fbpx
Таг: петиција

таг: петиција

Дебармаалци со петиција бараат полициски патроли кај ОУ „Коле Неделковски“ за да си ги заштитат децата

На петицијата која ја покренаа родители чии деца учат во училиштето „Коле Неделковски“ во Центар, а кои алармираат за сериозни инциденти во паркот близу училиштето, се потпиша и градоначалникот Горан Герасимовски, како родител на дете во истото училиште. Во петицијата се бара редовно полициско патролирање во паркот „Дрвен“, но и на други локации во општината каде што се собираат младите,...

„Еквалис“ со петиција за бесплатен оброк за секој ученик во основно и средно училиште

Над 4.700 потписи досега собра онлајн петицијата на Здружението за едукативен развој Еквалис за бесплатен оброк за секој ученик во основно и средно училиште. Со оваа петиција, од Еквалис велат дека бараат од Министерството за образование и наука (МОН) да обезбеди бесплатен оброк за секој ученик во сите основни и средни училишта на територијата на целата држава. Бесплатен дневен оброк се...

Активистите почнаа со собирање потписи против рудникот „Иловица-Штука“

Еко-активистите од „Здрава котлина“ и „Еко долина“ вчера во Струмица го започнаа собирањето на потписи од граѓаните против изградбата на рудникот „Иловица-Штука“ на организираниот настан „Потпиши се против рудникот на смртта“. Книгите за потписи на граѓаните против рудникот ќе бидат дистрибуирани во сите општини и населени места во регионот. Активистите побараа од Владата целосно да ги раскине двете концесии за...

„Сите за МКЦ“ со барања до Град Скопје – регуларен конкурс за избор на директор и зголемување на буџетот

„Кратењето на програмскиот буџет на МКЦ за 92% е крајно неприфатливо и сериозно ја загрозува способноста на МКЦ да ги одржува мноштвото културни настани кои редовно ги одржува години наназад. Дополнително, поставувањето в.д. директор кој не е од сферата на културата и не е од редот на вработените на МКЦ е крајно нерегуларно и повторно ја загрозува способноста на МКЦ да функционира со полна пареа како што функционирало со години“, се вели во писмото на „Сите за МКЦ“

Буџетот скратен, директорот спастрен: По половина век постоење, МКЦ Скопје е на колена

Помалку од еден месец откако Младинскиот културен центар во Скопје (МКЦ) одбележа половина век од своето основање, култната институција посветена исклучиво на младите се соочува со најтешкиот период во богатата историја. За време на мандатот на градоначалничката Данела Арсовска, во МКЦ има драстично намален буџет, смени на директори, протести, заклучени врати и многу нејаснотии. Поранешниот директор, а сега раководител на...

Петиција: Улицата Пиринска, на која се наоѓа Руската амбасада во Скопје да се преименува во „улица Украинска“

Граѓаните на Северна Македонија од вчера имаат можност да се приклучат на петицијата „улица Украинска“ со што би ги поттикнале градските власти да ја преименуваат улицата Пиринска, на која се наоѓа  Амбасадата на Руската Федерација  во Скопје, во улица Украина, соопшти Амбасадата на Украина. „Ова би бил симболичен чин на поддршка за украинскиот народ, кој ја брани својата независност во...

Петиција на екологистите: Реките ќе ги спасиме со укинување на субвенциите за мали хидроцентрали

Да се заштитат реките од изградбата на мали хидроцентрали и да се укинат субвенциите за инвеститорите, апелираат македонските екологисти на Светскиот ден на реките. Под мотото „Да ги оставиме реките слободно да течат!“ граѓанската организација „Еко свест“ организира петиција за укинување на субвенциите за малите хидроцентрали и апелира граѓаните, од чии сметки за за електрична енергија се одвојуваат овие...

„Еко свест“: Да се укинат субвенциите за мали хидроцентрали и парите да се насочат кон сонцето и ветерот

Да се укинат субвенциите за мали хидроцентрали е новата кампања на Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, за која деновиве започна и петиција за собирање на потписи. Петицијата, заедно со кратко информативно видео, е објавена на нивните страници на социјалните мрежи, а од „Еко свест“ апелираат граѓаните да ја потпишат и да дадат поддршка за укинување...

Во Бугарија петиција против партнерството на „Еуроњус“ со „ТВ Европа“

Бугарски интелектуалци и новинари вчера, на Светскиот ден на слобода на медиумите, почнаа петиција со пет прашања до европскиот информативен гигант „Еуроњус“, откако оттаму беше најавено формирањето нов информативен телевизиски канал „Еуроњус Бугарија“, во стратешко партнерство со бугарската „Телевизија Европа“. Како што пренесе mediapool.bg, во петицијата отпочната од Атанас Чобанов, главниот уредник на сајтот за истражувачко новинарство „Бивол“ се упатуваат...

