fbpx
Таг: пазар

таг: пазар

Прва 30-годишна државна обврзница на македонскиот пазар на капитал

Денеска за првпат на македонскиот пазар на капитал е издадена државна обврзница со време на достасување од 30 години, информираат од Министерство за финансии. „Ова е сигнал за довербата на инвеститорите во македонската економија, бидејќи зголемената рочност, односно време за враќање на средствата, укажува на зголемена доверба. Големата доверба се покажа и преку двојно поголемата побарувачка на инвеститорите за 30-годишната...

ЕИБ финансиски ќе го поддржи регионот за развој на дигиталните технологии

Регионалниот директор од Европската инвестициона банка (ЕИБ), Мигуел Моргадо во дискусијата на панелите на Дигиталниот самит рече дека ЕИБ инвестирала повеќе од 10 милиони евра во нашиот регион во процесот на развој на клучните дигитални технологии во последните години. - Планот е оваа помош да се зголеми во следниот период со оглед на тоа дека Европската инвестициона банка е финансиска алатка...

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните ќе плаќаат поскапа струја, законот не е правен за нивни потреби

Законот за енергетика не е правен за потребите на граѓаните, туку за потребите на Кочо Анѓушев и трговците со струја, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши. Од партијата додаваат дека граѓаните не добиваат поевтина, туку ќе плаќаат поскапа струја. „Либерализацијата на пазарот беше предвидена и од ВМРО-ДПМНЕ. Но доколку...

Во Москва прославена 13-годишнината од Македонско-руската стопанска комора

Македонско-руската стопанска комора и нејзината активност во сите овие изминати години придонесе за пораст на економската соработка меѓу двете земји и за успешен влез на низа македонски производи на рускиот пазар, рече Димитри Бистров регионален директор на одделот за Меѓународна соработка на Стопанската комора на Руската федерација, со која Македонско-руската стопанска комора има партнерски однос. На одбележување на 13-годишнината од основањето...

Во Скопје протеран руски дипломат, во Москва почнаа „Денови на македонската зимница“

Додека во Македонија, МНР донесе одлука за протерување на руски дипломат заради случајот „Скрипал“, во исто време во Москва почна манифестацијата „Денови на македонската зимница“ која од вчера се одржува во огромниот комплекс „Фуд сити“ во Москва. На оваа манифестација која ќе трае до утре, настапуваат пет македонски компании. „Најголемиот интерес се очекува да предизвика ајварот, но промоција ќе биде направена и...

Макрон: Британија би можела да има посебен договор со ЕУ

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Велика Британија би можела да постигне посебен трговски договор со Европската Унија после Брексит. Сепак, Британија нема да има целосен пристап до поединечни пазари без прифаќање на нивните правила. -Кога ќе одлучите да не пристапите со заеднички ЕУ предуслови, немате полн пристап. Британија би можела да има длабоки односи со ЕУ, како Норвешка, но го...

Мислав Галер ќе биде нов извршен директор на „Оне-Вип“

Мислав Галер ќе биде нов извршен директор на телекомуникацискиот оператор „Оне-Вип“. Тој обврските на новата функција ќе ги преземе од октомври 2017 година и ќе го наследи Димитар Ковачевски, кој одлучил да ја напушти компанијата. „Ковачевски ќе остане во „Оне-Вип“ до крајот на годината за да помогне во веќе почнатите проекти кои се однесуваат на зацврстување и на позиционирање на брендот на...

МЕПСО привремено го суспендира „ЕНГ сервис трејд“ од пазарот на електрична енергија

МЕПСО привремено ја суспендира компанијата „ЕНГ сервис трејд“ и таа од денеска до 1 ноември го губи правото да работи како снабдувач на пазарот за електрична енергија, соопштуваат од компанијата. Согласно со правилата за пазар на електрична енергија (ППЕЕ), како организатор на пазарот на електрична енергија, МЕПСО изрекува суспензија во услови кога компанијата не ги исполнува своите обврски, кои во...

Горивата поскапуваат од вечерва на полноќ

Бензинот од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар по литар, а цената на дизел-горивата се зголемува за еден и пол денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 63,5 денари за еден литар, а литар „еуросупер БС-98“ќе се продава за 65 денари. Малопродажната цена на „еуродизел“ ќе биде 49,5 денари за еден...

Десковска: Потребни се реформи во стручното образование за потребите на пазарот на труд

Министерката за образование и наука, Рената Треневска-Десковска, денеска се сретна со делегација на германското стопанство во Македонија, предводена од шефот на делегацијата Патрик Мартенс, информираат од Министерството. На средбата се разговарало за популаризирањето на средното стручно образование и за реформите во наставните планови и програми, кои треба да придонесат, млади луѓе по завршувањето на средното образование да бидат високо-квалификувани и компетитивни на...

