование и наука во заминување Пиштар Љутфиу изјави дека сепак, и на крајот на оваа учебна година ќе има екстерното тестирање иако мандатарот за состав на новата влада, Зоран Заев, најави дека екстерното тестирање ќе се укине веднаш штом Собранието почне да работи.

-Силно верувам дека новата влада нема да донесе закон против граѓаните и учениците во Македонија, затоа би апелирал учениците да се подготват за екстерно тестирање бидејќи донесувањето на законите на се случува преку ноќ, туку треба да биде во консултација и со правниот сектор со правните експерти за да донесе добар закон. Потоа законот ќе мора да помине на комисии, ќе треба во Парламент, па верувам дека ќе треба да помине извесно време по доаѓањето на новата влада. Затоа, повторно апелирам дека и покрај желбите на СДСМ да се донесе законот за укинување на екстерното тестирање, потребно е време – изјави Љутфиу.

Државниот испитен центар ги објави датумите на кои ќе се полага екстерното тестирање, а тоа се 5, 6, 8 и 9 јуни. Подготвени се 450 илјади прашања за сите предмети кои до 15 мај беа јавно прикажани.


Министерот за образование Лутфиу се сретна со холандскиот амбасадор Пломп


Скопје, 20 октомври, 2016 - 14:34 (META) 

Министерот за образование и наука, Пиштар Лутфиу, се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, Ваутер Пломп. На средбата била истакната досегашната успешна соработка на полето на образованието и на науката меѓу двете земји.

Министерот Лутфиу го информирал амбасадорот Пломп дека МОН целосно стипендира тројца студенти на додипломски студии и двајца студенти на магистерски студии за академската 2016/2017 година на универзитетите „Гронинеген“, „Лајден“ и „Утрехт“ во Холандија.

И двајцата соговорници изразиле подготвеност за продлабочување на постојната соработка со соодветни високообразовни институции од Холандија за подобрување и за усогласување на наставните планови и програми, нормативно-правни акти, размена на стручни кадри и за други форми на соработка.