fbpx
Таг: пациенти

таг: пациенти

Повеќе вирусни инфекции ги полнат ординациите, капацитетот на Институтот во Козле речиси исполнет

Вирусни инфекции кои во најголем дел ги напаѓаат горните дишни патишта, ги полнат амбулатнтите со пациенти од сите возрасти. Освен амбулантите, полни се и собите во Институтот за белодробни заболувања во Козле, каде што има капацитет од 20 болнички легла. Како што за Мета.мк вели директорот д-р Беким Зеќири, во собите има по два кревети, а тие се принудени...

Шеќерна болест: Вкупно 130.000 заболени, 4.000 нови случаи за само една година

Во Република Северна Македонија, околу 130.000 лица имаат дијабетес, а бројката постојано е во пораст, информира за Мета.мк д-р Ирфан Ахмети од Клиниката за ендокринологија, кој е и претседател на Националната комисија за дијабетес. Тој вели дека во споредба со лани, на ниво на држава бројот е зголемен за 4.000 нови пациенти, што според него, е загрижувачки податок. На годинешното...

Презентиран нов зрачен апарат за онколошките пациенти во „8 Септември“

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски по повод Денот на независноста денеска заедно со министерот за здравство Беким Сали присуствуваа на презентација на апарат за зрачна терапија за онколошки пациенти во Градската болница „8 Септември”. Апаратот кој треба да биде целосно ставен во функција до крајот на годината го презентираше директорот на болницата Христијан Костов. Со овој апарат кој се очекува...

Една година од трагичниот настан во тетовската Модуларна болница: Погледот на јавноста свртен кон судот

Осум жени и шест мажи на возраст од 29 до 78 години, пред една година го загубија животот во трагичен настан, откако избувна пожар во тетовската Модуларна болница каде што се лекуваа од ковид-19, со надеж дека еден ден ќе закрепнат и ќе се вратат кај своите семејства. Се спасија 12 други пациенти, заедно со двајца лекари и четири...

Се одложи судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

Судењето за пожарот во тетовската Модуларна ковид болница, кој се случи пред безмалку една година, требаше да почне денеска, но беше одложено поради отсуство на двајца од обвинетите, пишува „Порталб“. Првото рочиште беше одложено за 14 октомври. Отсуствуваа поранешниот економски директор на Клиничката болница во Тетово, Артан Етеми и раководителот на ковид-центарот, Бобан Вучевски. Се појави само поранешниот директор на...

Јавното обвинителство со индикации дека д-р Жан Митрев може да ја напушти државата

Доктор Жан Митрев денеска бил повикан на распит во Основното јавно обвинителство од Скопје, во врска со предметот кој беше отворен по сторијата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), за лекување на ковид пациенти со хемофилтрација. Kaко што информираат оттаму, по утврдување на определени околности во текот на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство денеска донело наредба за спроведување истражна постапка...

Лекарска комора: Стручниот надзор се врши според годишен план кој го одобрува министерот за здравство

Лекарската комора соопшти дека вршењето на редовниот стручен надзор во здравствените установи и здравствените работници, според Законот за здравствена заштита, го врши по однапред утврден годишен план за кој согласност дава министерот за здравство. Ова соопштение дојде повеќе денови откако беше објавен документарниот филм „Нечиста крв“ на Истражувачката репортерска лабораторија во кој приватната клиника „Жан Митрев“ беше обвинета за...

Oд следната недела ќе започнат со работа пет нови ковид амбуланти во Скопје

Дополнителни превентивни мерки нема да има, епидемилошката состојба во болниците е стабилна. Иако има зголемување на бројот на случаи, нема зголемување на бројот на хоспитализирани, соопшти денеска д-р Злате Мехмедовиќ на прес-конференција, откако заврши состанокот на членовите на Комисијата за заразни болести. Тој кажа дека најголемиот дел од оптовареноста на системот е на грбот на матичните лекари, па затоа...

Расте бројот на ковид-случаи, се зголемува и бројот на реинфекции

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.067 тестови, а регистриран е 91 нов случај на ковид-19. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 23 реинфекции. Оздравеле 67 заразени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, како и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од системот „Мој Термин“ не се пријавени починати лица. Досега во...

