!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

Се зголемува откупот и продажбата на земјоделски производи


Скопје, 16 февруари, 2017 - 14:05 (META) 

Откупот и продажбата на земјоделски производи во четвртото тримесечје од 2016 година се зголемени за 39,3 проценти во споредба со истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители има зголемување за 65,4 проценти, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство намалување за 2,9 проценти.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи има кај индустриските, градинарските и фуражните растенија, овошјето, добитокот, живината и јајцата и млечните производи, а намалување кај житата, грозјето, алкохолните пијалаци, млекото и рибата.


Трошоците за живот во јануари минимално се зголемени во споредба со претходниот месец


Скопје, 14 февруари, 2017 - 13:37 (META) 

Трошоците за живот во јануари во однос на претходниот месец се поголеми за 0,6 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Зголемување на трошоците е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот за 4,5 проценти, свежото и разладеното овошје за 3,4 проценти, млекото за 1,4 проценти, сувото овошје и јаткастите производи за 1,3 проценти, сирењето и урдата за 0,6 проценти, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,5 проценти, безалкохолните пијалаци за 0,4 проценти, лебот и месото за 0,3 проценти, јајцата и алкохолните пијалаци за 0,2 проценти.

Намалување на трошоците за животот во јануари 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај рибата и морските плодови за 1,3 проценти, сушеното, соленото и чаденото месо за 0,6 проценти, јогуртот за 0,2 проценти.


„Транспарентност Македонија“: Владата за чоколади и за пијалаци ќе потроши 24.390 евра


Скопје, 4 март, 2016 - 13:35 (META) 

Додека голем процент од граѓаните во земјата живеат во сиромаштија и не можат да ги задоволат ниту основните егзистенцијални потреби, Владата продолжува да се луксузира, се вели во февруарскиот билтен за состојбите со корупцијата на „Транспарентност Македонија“, а кој се однесува за делот на јавни набавки.

– Службата за општи и заеднички работи при Владата, за износ од 1.500.000 денари (24.390 евра), ќе набавува колонијални производи, кондиторски производи (чоколади), пиво, вино, жестоки пијалаци и ликери, а само за вино ќе потроши 563.918 денари (9.169 евра) и за ракија 73.610 денари (1.196 евра). Тендерот за овие набавки го доби Друштвото за трговија на големо и мало и услуги „Тинекс МТ“-ДООЕЛ. Истовремено, Министерството за економија само за  организација на регионална конференција за зимски туризам, ќе потроши 847.458 денари (13.779 евра), а тендерот го доби Друштвото за производи, трговија и услуги „Скрин принт ДОО експорт“ – се вели во извештајот на ТМ.


Минималната потрошувачка кошничка за ноември изнесувала 32.279 денари


Скопје, 27 јануари, 2016 - 12:34 (META) 

Вредноста на синдикалната минимална кошничка за ноември 2015 година изнесувала 32.279 денари, објави Сојузот на синдикати на Македонија

Според пресметките, 42,56 проценти, односно 13.414 денари се за исхрана и за пијалоци, 32,29 проценти (10.422 денари) за домување, 6,88 проценти (2.220 денари) за хигиена, 7,25 проценти (2.339 денари) за превоз, 6,58 проценти (2.124 денари) за обувки, 3,31 процент (1.070 денари) за култура, 2,13 проценти (688 денари) за одржување и за здравје.

Според Државниот завод за статистика, просечната плата во Македонија изнесува 22.213 денари, а минималната загарантирана плата е 8.050 денари, која, според најавите, до март годинава ќе биде 10.080 денари.

Државниот завод за статистика престана да ја мери потрошувачката кошничка пред пет години, а тогашното образложение беше дека податоците погрешно се толкувале во јавноста.


Угостителските услуги поскапи за 0,8 отсто во однос на лани


Скопје, 5 октомври, 2015 - 13:51 (META) 

Индексот на цените на угостителските услуги во септември во споредба со август 2015 година, е зголемен за 0,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите храна и ноќевања за 0,1 отсто.

Индексот на цените на угостителските услуги во септември 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0,8 отсто.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-септември 2015 година, во
однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0,4 отсто, додека во однос на декември 2014 година е зголемен за 0,4 отсто.