Прегазена жена кај „Буњаковец“, дебармаалци бараат средување на сообраќајниот хаос

Повозрасна жена била прегазена и усмртена утринава од комби што се движело наназад кај основното училиште „Коле Неделковски“ во близина на Министерството за култура. Уличките во тој дел се полни со паркирани автомобили, а има и големо движење бидејќи тоа е еден од пристапите до пазарот „Буњаковец“. Крајно време е да се среди хаосот во тој дел, реагираат од иницијативата „Во...

Пожар на пазар во Лондон

Пожар ноќеска изби во лондонскиот пазар Кемден лок, но нема повредени лица. Засега не се знае причината за пожарот, кој е локализиран, јавуваат британските медиуми. Лондонските пожарникари на „Твитер“ објавија дека пожарот зафатил три ката и покривот на Кемден лок. Не местото на пожарот имало 10 возила на брзата помош, а 70 пожарникари се бореле со огнената стихија. Портпаролката на лондонската брза...

Пластични пари од 10 и од 50 денари треба да се појават до крајот на годината

Пластични пари од 10 и од 50 денари треба да се појават до крајот на годината, објави Народна банка. Според банката, ваквите пари тешко се оштетуваат и тешко се фалсификуваат. „Банкнотите од 10 и 50 денари беа најупотребувани во платниот промет поради што најбргу се уништуваа. За да се намалат трошоците за нивното често печатење, се заменија со ковани. Замената,...

Хан ќе го отвори инвестицискиот форум во Белград, ќе говори и Арсовска

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика Јоханес Хан, претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска, и министерот за економија на Албанија, Милва Економи, ќе го отворат „Форумот за унапредување на инвестициската клима меѓу ЕУ и Западен Балкан“, кој ќе се одржи денеска во Белград. „Треба да го унапредиме регионот и да одиме чекор понатаму кон...

„МЖ – Инфраструктура“ го осудува штрајкот на машиновозачите и бара либерaлизација на пазарот

Јавното претпријатие „МЖ - Инфраструктура“ најостро го осудува штрајкот на машинскиот персонал во „МЖ - Транспорт“, се вели во соопштението на компанијата. „Во целата оваа ситуација „МЖ - Инфраструктура“ и „МЖ - Транспорт“ се заложници на една група работници - машиновозачи, бидејќи не постои друг оператор кој врши превоз на патници и на стока. Поради тоа и двете компании, а...

Во Охрид за празникот најбројни ќе бидат туристите од Турција и од Западна Европа

Велигденската атмосфера во Охрид, како што најавуваат хотелиерите, ќе се повтори и за претстојниот продолжен првомајски празничен викенд. Освен домашните туристи, се очекуваат туристи од Германија, Шведска, Хрватска, Норвешка. Менаџерскиот тим на хотелот „Миленум палас“ информира за голем интерес кај туристите од Турција, што е новина на туристичкиот пазар. – Капацитетите за 2 мај се максимално исполнети, немаме ни едно празно место...

Дизел-горивата поевтинуваат за 1,5 денар, а цената на бензинот останува иста

Дизел-горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден и пол денар за литар, а цената на бензинот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ останува 65 денари за еден литар, а на „еуросупер БС- 98“ е 67 денари за литар. Новата цена на „еуродизел“ ќе изнесува 50,5 денари. Како причина за намалувањето на цените на нафтените...

Свилановиќ: Потребно е регионално економско здружување на Балканот

Генералниот секретар на Советот за регионална соработка (РСС), Горан Свилановиќ, смета дека политиката „еден регион - една економија“ е добра за Западен Балкан, ако е проследена со честа интеракција помеѓу ресорните министри од регионот и нивните колеги и институции од Европска Унија. - Очекувам дека премиерите на состанокот во Сараево ќе потпишат план за целосна економска интеграција на регионот. Овој...

Во Охрид се гради затворен пазар со јавно-приватно партнерство

На местото на досегашниот пазар, во строгиот центар на Охрид, се гради современ затворен зелен пазар со јавно-приватно партнерство. Изведувач на работите е АД „Илинден“ од Струга, кое беше избрано на тендер и кое го има добиено одобрението за градба. До конечното завршување на зафатот, предвидено е на неколку локации во градот да бидат отворени и помали маалски пазари. Во тек се...

Пожар на пазар во близина на Москва

Голем облак од црн дим се извија над пазар во рускиот град Митишчи во близина на Москва. Пожарот избил на површина од 4.000 квадратни километри. Руските медиуми не пренесуваат повеќе детали освен дека пожарникарските екипи се на терен и се обидуваат да се изборат со огнената стихија. https://twitter.com/LieneGreifane/status/833306097893179392 Здесь #ад #пожар #мытищи яуза91 рынок A post shared by Anton Marinin  (@_avmarinin) on Feb 19,...

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...