Вистиномер: Лажни доктори препорачуваат апчиња за слабеење на интернет

Во рекламата која ја рецензираме, туѓа фотографија од лекар кој не е специјалист ендокринолог, е злоупотребена за лажно да се промовира диететски суплемент. Дополнително забележуваме дека не постои ниту фирма, ниту земја на потекло, ниту адреса на фирма од каде се нарачува производот, туку нарачката се врши преку интернет формулар, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Матичните лекари преку протест бараат повеќе пари од Фондот за здравство односно од државниот буџет

Матичните лекари, на „Светскиот ден на здравјето“ протестираа пред зградата на Министерството за здравство. Тие бараат да им се покачи капитацискиот бод од 63 денари до 90 денари за еден пациент. Согласно тие капитациски бодови матичните приватни лекари од Фондот за здравство, односно од државниот буџет, добиваат приходи за нивните амбуланти и вработени. Според Лидија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружението...

Сè позастапен е пост-ковид синдромот: Опаѓање на коса, пад на имунитет, главоболки

Вртоглавици, сериозен пад на имунитет, продолжена кашлица, активирани синуси, анксиозност, се само дел од здравствените проблеми и состојби со кои се соочуваат мал дел од лицата кои прележале ковид. Темата за пост-ковид синдром е сериозна и се очекува допрва да се прават анализи и планови за тоа како да се треитраат пациентите кај кои се развиваат ваквите состојби. Општиот лекар...

Есперанца е второто лице во светот кое природно оздравело од ХИВ

Жителка на Аргентина која симболично е именувана Есперанца предизвика голема љубопитност во светот на науката и медицината. Се верува дека таа е второто лице на светот кое природно оздравело од ХИВ, без да користи лекови или каков било друг третман, објави Еуроњуз. Се чини дека вирусот исчезнал од нејзиното тело, информира еден од авторите на скорешно истражување, со што жената...

Првата дама во посета на пациентите на хемотерапија и ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска го посети Кабинетот за психолошка поддршка во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија по повод одбележувањето на Октомври – Месецот на борба против рак на дојка, соопштија од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Првата дама беше придружувана од директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, спец. д-р Никола Васев, претседателката на...

Нови 316 случаи на ковид-19, оздравени 240, починати 10 лица

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.486 тестирања, а регистрирани се 316 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 140, Куманово – 38, Велес и Штип – по 19, Кавадарци – 16, Прилеп и Охрид – по 12, Струмица – 11, Битола – 8, Пробиштип – 6,...

Вистиномер: Квалитетот на лекувањето е само еден фактор од кој зависи смртноста од ковид

Една од многуте поенти во интервјуто со претставничката на СЗО, Кејти Смолвуд, каде таа вели дека со зголемувањето на бројот на пациенти во болниците опаѓа и квалитетот на болничка нега, бидејќи лекарите мора да се сосредоточат на поголем број пациенти, во рецензираниот напис се претставува како да е единствена причина за високата смртност од ковид во земјава. Меѓутоа, во...

Нови 185 заболени од ковид-19, пријавени се 15 починати лица, од кои тројца од претходно

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 1.876 тестирања, а регистрирани се 185 нови случаи на ковид-19: Скопје – 99, Велес и Кочани – по 14, Кавадарци – 12, Штип – 11, Свети Николе – 8, Куманово – 6, Охрид – 5, Струмица – 4, Прилеп, Виница...

(Видео) Седум загинати во пожар во ковид болница во Романија

Седум лица загинаа во пожар што денес избувна во романската единица за интензивна нега, во која се лекуваат пациенти со ковид-19, соопштија официјалните лица, пренесе Ројтерс. Ова е трет смртоносен пожар во болниците во земјата за помалку од една година. https://youtu.be/kKPk6JIo6Jk Видео снимката покажува како пациентите скокаат од прозорците од пониските нивоа на болницата, а пожарникарите носат луѓе. Единицата за итна помош...

МЗ: 77 отсто од новите случаи и 79 отсто од хоспитализираните со ковид-19, се невакцинирани

Во период од 6 август до 30 септември на територија на државата 35.531 граѓанин, се позитивни од тестирани на ковид-19, од нив 23 проценти биле целосно вакцинирани, односно 8.233 лица, се вели во анализата на Министерство за здравство. „Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со ковид-19. Според статистика за изминативе недели, 27.298, граѓани, односно 77 проценти од...

Двегодишно бебе со цревни малформации меѓу 29 нови починати од ковид-19

Во текот на вчерашниот ден од ковид-19 починале 29 лица, меѓу кои и 2 годишно бебе од Скопје, информира Министерството за здравство. Како што посочуваат од ресорот здравство, детето што почина било родено со конгенитални малформации, со дијагноза бактериска сепса. Тоа било хоспитализирано и оперирано во повеќе наврати на клиниките за детски болести, детска хирургија и неврохирургија од „конгенитални интестинални...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...