fbpx
Таг: Пелинце

таг: Пелинце

Криумчар од Велес фатен со камион полн со 44 илегални мигранти

Близу граничниот премин „Пелинце“ со соседна Србија, Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера фатило камион „Ман“ со 44 илегални мигранти управуван од жител на Велес. Како што објаснија од полицијата, станува збор за Д.С.(27) од Велес. При контролата, во камионот со велешки регистерки таблички биле откриени 44 мигранти од Палестина, Ангола, Конго, Судан, Пакистан, Гана и Сенегал, меѓу кои и малолетници. Д.С....

Илинден – Денот на Републиката се одбележа со церемонии во Скопје, Пелинце, Смилево и Крушево

Почнувајќи од Скопје, преку Пелинце и Смилево, до Крушево - центарот на Илинденското востание, денеска во земјава се одбележуваа двата јубилеја - 118 години од Крушевската република (1903 година ) и 77 години од Првото заседание на АСНОМ (1944 година) - како двата клучни настани за воспоставувањето на македонската државност.   Џафери говореше пред Собранието Програмата во Скопје, во организација на Собранието...

Со мерки за заштита од ковид-19, земјава денеска го чествуваше Илинден

Без масовни собири и без културно-уметнички програми, под заштитни маски и со кратки церемонии Македонија денеска го чествуваше празникот Илинден. Пандемијата на ковид-19 влијаеше на намалување на масовноста на организираните настани и на примена на мерките за заштита од вирусот при прославувањето на двата Илиндена. Годинава, Денот на Републиката 2 – Август, Илинден, кој се празнува под слоганот „Победа за...

Влада: Свеченостите по повод Илинден ќе се одржат согласно протоколот, без масовни народни собири

Во организација на Владата, во координација со Претседателот и со Собранието, на 2 Август, по повод Денот на Републиката – Илинден, ќе се организираат свечени програмски содржини посветени на големиот државен празник, кои оваа година ќе се реализираат согласно препораките од протоколот за одбележување државни празници на Комисијата за заштита од заразни болести. „Тие услови оваа година, заради пандемијата со...

Заев: Референдумот е нашата нова историска одредница, излезете и изберете

Патриотизам е кога им го градиш патот на идните генерации, правејќи држава признаена од сите, горда, исправена, еднаква со другите држави на која граѓаните ќе бидат горди, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање на Пелинце по повод прославата на двата Илиндена. Заев апелира граѓаните да излезат на референдумот на 30 септември и да кажат „да“ за идните генерации и...

Прославата на Илинден под мотото „Наша Македонија“

Прославата на Денот на Републиката - Илинден, ќе се одржи под мотото „Наша Македонија“, соопшти Владата. „Темата на Денот на Републиката  е ,Наша Македонија - без разлика на вера, етничка припадност, пол и убедувања. Бидејќи од дедо - прадедо си живееме како браќа и сестри на оваа земја! За право, за слобода и за човечки живот', која е инспирирана од...

Анѓушев: Мора да направиме држава во која ќе владее правото

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска се обрати на свеченоста по повод првото заседание на АСНОМ, во Меморијалниот центар во Пелинце. Тој рече дека во државотворната историја и континуитет на еден народ, декларациите, документите, усвоените одлуки и резолуции се важен момент, но она што е уште поважно се визионерските принципи. -  Граѓаните на Македонија ги утврдија и се определија за...

Иванов од Пелинце повика на национално помирување

Претседателот Ѓорге Иванов денеска од Меморијалниот комплекс во Пелинце им го честита Илинден и првото заседание на АСНОМ на македонските граѓани и порача дека историјата покажала дека секогаш кога сме поделени, ние сме и поробени, а секогаш кога сме сплотени, сме слободни. - Но, ние веќе бевме помудри за два Илиндена, и за две изгубени можности. И немаше да...

Посебен сообраќаен режим по повод чествувањето на Илинден

По повод одбележувањето на националниот празник Илинден, во рамки на предвидените манифестации во Скопје, Крушево (Мечкин камен) и во меморијалниот комплекс Пелинце, Кумановско, ќе биде применет посебен сообраќаен режим за непречено и безбедно одвивање на закажаните настани за чествување на празникот. Утринава, од 9.30 часот во централното градско подрачје во Скопје е воспоставен посебен режим на сообраќај, односно за сообраќај се...

Вељаноски од Пелинце: Историската оценка зависи од делата, а не од зборовите

„Ниту еден проблем не е доволно голем за да не биде совладан доколку целта е Македонија. Ниту еден настан не е доволно голем доколку настапуваме со искрени намери. Ниту еден направен разговор не треба да биде пречка за да почне дијалогот“, истакна претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, во своето обраќање во Меморијалниот комлекс на АСНОМ во Пелинце, по повод...

Посебен сообраќаен режим за Илинден

По повод одбележувањето на националниот празник Илинден, во рамките на предвидените манифестации во Скопје, Крушево (Мечкин Камен) и во меморијалниот комплекс Пелинце, Кумановско, ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим заради непречено и безбедно одвивање на закажаните настани, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите на МВР, в недела со почеток од 10.30 часот, во централното градско подрачје во Скопје, за...

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката...