fbpx
Таг: Пендаровски

таг: Пендаровски

(Не)видливата „руска рака“ во последниот круг заострување меѓу Софија и Скопје

Иако постојат варијaции на темата каде е поголемо руското влијание при последната ескалација на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, сосема е извесно дека повеќе сериозни извори се согласни дека тоа постои. Несомнено се присутни и голем број информации и дезинформации околу ова прашање и тие се во функција на таа ескалација, со веројатно крајна цел да се држи...

Штајнмаер и Пендаровски во Чаршија јадеа баклава, пиеја чај и видоа како се прави филигран

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер денеска ја посетија Старата скопска чаршија, како културно-историски дел од Скопје и симбол на македонското мултиетничко општество. Германскиот претседател втор ден е во официјална посета на земјава. Претседателите прошетаа низ Чаршијата, посетија работилница за филигран и се запознаа со начинот на изработка на уникатен накит. Таму, неизоставен дел беа...

Штајнмајер го разгледа иконостасот во „Св. Спас“ и се поклони на гробот на Гоце Делчев

Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, заедно со претседателот Стево Пендаровски, денеска положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје. Двајцата претседатели, по завршувањето на церемонијата на положување венци, ги разгледаа иконостасот, иконите и фрескоживописот во црквата. Претходно, претседателот Пендаровски во претседателскиот кабинет на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека...

Пендаровски не изјавил дека на Украина ќе ѝ донираме и авиони

Проблематично во оваа објава е што не е споделен линк од оригиналниот напис, за да можат читателите кога ќе кликнат на објавата да прочитаат дека станува збор за сатирична објава и дека, всушност, Пендаровски не кажал вакво нешто. Наместо тоа, споделен е исечок од написот, односно само насловот и објавен како принтскрин, но изоставен е наднасловот кој укажува дека...

Започна свеченоста по повод јубилејот 80 години од Денот на народното востание – 11 Октомври (Во живо)

Продолжуваат свеченостите по повод 11 Октомври – Денот на народното востание и во чест на 80 годишнината од овој настан. Денеска во Прилеп, делегации на државниот врв, на општествено-политичките организации, на Армијата, на борците, на дипломатскиот кор и на гостите од странство, ќе положат венци свежо цвеќе на спомениците на Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифовски Питу, и на спомен...

Пендаровски со волонтери од Црвениот крст: Вие сте светол пример, само продолжете така

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, денеска во Црвениот крст се сретна и поразговара со неколкумина волонтери, им честиташе за нивниот ангажман, мотивираност и пожртвуваност во овие тешки времиња, без притоа да имаат за себа било каква материјална или финансиска добивка. „Воодушевен сум од тоа што го правите. Можам само да ве замолам да издржите, бидејќи оваа ситуација најверојатно ќе продолжи...

Онлајн дебата со Пендаровски за Денот на НАТО, музичка честитка за добродојде за Македонија

Претседателот Стево Пендаровски и техничкиот премиер Оливер Спасовски беа говорници на денешната онлајн-дебата што по повод Денот на НАТО ја организираа Факултетот за безбедност и Американскиот центар за образование. Во саботата, на 4 април, Денот на НАТО, ансамбл на оркестарот на военото воздухопловство на САД од базата „Рамштајн“ во Германија со изведба на химната на Алијансата и посака добродојде...

Не претседателот, туку премиерот Заев ја доби меѓународната награда „Иса-бег Исхаковиќ“

Босанскиот портал „Блијесак инфо“ објави текст со погрешен наслов: „Претседателот на Северна Македонија добитник на наградата именувана по основачот на Сараево“ (Predsjednik Sj. Makedonije dobitnik nagrade nazvane po utemeljitelju Sarajeva). Со ваквиот наслов медиумот ја дезинформира јавноста, бидејќи споменатата награда не ја доби претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, туку премиерот, Зоран Заев. Станува збор за меѓународната награда „Иса-бег...

Совет за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна, внимателно се следат настаните во регионот

Состојбата во земјата и во регионот е стабилна и засега нема индиции дека би биле загрозени границите или пак интегритетот и суверенитетот. Сите надлежни институции во континуитет ги следат ситуациите коишто потенцијално би можеле да прераснат во посериозен проблем, како што е мигрантската криза, е констатирано на конститутивната седница на Советот за безбедност која денеска се одржа во кабинетот...

Пендаровски во официјална посета на Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Сојузна Република Германија, соопштија од претседателскиот кабинет. Пендаровски ќе има одвоени билатерални средби со својот германски колега Франк-Валтер Штајнмајер и со министерот за надворешни работи Хајко Маас. При посетата, претседателот Пендаровски ќе биде почесен гостин на вечера организирана од страна на институтот „Аспен“ во Берлин. Посетата на Пендаровски уследува по...

Пендаровски ги потпиша законите за абортус, за дискриминација, за пристап до информации и 15 други

Претседателот на државата Стево Пендаровски потпиша укази за прогласување на 18 закони, кои не беа потпишани од претседателот Иванов, соопшти претседателскиот кабинет. Меѓу потпишаните се указите за прогласување на Законот за спречување и заштита од дискриминација, потоа Законот за прекинување на бременоста, попознат како закон за абортусот, а Пендаровски ставил потписи и на Законот за бесплатна правна помош, на Законот...

Пендаровски го назначи Еролд Муслиу за нов директор на Агенцијата за разузнавање

Со одлука на претседателот на државата, Стево Пендаровски, Еролд Муслиу е именуван за нов директор на Агенцијата за разузнавање. Тој досега беше помошник-директор во агенцијата. Ерол Муслиу завршил Факултет за безбедност во Скопје како еден од најуспешните студенти, а по дипломирањето веднаш бил вработен во 1994 година во Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање, а со формирањето на Агенцијата за разузнавање,...

Што покажа и што можеме да научиме од првиот претседателски изборен круг

Фото: Борче Поповски
Првиот круг од претседателските избори во Република Северна Македонија (РСМ) покажа дека политичката реторика која не дава конкретни резултати на терен и подобар живот за граѓаните веќе не функционира, особено не кај албанските гласачи, коментираат соговорниците за „Порталб.мк“. И оние кои гласаа, но и оние кои не гласаа, испратија порака дека власта треба под итно да се реформира, почнувајќи со...

„Вистиномер“ вршеше проверка на факти од предизборен дуел

Тимот на „Вистиномер“ во петокот претпладне на 12 април 2019 година присуствуваше на снимањето на ТВ дуелот меѓу тројцата претседателски кандидати, кој се одржа по повод овогодишните претседателски избори и се емитуваше истата вечер на Првата програма на „Македонската телевизија“. Во соработка со организаторот на ТВ дуелот, ИДЕАОК, беше договорено тимот на „Вистиномер“ да изработи анализи во кои се проверуваа...

Анализа: Кампањата почна со јога, политика и тешка математика

На самиот почеток на кампањата за претседателските избори во Северна Македонија има се разбира многу политика, но и многу математика и ... по малку забава. Гласачите на 21 април во првиот круг ќе избираат меѓу тројца кандидати Стево Пендаровски – кандидат кој го подржува владејачката партија СДСМ, Гордана Силјановска - Давкова која се декларира како независен кандидат, но ја доби...

Стево Пендаровски е консензуалниот кандидат на СДСМ и коалицијата за шеф на државата

Стево Пендаровски е консензуалниот кандидат за шеф на државата зад кој застанаа СДСМ и коалиција, владината коалиција и неколку други партии. На двочасовната средба, премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, заедно со другите партиски лидери, рече дека сите застануваат зад Пендаровски. - За прв пат во македонската историја различните застануваат зад еден кандидат. Застануваме сите зад Стево Пендаровски, натпартиски, европски, граѓански...

Истражување за странското влијание врз медиумите при патот на Македонија во НАТО и ЕУ

Утре во 14 часот во ЕУ Инфо Центарот ќе се презентира истражувањето "Мониторинг на странското влијание врз медиумските содржини во процесот на пристапување на Македонија кон НАТО/ЕУ". Во истражувањето генерално се констатира дека „странското политичко влијание беше од најголем обем во последните неколку години“. „Во последните неколку години во Република Македонија беше забележан зголемен директен странски интерес поради најавите за засилени...

Пендаровски: Битката на Заев не е лична, доказите ќе ги објавиме

Се добива впечаток дека е тоа некоја лична борба на Заев, дека тој има нешто во џебот, никој друг околу него не знае за што станува збор и бие некоја приватна политичка битка. Сите ние тука, прво, сме упатени за што станува збор, како и другите политички партии што се во опозицијата. И тие материјали не ги нарекуваме „бомби“...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...