fbpx
Таг: Павле Богоевски

таг: Павле Богоевски

Продолжува битката со аудио снимки, објавени два разговори на Заев од 2016 година

Две нови аудиоснимки се објавени на Јутјуб на новоформиран анонимен канал со име „Зоки истина“, на кои може да се слушнат разговори на поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев со одредено лице чиј глас е механички изменет за да не може да се препознае. По објавата, Заев напиша на социјалните мрежи дека лошо се изразил во еден од...

Собранието ги констатираше оставките на Груевски и Богоевски

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска на 102. седница ја констатираше оставката од функцијата пратеник на поранешниот премиер Никола Груевски, кој избега од државата и доби политички азил во Унгарија. На денешната седница беше констатирана и оставката на пратеникот Павле Богоевски, која тој ја најави на седницата на Комисијата за деловничко-мандатно и имунитетни прашања пред отворањето на точката на дневен ред...

Груевски најави оставка од пратеничката функција пред Собранието да гласа за одземање на мандатот

Пред Собранието да гласа за одземање на неговиот пратенички мандат поради повеќе од 6 месеци неоправдано отсуство, поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, преку својата Фејсбук страница најави дека ќе поднесе оставка од пратеничката функција. Груевски е осуден на две години затвор во случајот што против него го водеше Специјалното јавно обвинителство за нелегалната набавка на луксузен мерцедес...

Павле Богоевски си поднесе оставка како пратеник

Павле Богоевски си поднесе оставка од функцијата пратеник во Собранието, по аферата со аудио снимката на која се слуша како нарачува „пола“ од нешто, за што подоцна тој кажа дека било масло од канабис. Оваа негова одлука ја одложи процедурата за одземање на пратеничкиот мандат на избеганиот поранешен премиер Никола Груевски. Одлуката ја соопшти предмалку на седницата на Комисијата за мандатното-имунитетни...

Собранието е институција која е најмалку вклучена во борбата против корупцијата

Собранието како орган досега најмалку беше вклучено во борбата против корупцијата, смета Слаѓана Тасева, претседателка на „Транспаренси интернешнел -Македонија“ и прва претседателка на Антикорупциската комисија. Со слична констатација е и пратеникот Павле Богоевски, кој вели дека иако законодавниот дом има надлежности врз законите и врз изборот на членови на Државната комисија за спречување корупција (Антикорупциска), како и надзорна функција...

Богоевски ја лаже и манипулира јавноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Павле Богоевски ја лаже и манипулира целата македонска јавност, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на пратеникот од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и коалицијата. „Во договорот јасно стои дека македонскиот јазик ќе биде единствениот јазик кој во Обединетите нации ќе биде запишан со фуснота, за разлика од тоа како е запишан во моментов. Македонското државјанство ќе биде...

Богоевски: За прв пат имаме шанса сами да одлучуваме за иднината

Пратеникот од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и коалицијата, Павле Богоевски денеска ги повика граѓаните „заедно, храбро и посветено, да учествуваме во обезбедувањето на иднината на нашата држава.“ „За прв пат, имаме шанса, навистина сами да одлучуваме за сопствената иднината. Со прифаќање на Преспанскиот договор ние ги прифаќаме и неговите придобивки. Со овој Договор, македонскиот идентитет е зајакнат и заштитен...

Богоевски: Нема повреда на Деловникот на која укажуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, Павле Богоевски рече дека комисијата може да заседава ако тоа го побара претседателот на Собранието, Талат Џафери. Тој објасни дека најпрво треба да има повреда на Деловникот, односно да не се разгледуваат амандманите, па потоа Комисијата да го каже нејзиниот став. „Немаме наводна поврeда на Деловникот, на која укажуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Сè...

Савески: Ќе има ли еден аршин за Богоевски, друг аршин за обвинетите од Левицa

Познатиот активист д-р Здравко Савески ја поздрави одлуката на Обвинителството да не го гони Павле Богоевски, но порача дека треба да се има еднаков пристап и кон членовите на Левица, кои се исто така обвинети поради активностите во Шарената револуција. Во пост на неговиот Фејсбук-профил рече дека ако членовите на Левица, чиј основач е тој, не бидат еднакво третирани...

Обвинителството се откажало од гонење на Богоевски за фрлање боја

Oбвинителството се откажало од кривичен прогон на пратеникот Павле Богоевски за фрлање боја врз објектот на Министерство за култура во текот на протестите од Шарената револуција, објави на „Фејсбук“ адвокатското друштво „Давидовиќ и Јанковиќ“. На денешното судско рочиште, како што напишаа тие, се утврдило дека никој нема право без одобрение на Заводот за заштита на спомениците на културата да презема...

