fbpx
Таг: пепел

таг: пепел

Поднесено обвинение до РЕК Битола за загадување на животната средина

Основното јавно обвинителство Битола до Основниот суд во Битола поднесе обвинителен акт против едно одговорно лице за кривично дело – Загадување на животната средина и природата како и против правното лице АД за производство на електрична енергија – Електрани на Северна Македонија кое се товари дека сторило кривично дело – Загадување на животната средина и природата, информираат од Јавно...

Од 1 јануари почнува тригодишниот план за замена на електростатските филтри на РЕК Битола

Заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули, денеска на отворениот ден во Цементарница УСЈЕ информираше дека во декември ќе заврши процесот на третирање на пепелта во РЕК Битола и дека ова прашање се решава, прв пат после 10 години. „МЗТ Инжинеринг“ е компанијата која што победи на тендер, тендерот беше во вредност од 22 милиони денари, започна во август и завршува...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Ковачевски сами да си поднесат кривични пријави

Генералниот директор на РЕК Битола, Васко Ковачевски, и раководството на СДСМ сами на себе да си поднесат кривични пријави за загрозувањето на здравјето на битолчани и животната средина, како што правеа кон претходното раководство, порача ВМРО-ДПМНЕ денеска. - Раководството на ЕЛЕМ, покрај директната одговорност што ја има со лошото менаџирање со водостојот на Охридското Eзеро, со што неколку дена под...

Еруптира вулканот Шинмоедаке во Јапонија, наредена евакуација на населението

Вулканот Шинмоедаке во јужниот дел на Јапонија еруптираше првпат во последните шест години, исфрлајќи облаци пепел во висина од неколку стотина метри, јавуваат светските агенции. Јапонските власти веднаш издале предупредување и го повикале населението во близина на вулканот на евакуација. Вулканската пепел достигнала висина од 300 метри кога почнала ерупцијата, која најверојатно ќе продолжи и ќе стане поинтензивна, навеле од јапонската...

„За нас се работи“ поднесе кривична пријава против директорите на ЕЛЕМ и на РЕК Битола

Битолското здружението „За нас се работи“ денеска до Основното јавно обвинителство - Битола поднесе кривична пријава против седуммина директори и раководители на „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) и на РЕК Битола поради сторено кривично дело загадување на животната средина и на природата. Битолските екологисти кривичната пријава ја поднесоа против генералниот директор на ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски, директорот на РЕК Битола, Иван Куковски,...

РЕК Битола: Ако има ветер, нема како да се спречи разнесувањето на пепелта

Пепелта што излегува од РЕК Битола и која претставува голем еколошки проблем за битолчани, и во следните девет години како и досега ќе се истура во т.н касети, кои потоа сe затрупуваат со земја. Според директорот за развој на инвестиции во РЕК Битола, Тони Паспаловски, најголем проблем е кога во моментот на истурање на пепелта во касети, ќе дувне ветер и...

Истовремена ерупција на пет вулкани во Индонезија

За еден месец пет вулкани на индонезискиот архипелаг еруптирале речиси истовремено, исфрлајќи големи количества пепел во небото, поради што три аеродроми во Индонезија морале да бидат затворени за сообраќај, јавуваат светските агенции. Вулканот Маунт Рунг на островот Јава почнал да исфрала пепел во висина од 2.000 метри, по татнежите во неговата внатрешност кои траеле неколку недели, соопштиле индонезиските вулканолози. Речиси во...

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...