fbpx
Таг: пазар

таг: пазар

Кучи: Поврзување и сигурно снабдување со енергија, заедничка цел на земјите од регионот

„Македонија, како членка на Енергетската заедница, се обврза да стане дел од внатрешниот пазар на енергија во Унијата. Работиме на изнаоѓање нов концепт во политиката за поддршка на обновливите извори на енергија, како и на можностите и на начините Македонија постепено да се интегрира на регионалниот и на европскиот пазар“, изјави министерот за економија, Дритон Кучи, на министерскиот состанок на...

Најмалку 18 загинати во бомбашки напад во Пакистан

Најмалку 18 луѓе загинале, а повеќе од 50 се повредени, во експлозија на бомба на пазар во градот Парашинар, во северозападната племенска зона Курам во Пакистан, јавуваат светските агенции. Помошниот управник на областа, Шахид Кан, изјавил дека експлозијата одекнала додека пазарот бил полн со луѓе, додавајќи дека засега никој не ја презел одговорноста за нападот. Лекар во главната болница во Парашинар...

Бугарија и Македонија планираат да ги здружат своите пазари за електрична енергија

Бугарската независна енергетска берза се надеваат дека до почетокот на февруари ќе попише преддоговор за соработка со Македонија, јавува дописничката на „Мета“ од Софија. - Бугарија и Македонија размислуваат да ги здружат своите пазари за електрична енергија - изјави извршниот директор на Бугарската независна енергетска берза, Константин Константинов. Претставници на македонската електродистрибутивна мрежа и на македонската Регулаторна комисија неодамна одржаа средба со...

Караванот „Ние одлучуваме!“ ја посети скопската населба Драчево

Активистите на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ денеска ја посетија населбата Драчево и кај пазарчето, пред здравствениот дом, го поделија бесплатниот весник. „Пазарџиите се жалеа на слабата куповна моќ и на давачките, купувачите се жалеа дека и покрај ниските цени не можат да си дозволат да го купат тоа што им е потребно. Поголемиот дел од малите плати ги трошат на...

Наумов: Јавниот долг ги надмина критичните 50 проценти од БДП

Министерот за финансии, Кирил Миноски, и официјално објави дека јавниот долг изнесува 4 милијарди и 760 милиони евра или 50,6 проценти од домпашниот бруто-производ (БДП), се вели во соопштението од кабинетот на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов. - За само девет месеци, јавниот долг е зголемен за 532 милиони евра. Во текот на 2016 година, јавниот долг дневно се зголемувал за...

Одбележани 10 години од потпишувањето на договорот за слободна трговија ЦЕФТА

Во рамките на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) досега е постигната целосна либерализација во трговијата со земјоделски производи, се финализира процесот на преговори за олеснувања во трговијата, а во завршна фаза се преговорите за поширока либерализација на трговијата со услуги. Ова денеска го истакна министерот за економија, Дритон Кучи, на одбележување на десетгодишнината од ЦЕФТА. Основата на договорот е олеснување...

Пораст на побарувачката и на понудата на станови

Понудата и побарувачката на станови и на деловни објекти е голема, а банкарските услови за земање станбени кредити се релаксирани. Ова е генералниот заклучок на учесниците на денешната прва конференција за инвестиции во недвижности во Македонија. „Континуираниот пораст на расположивиот доход на населението, паралелно со стагнацијата на цените на пазарот на недвижности во посткризниот период, води кон заклучок дека моќта за...

Бензинот поевтинува за половина денар по литар

Бензинот од ноќеска на полноќ поевтинува за половина денар по литар, а цената на дизел-горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комсија за енергетика (РКЕ). Новата малопродажна цена на еден литар „еуросупер БС-95“ изнесува 61,5 денари, а на „еуросупер БС-98“ - 63 денари. Цените на „еуродизел“ и на екстралесното масло за домаќинство не се менуваат, односно остануваат 48 и 36,5 денари за еден...

Индустријата со пораст од 10,4 отсто во првите 7 месеци годинава во споредба со лани

Во јули годинава во споредба со истиот месец лани, прометот во индустријата на домашниот пазар бележи зголемување од 3,5 проценти, а прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 16,1 отсто, објави Државниот завод за статистика. Прометот од јануари до јули е зголемен за 10,4 проценти во однос на истиот период лани. Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење камен во јули во...

Најмалку 100 загинати во напади во Сирија, неколку часа по договорот за примирје

Најмалку 100 лица загинале во воздушни напади во градовите Идлиб и Алепо, само неколку часа по постигнувањето договор меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Русија за прекин на непријателствата во Сирија, јавуваат светските медиуми. Како што пренесува „Би-би-си“, во воздушен напад што го извршило засега неидентификувано летало, на пазар во Идлиб загинале најмалку 60 лица, додека 45 луѓе ги загубиле...