Утре напладне комисиска расправа за имунитетот на уапсените пратеници

Седница на Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која ќе се расправа за барањата за притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска, ќе се одржи утре, со почеток во 12 часот, потврди претседателот на Комисијата, Павле Богоевски. Одлуката е објавена и на веб-страницата на Собранието. Барањата за одземање на пратеничкиот имунитет...

Судот досега нема побарано одземање на имунитетот на приведените пратеници

До овој момент во Собранието нема пристигнато барање од Кривичниот суд за одземање на пратеничкиот имунитет на пратениците што се приведени утрово за насилствата во законодавниот дом од 27 април оваа година, изјави за „Мета“, пратеникот Павле Богоевски, претседател на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. - За да заседава и да одлучува Комисијата, треба да пристигне барање од...

Полупразна сала, реплики и контрареплики на продолжението на расправата за Зврлевски

Осмото продолжение на собраниската расправа за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, почна и се одвива според истиот шаблон на реплики и на контрареплики меѓу пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и на процедурални забелешки. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на почетокот на денешното продолжение на седницата побара од претседателот на Собранието да ја прекине расправата поради членот 8-а од Изборниот...

Богоевски: Со „Шарена револуција“ засекогаш ја променивме политичката сцена

Пред една година, на 12 април, илјадници граѓани револтирани од одлуката на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, да прогласи широка аболиција и да помилува 56 лица – политичари и нивни соработници, кои се споменуваат во прислушуваните разговори, излегоа на масовен протест пред народната канцеларија на Иванов во центарот на градот. Таа одлука, донесена пет дена по распуштањето на Собранието, предизвика...

ВМРО-ДПМНЕ: Целосна измислица е дека Владата му го плаќа телефонот на Груевски

Веста дека владата го плаќа телефонот на претседателот Никола Груевски е целосна измислица. Груевски нема телефон кој го плаќа владата. Ниту пак од Малта имал разговори за такви високи сметки, реагираше ВМРО-ДПМНЕ со соопштение попладнево, откако на денешното седмо продолжение на Конститутивната седница на Собранието независниот пратеник од коалицијата на СДСМ, Павле Богоевски покажа фотографија на кој се гледа телефонска...

„Потерниците“ за пратениците на СДСМ по урнек на „потерниците“ за Обама и за Кенеди

Лажни потерници со ликовите на пратениците на СДСМ, Стево Пендаровски, Павле Богоевски и Ивана Туфегџиќ, утрово беа излепени во неколку скопски населби. Во нив овие пратеници на СДСМ се обвинуваат дека се предавници и дека прифатиле официјализирање на албанскиот јазик како втор службен јазик, двојазични банкноти и униформи, како и дека прифатиле редефинирање на државата како вовед во кантонизација и во...

Туфегџиќ, Богоевски и Пендарвски не се независни пратеници, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Последната лага на СДСМ и СОРОС е наводната независна пратеничка група во Собранието, а во неа се Ивана Туфегџиќ, Павле Богоевски и Стево Пендаровски, послушници на аболираниот криминалец Зоран Заев, изјави денеска на прес-конференција Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ. - Истата оваа група таканаречени независни пратеници, пред неколку месеци на јавноста и продаваа приказна дека се граѓански активисти, а рака под...

ВМРО-ДПМНЕ: Милчин и неговите невладини го погребаа граѓанскиот сектор

СДСМ, Сорос и нивните мегафони молчат за донацијата од 118.000 денари кои невработениот студент Ивана Туфегџиќ му ги даде на аболираниот криминалец Зоран Заев и за донацијата од 184.000 денари кои соросовиот платеник Павле Богоевски ги донираше на сметка на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Туфегџиќ парите во висина од 40 студентски стипендии наместо да ги донира кон граѓански организации, ги...

ВМРО-ДПМНЕ: Туфекџиќ и Богоевски донирале во партија водена од аболиран криминалец

„Ивана Туфекџиќ и Павле Богоевски се типичен пример за лажниот морал и за лицемерноста на СДСМ и на Сорос. Едно кажуваат, друго прават“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Невработената студентка од платеничката револуција на Сорос, Ивана Туфекџиќ, донирала 118.000 денари за СДСМ. Овие пари во вредност од 40 просечни студентски стипендии, невработената студентка Туфекџиќ реши да ги донира на аболираниот криминалец Зоран Заев....

ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија ѝ треба вистински граѓански сектор

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение денеска повикува на „десоросоизација“ и ги обвинува Павле Богоевски, Ивана Туфекџиќ и Лидија Димова дека „се само дел од послушниците на аболираниот криминалец Зоран Заев кои докажуваат дека СДСМ и Сорос се едно кога станува збор за форсирање антидржавната агенда“. „Ваквите ликови не се граѓански сектор и не може да ги застапуваат интересите на граѓаните. На Македонија...

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...