Се вжештуваат реакциите на спротивставените страни за висококатниците кај Холидеј Ин

Секоја од спротивставените страни во однос на изградбата на висококатници на просторот спроти Холидеј Ин денеска излезе со пожестоки ставови во однос на темата. Жителите од Ново Маало, кои го поддржуваат инвеститорот МГ Фешн за изградба на трите висококатници, денеска до Владата на РСМ и Општина Центар доставија петиција со преку 330 потписи од жители на Ново Маало и...

Глобална петиција за правото на здрава планета да стане универзално човеково право

Здравата природна средина да стане универзално човеково право и да се вклучи во Универзалната декларација на човекови права е иницијативата до Обединетите нации поттикната од граѓански организации од над 100 држави, меѓу кои и Македонија. Македонското еколошко друштво (МЕД) денеска се приклучи кон глобалната иницијатива која започна на 13 јули, како апел да се воведе нов член во Универзалната декларација...

„Go Green“ со петиција бараат енергетско-ефикасни училишта на сончева енергија

Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Go Green започна петиција со која бараат институциите да посветат повеќе внимание и ресурси на зајакнување на енергетската ефикасност на училиштата, користење сончева енергија за загревање и струја, и поголема застапеност на образованието за климатски промени во образовната програма. „Бараме училиштата да ја зголемат класата на енергетска ефикасност (изолација, покрив, прозорци)...

„Еквалис“ со петиција за намалување на наставниот материјал во основните и средните училишта

Здужението за едукативен развој „Еквалис“ и група на младински активисти ја започнуваат кампањата „Спас за учебната година“ (#спасзаучебнатагодина) со којашто ја покренуваат петицијата за намалување на наставниот материјал на 70% во основните и средните училишта во Република Северна Македонија. „Апелираме дека оваа вонредна ситуација треба да биде третирана како таква во образованието. Намалувањето на наставниот материјал на 70% би овозможилo...

Тетово: Граѓаните со години бараат асфалтирање на нивната улица

Последен пат улицата „116“ во Тетово е асфалтирана пред независноста на Македонија (1991), и таа во моментов е во ужасна состојба. Над 200 жители од оваа населба потпишаа барање, кое потоа беше испратено до Општина Тетово, но сѐ уште немаат добиено никаков одговор иако писмото е доставено пред скоро еден месец. Од Општина Тетово не даваат конкретен датум за...

Матурантите бараат уписи на факултет со училишна матура

Педесетина завршени средношколци од Штип со положена училишна матура, преку петиција бараат од Министерството за образование и наука (МОН) да им овозможи упис на некој од македонските факултети. На собирот пред уписните пунктови на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, матурантите го искажаа својот револт од тоа што не им се прифаќаат пријавите. Матурантите тврдат дека не биле навреме информирани...

„Еко-свест“ покрена петиција за мерки за намалување на аерозагадувањето во Скопје

Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ по најновите извештаи за загадувањето на воздухот во Скопје, покрена онлајн-петиција со која од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Град Скопје се бараат итни чекори за борба против причините за загадување на скопскиот воздух. #СкопјеДише отрови, а сака #ЧистВоздух! - Потпиши се денес! Имаме 10 лесно применливи...

Петиција во Словачка против тенковите на моторџиите „Ноќни волци“

Повеќе од 200 истакнати имиња од Словачка ја потпишале досега петицијата со која се бара од премиерот Петер Пелегрини да преземе мерки за растурање на кампот на моторџиската група „Ноќни волци“, која има свои ограноци во многу земји, а е основана во Русија и ужива сесрдна поддршка од рускиот претседател Владимир Путин. Петицијата беше покрената откако преку снимки се дозна...

Коѕиас за протестите: Од милион стигнавме на 4.000, Грците ги кршат стереотипите

Од еден милион демонстранти, дојдовме на 100.000 и сега на 4.000 илјади. Ова покажува дека грчкиот народ ги крши стереотипите, рече грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, коментирајќи ги вчерашните протести на грчките националисти кај Псарадес против потпишувањето на Спогодбата за решавање на спорот меѓуа Македонија и Грција. Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефот на грчката...

Во Врапчиште протест против спортските обложувалници

Жители на гостиварско Врапчиште денеска по петочната молитва протестираа против спортските обложувалници, јави телевизијата 21. Тие го блокираа патот што минува покрај зградата на општина Врапчиште, и потпишаа петиција на која собраа 800 потписи. Жителите на Врапчиште реагираат што во објекти наменети за домување се отвораат обложувалници и ја повикаа и централната власт да реагира. На протестот, во знак на поддршка излезе...

Собирањето потписи за лицата со посебни потреби продолжува во другите градови

Денеска до пладне во Штип, 600 граѓани се потпишаа во книгите за собирање потписи за измена на закони и на подзаконски акти за соодветни права на децата со посебни потреби. Претседателот на здружението „Сплотени срца“, Зоран Мијалков, кој е и татко на дете со посебни потреби, изјави дека очекува акцијата да се интензивира. - Денеска и утре ќе се постават книги за...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...