fbpx
Таг: пештера

таг: пештера

На ова видео не е претставен „бункер во Соње“ туку рудник за сол во Романија

На видеото во постот што се споделува на Фејсбук не е претставена локација во Скопје, туку е прикажан рудник за сол во Романија.  Кадарот од видеото со крстот, се појавува во бројни рецензии и туристички оценки за овој рудник. На следниот линк има фотографија од сличен кадар со крстот од видеото и на следното видео на 18:24 мин., исто...

Од пештерата во Тајланд спасени и последното момче и тренерот

Специјалците „фоки“ од тајландската Воена морнарица предмалку соопштија дека од пештерскиот систем, каде беа заглавени од 23 јуни годинава, се спасени и последното момче и тренерот. Излегувањето од отворот на пештерите Там Луанг на нуркачите и на момчето, беше поздравено со бурен аплауз и френетични извици. Четиримина нуркачи остануваат внатре во пештерите „за секој случај“, велат од тајландската армија, иако...

Се чека од пештерата во Тајланд да се спасат последните две момчиња и тренерот

Од пештерскиот систем Там Луанг во Тајланд, во кој беа долго заглавени, денеска се извлечени уште две момчиња, и сега внатре се уште две и нивниот тренер, јавија светските агенции. Денеска е третиот ден од спасувачката операција за 12-те момчиња, млади фудбалери, и тренерот кои повеќе од две седмици беа заглавени во пештерата во Тајланд, која беше поплавена, па нуркачи...

Спелеолози пронашле черепи додека истражувале во пештера во село Корито

На 18 август, претседателот на спелеолошкиот клуб „Кораби“ Ј.О. се јавил во полициската станица во Гостивар и пријавил дека на 17 август на место викано Чавкарник, во сeло Корито, додека истражувале пештера, на околу 20 метри длабочина забележале остатоци од неколку черепи и една неексплодирана граната. За настанот бил запознаен Јавен обвинител кој наредил да се изврши увид. „Увидот бил извршен на...

Полјакот Старнавски нурна до 240 метри во пештерата Врело и го урна сопствениот рекорд

Светски познатиот спелеолошки нуркач Криштоф Старнавски од Полска се спушти на длабочина од 240 метри во подводната пештера Врело на Матка, соборувајќи го минатогодишниот сопствен рекорд од 230 метри. Старнавски во придружба на неговиот тим и со логистичка поддршка од домашните спелео- нуркачи од клубовите „Акватек“ и „Врело“ од Скопје, по повеќе од пет часа успеа да се спушти на...

Во пештера во Кичевско пронајдени десетици черепи

Обвинители, полиција, истражители и форезинчари сè уште вршат увид откако вчера во пештера во Кичевско биле пронајдени човечки черепи и коски. Од Основното јавно овинителство - Гостивар велат дека кичевската полиција добила анонимна дојава дека во пештера помеѓу селата Тајмиште и Бачишта (Кичевско), над Бачишка Река, има човечки черепи, по што основниот јавен обвинител излегол на терен. Од обвинителството не го соопштуваат...

Полски нуркач ќе го урива рекордот за спуштање од 212 метри во пештерата Врело

Спелеолошкиот нуркач Кшиштоф Старнавски од Полска ќе се обиде да го надмине рекордот на италијанскиот нуркач Луиџи Казати, кој во 2010 година се спушти на длабочина од 212 метри во пештерата Врело на Матка. Во организација и на покана на нуркачкиот клуб „Акаватек“ и спелео-нуркачкиот клуб „Врело“, Старнавски веќе неколку денови, заедно со тим од домашни нуркачи, ги прави подготовките и нуркањата во...

Нова експедиција во пештерата Ѓоновица

Македонските нуркачи, предводени од спелеo-нуркачкиот клуб „Врело“, денеска ја почнуваат експедицијата во пештерата Ѓоновица, Гостиварско. Најдобрите спелеонуркачи и спелеолози од земјава во следните пет дена ќе ги покажат своите способности во истражување на внатрешноста на една од најубавите пештери во Македонија. Освен нуркачите, во истражувањето се вклучени и научници од повеќе области, кои треба детално да ги испитаат дадените примероци...

Откриена нова пештера на Галичица

Спелеолозите открија нова, до сега не истражена пештера на планината Галичица. Пештерата била откриена во рамки на првиот спелеолошки камп што во организација на СК „Златоврв“ – Прилеп и „Ботом тајм“ – Охрид, се одржа овој месец на Галичица. - Откриена беше нова пропаст во близина на Елшани. Таа не е многу туристичка, малку е ризична за обични посетители, потребна...

(АНАЛИЗА) Наплата на даноци и трошоци за плати и комуналии во 2023: Струга, Тетово, Чаир и Скопје

„Договорни услуги“ во износ од стотици илјади евра, платите и придонесите доминантна трошковна ставка во буџетите на локалните власти. Во второто продолжение на „Анализа“ се претставуваат податоци за приходите...