Наумов: Jавниот долг зголемен за нови пет милиони евра

„Министерството за финансии денеска запиша 34 милиони евра во државни хартии од вредност. Иако за враќање доспеваа 29 милиони евра, министерот Кирил Миноски одлучи да го зголеми јавниот долг за нови пет милиони евра“, се вели во реакцијата на дополнителниот заменик-министер за економија, Кире Наумов. Според Наумов, „незаконската еврообврзница од 450 милиони евра за оваа неодговорна власт не е доволна...

Пад на грчкиот извоз и на малопродажбата

Грчкиот извоз се намалил за 8,1 отсто во првата половина од 2016 година. Годинешниот извоз се смета дека е на најниско ниво од 2012 година досега. Ако лани истиот период профитот од извезувањето грчки производи бил 12,8 милијарди евра, годинава тој е 11,9 милијарди евра. Од Грчката конфедерација на извозници коментираат дека драстичниот пад од една милијарда евра во грчкиот извоз е...

Почна со работа добиточниот пазар во Кривогаштани

Добиточниот пазар во општина Кривогаштани денеска продолжи со работа по пауза од три месеци. Агенцијата за храна и ветеринарство ја укина забраната за продажба на добиток, која стапи на сила откако во земјава се појави болеста јазлеста кожа и беше забранета продажбата на добиток на целата територија на Македонија. Од ЈП „Пелагонија“, под чија надлежност е пазарот, упатуваат апел до сточарите...

Девизните резерви во јули се зголемиле

Во јули е забележано зголемување на девизните резерви, информираат од Народна банка. Главен фактор за зголемувањето во овој период се трансакциите за сметка на државата, заради издадената еврообврзница, а во помал дел и девизните депозити на домашните банки кај НБРМ, како и интервенциите на НБРМ на девизниот пазар, коишто во текот на јули беа во насока на нето-откуп на девизи. - Сите...

Се подобрува девизната ликвидност на банките

Сезонско зголемување на понудата на девизи од менувачи и истовремен пад на побарувачката на девизи од фирмите е забележано изминатиот месец, информираат од Народна банка. - Трансакциите со физички лица, натамошното намалување на побарувачката и зголемувањето на понудата на девизи, придонесе банките да остварат релативно висок нето-откуп со овие клиенти. Поволните движења во трансакциите со клиенти придонесоа за подобрување на девизната...

Најмалку 13 убиени во напад на пазар во индиската држава Асам

Најмалку 13 луѓе се убиени, откако вооружена група отворила оган на пазар во индиската североисточна држава Асам, јавуваат светските медиуми. Локалната полиција за нападот ги обвини припадниците на бунтовничката група Национален демократски фронт на Бодоланд, фракција која се бори за формирање на посебна држава на етничката група Бодо, независно од Асам. Според информациите, еден од напаѓачите бил убиен во...

Народна банка интервенирала со 129 милиони евра на девизниот пазар

Девизниот пазар во јуни се стабилизира и по два месеца на нето-продажба, банките овој месец оствариле нето-откуп на девизи од физичките лица, информира Народна банка. - Дополнителен фактор за повисока понуда на девизи беа и менувачниците, чијшто нето-откуп од физичките лица забележа пораст, како на месечна основа, така и на годишна основа. Со оглед на ваквите движења, во првата половина од...

СДСМ: Нов долг од 12,6 милиони евра на товар на граѓаните

Министерството за финансии денеска реализираше ново задолжување на товар на граѓаните во висина од 12,6 милиони евра, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се додава дека иако првично Министерството за финансии побаруваше 5,4 милиони евра на домашниот пазар на капитал, сепак новото задолжување што го реализира е поголемо за 2,3 пати од првично планираното. - Денешното ново задолжување има...

Цените на индустриските производи повисоки за 0,5 отсто на годишно ниво

Продажните цени на индустриски производи на домашниот пазар во мај се повисоки за 0,8 отсто на месечно ниво, односно за 0,5 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика. Во мај, во однос на истиот месец лани, продажните цени на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите капитални производи за 7,6 проценти, трајни производи за широка потрошувачка за 3,9 проценти,...

Оланд: Брексит значи и губење на единствениот пазар на ЕУ

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска предупреди дека ако Британците на референдумот гласаат за напуштање на ЕУ, тоа ќе го загрози пристапот на Велика Британија на единствениот пазар на Унијата. - За Велика Британија би било многу ризично да го изгуби пристапот до единствениот пазар. Сите треба да бидат свесни за тоа – рече францускиот претседател. Утре се одржува референдумот на кој...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...