fbpx
Таг: пешак

таг: пешак

Еден загинат и еден тешко повреден пешак во сообраќајки вчеравечер

Во две сообраќајни несреќи што се случиле вчеравечер, еден пешак го загубил животот, а жена задобила тешки телесни повреди, соопшти МВР. Сообраќајката со смртни последици се случила во Нов Дојран. Како што пренесува полицискиот билтен, на улицата „Маршал Тито“ патничко возило „шевролет“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(26) од Гевгелија, удрило во пешакот Д.Ѓ.(48) од Нов Дојран. На местото...

ОЈО на увид по тешката сообраќајна несреќа на мостот „Гоце Делчев“ во која БМВ џип прегази пешак

Во центарот на Скопје денеска се случи уште една тешка сообраќајна несреќа. Нешто по 11 часот пешак почина на мостот „Гоце Делчев“ откако беше прегазен од БМВ џип. Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека јавен обвинител изврши увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа. „Првичните сознанија упатуваат дека до несреќата дошло кога автомобил марка БМВ...

Обвинителството ја истражува сообраќајката кај „Сити Мол“ во која загина 24 годишна девојка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство - Скопје (ОЈО Скопје) синоќа извршил увид на местото на тешка сообраќајна несреќа во близина на трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје, во која животот го загуби 24-годишна девојка, а нејзиниот врсник што ја придружувал беше повреден, соопшти ОЈО Скопје. Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога автомобил „Цитроен Ц4“, управуван од 22-годишник удрил...

Возач удрил пешак и избегал со автомобилот

Засега непознат возач со автомобил вчера удрил во пешак во Струмичко и го усмртил, по што избегал, соопшти полицијата. Според билтенот, сообраќајката се случила вчера, околу 4.30 часот, на регионалниот пат Струмица - село Банско, на излезот од селото Куклиш. Возилото удрило во А.А. (72) од Куклиш, кој од добиените повреди починал. Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи (СВР) -...

Автомобил усмрти пешак во Ѓорче Петров

А.М.(1990), управувајќи автомобил „цитроен Ц4“ со гостиварски регистарски ознаки удрил во пешакот В.Ч (1967) на улица Ѓорче Петров кај „Бау маркет“. По сообраќајната несреќа што се случила синоќа, пешакот бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде што им подлегнал на повредите. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Прегазен пешак на регионалниот пат Јажинце – Тетово

На регионалниот пат Јажинце - Тетово, управувајќи возило „ауди 80“ со тетовски регистарски ознаки, Љ.A. (54) удрил во пешакот Бранче Б.(52) од Тетово, кој починал на местото на настанот. Смрт е констатирана од лекар. По извршениот увид, по наредба на јавен обвинител, над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Пешак загина на улица во Тетово

Пешак на возраст од 57 години претпладнево почина откако во него удри товарно возило, марка „мерцедес“, додека ја преминувал улицата Видое Смилевски - Бато во Тетово. Сообраќајката се случила надвор од обележан пешачки премин. Пешакот, кој од ударот имал тешки повреди по телото, од возачот на камионот, со друго возило, веднаш бил пренесен во тетовската клиничка болница, каде по кратко време...

67-годишен пешак прегазен на улица во Чаир

Шеесет и седумгодишен жител на велешкото село Кочилари го загубил животот во сообраќајна несреќа, што вчера се случила на улицата Кемал Сејфула во скопската населба Чаир, сооошти денеска полицијата. Како што информираат оттаму, сообраќајната несреќа се случила околу 6.50 часот, кога автомобил, марка „опел астра“, што го управувал 34-годишниот Ќ.К., удрил во Иса К. (67), кој се движел пеш. Тој со...

Куќен притвор за возачот на камионот што го усмрти девојчето во Влае

„По добиената кривична пријава против возачот на камионот што вчера удри во 11-годишно девојче, во момент кога тоа се обидувало да ја премине улицата, денеска надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка поднесе предлог за определување мерки за претпазливост, забрана за напуштање на живеалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен...

76-годишен пешак загина на крстосница во Скопје

Седумдесет и шестгодишен скопјанец го загубил животот во сообраќајна незгода што утрово, околу 6.20 часот, се случила на крстосницата на улиците Ѓорче Петров и Мајски манифест, соопшти полицијата. Како што информираат од полицијата, Благоја Н. (76), кој се движел пеш, настрадал откако во него удрило возило, марка „фиат дукато“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот А.Ј. Од сериозноста на повредите, пешакот...

Автомобил прегазил пешак на патот Кичево-Македонски Брод

Вчера, околу 11.20 часот, на регионалниот пат Кичево - Македонски Брод, се случила сообраќајна незгода помеѓу „цитроен берлинго“ со кичевски регистерски ознаки, управувано од И.Н.(44), и велосипед управуван од Насуф Н. (74) од Кичево. Во незгодата, тешки  телесни повреди добил велосипедистот, кој со возило на брза помош бил пренесен во болницата во Кичево, каде им подлегнал на повредите. На местото на...

Косовски државјанин загинал во сообраќајка во Чаир

Државјанин на Косово го загубил животот во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на улицата Лазо Трповски во скопската населба Чаир, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, сообраќајката се случила околу 16.10 часот, кога автомобил, марка „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал М.Ф.(55) удрил во косовскиот државјанин Ариан Р. кој се движел пеш. Ариан Р. со...

Прегазен пешак во Стар Дојран

Во сообраќајна несреќа вчера во близина на населбата Карач во Стар Дојран загинал Ристо Б. (77) од Гевгелија. Во загинатиот пешак удрл Д.С (25) кој управувл со „Опел Корса“ со светиниколски регистарски ознаки. Повредениот бил пренесен во болница во Гевгелија, а потоа и во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје каде им подлегнал на повредите. Полицијата работи на целосно расчистување на...

Удрениот пешак во Пинтија им подлегна на повредите

Вчера, во 6.20 часот, во населбата Пинтија во Скопје, на крстосницата од булеварот Борис Трајковски и улица која води кон фирмата „Мак тренд“, се случила сообраќајна незгода во која П.Ј. (1954) од Скопје, управувајќи возило „фолксваген кеди“ со скопски регистерски ознаки, удрил во пешакот Живојин К. (1945) од Скопје. По несреќата, со возило на Брза помош, пешакот е пренесен во Ургентниот центар, каде им подлегнал...

70-годишен пешак загина во сообраќајка во Кисела Вода

Седумдесетгодишен скопјанец го загубил животот во сообраќајна несреќа што утрово околу 7 часот се случила на булеварот Борис Трајковски, во населбата Кисела Вода. Според полициските информации, товарно возило, марка „фолксваген кеди“, со скопски регистрски таблички, удрил во Живојин К. кој се движел пеш. Тој веднаш бил пренесен во Ургентниот центар, каде по кратко време им подлегнал на повредите. Екипи на Секторот...

Прегазен пешак на патот Кичево – Гостивар

Шеесетгодишен жител на кичевското село Трапчин Дол го загубил животот во сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на магистралниот пат Кичево - Гостивар, во близина на селото, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, околу 1.15 часот по полноќ, автомобил, марка „опел астра“ со охридски регистарски таблички, што го управувал А.С. (64) од селото Букојчани, удрил во пешакот Шукри А. (60),...

Судењето за сообраќајката кај Католичка црква закажано за 30 септември

За 30 септевмри годинава е закажано судското рочиште за сообраќајната несреќа кај Католичка црква, која се случи на 15 ноември минатата година и во која животот го загуби малолетно момче, соопшти Основниот суд Скопје 1. „На обвинетиот Џ.М. му се става на товар кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, информираат од судот. Обвинителниот акт против...

Две жртви во сообраќајни несреќи во Куманово и во Кавадаречко

Седумдесет и осумгодишна кумановка и 49-годишен жител на Кавадарци ги загубиле животите во две одвоени сообраќајани несреќи, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, вчераутро, околу 6.40 часот, на раскрсница во Куманово, автомобил марка „цитроен џампер“, што го управувал М.А. (35), удрил во Горица С. (78), која се движела пеш. Кумановката веднаш била пренесена во кумановската болница, но поради сериозноста на...

Прегазен 74-годишен пешак во Крива Паланка

Седумдесет и четиригодишен жител на Крива Паланка го загубил животот во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила кај местото Лијаков мост. Според полицијата, сообраќајката се случила околу 14 часот, кога возило, марка „даеву“, кое го управувал Н.Д. (20), удрил во Мијалко С. (74), кој пеш се движел по коловозот. Поради тешките повреди, Мијалко С. починал на пат кон Ургетниот центар...

Автобус на ЈСП усмртил пешак на булеварот Борис Трајковски

Фазли Е. (63) од кумановското село Романовце го загубил животот во сообраќајна незгода што вчеравечер се случила на булеварот Борис Трајковски во Скопје, информира полицијата. Сообраќајната незгода се случила околу 19.30 часот, кога градски автобус на ЈСП удрил во Фазли Е., кој се движел пеш. Од сериозноста на повредите тој починал на самото место. Јавен обвинител и екипа на СВР Скопје извршиле...

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно

Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот...