fbpx
Таг: патарина

таг: патарина

Германија од декември ја зголемува патарината за камиони

Германија планира да ја прошири наплатата на патарина за товарните возила и од ова очекува дополнителни 30 милијарди евра за одржување и развој на патната, но и на железничката мрежа, јавува германската новинска агенција ДПА. Германскиот парламент во петокот го усвои измените на Законот за патарина, со кои од декември се воведува дополнителна такса за јаглерод диоксид, а од јули...

Ковачевски и Брнабиќ го промовираа интегрираниот електронски систем за наплата на патарините

Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ денес, на наплатната рампа Прешево го промовираа заедничкиот интегриран електронски систем за наплата на патарините. Станува збор за брзо и ефикасно плаќање на патарините во Северна Македонија и Србија со помош на посебен ТАГ уред за бесконтактно електронско плаќање на патарина, кој успешно функционира и...

Од 1 јули патарините во Македонија и Србија ќе може да се плаќаат со еден таг

Системот за заедничка електронска наплата на патарина на автопатите во Македонија и Србија ќе започне да се имплементира од 1 јули годинава, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта. Со овој потег, возачите веќе нема да треба да застануваат и да купуваат додатни уреди или картички во друга земја, туку со еден уред ќе можат да плаќаат патарина во...

Од летово во Македонија и Србија електронски ќе се плаќа за патарина со исти уреди

Електронска наплата на патарина по автопатите во Македонија и Србија со идентични уреди за плаќање - тагови и картички. Ова е новината што треба да се воведе од летово со потпишаниот меморандум меѓу двете земји во областа на инфраструктурата, кој се однесува на воспоставувањето интероперабилен електронски система за наплата на патарина. Со ова, граѓаните ќе можат да плаќаат патарина без...

Наплатата на патарина на автопатот Миладиновци – Штип почнува в понеделник во 7 часот

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) соопшти дека од 7 часот в понеделник, 18 јули, ќе бидат ставени во функција наплатните станици Преод и Кадрифаково на автопатот А4 на делницата Миладиновци-Свети Николе-Штип и обратно. На наплатните станици целосно функционира Електронскиот систем за наплата на патарина. Првите две ленти од десно се за возилата кои користат М-таг електронски уред со кој...

Српските туристи искористиле 84.000 картички за бесплатна патарина кон Грција

Околу 84.000 бесплатни електронски картички за плаќање патарина искористиле српските туристи што транзитираа низ државава на патот кон Грција. Нивната вредност изнесувала околу 1,2 милиони денари. На 15 август беише двомесечен јубилеј, кога на граничниот премин Табановце српските туристи почнаа да добиваат бесплатни М смарт-картички за да ги преминат патарините низ нашата држава по коридорот 10, како благодарност за отстапените...

Со новата наплатна кај Демир Капија, патарината Скопје – Гевгелија – Скопје ќе чини 720 денари

Новата патарина кај Демир Капија на автопатот на Коридор 10 ќе биде готова со изведба во наредните месец и половина. На оваа наплатна станица ќе се собира надоместокот за изминати километри на делницата од Градско до Демир Капија, а граѓаните за своите автомобили ќе плаќаат по 80 денари во еден правец. Висината на надоместокот за оваа патарина веќе е...

Електронска наплата од денеска и на патарината „Миладиновци“

Јавното претпријатие за државни патишта од денеска ја пушти во употреба електронската наплата на патарина на наплатната рампа „Миладиновци“. За почеток, во функција ќе бидат само електронските картички „М-карт“, а допрва ќе профункционира плаќањето со м-таг на оваа патарина. Со имплементацијата на системот на патарината „Миладиновци“, возачите што патуваат по автопатите Скопје - Куманово и Скопје - Штип ќе можат...

Патарината „Глумово“ ограбена откако илјадници возила се вратија во Скопје од продолжен викенд

Наплатната рампа „Глумово“ на автопатот Скопје - Тетово рано утрово била ограбена од засега непознати разбојници. Како што информира Министерството за внатрешни работи (МВР), во 4:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патарината „Глумово“ две лица со закана со оружје извршиле разбојништво, при што го одзеле дневниот промет. Од МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на...

Грција: Храната е поевтинета, бензинот е со „европски“ цени

Срби, Унгарци, Германци се најбројните туристи во оваа летна сезона во соседна Грција, пишува „Порталб.мк“. Во дел од туристичките места на крајбрежјето, според грчките угостители и трговци, годинава има намален број на туристи во однос на лани, но дел од домаќините велат дека напливот на туристи допрва се очекува. Какви се цените во поголемите и помалите маркети за храна,...

Драстично поскапување на патарините во северна Грција од Нова година

Од 1 јануари патарините во Грција ќе поскапат драстично, некаде и до 150 отсто по километар, известува грчкиот весник „ИЕфимерида“. Ќе поскапи и најкористената патарина од Македонците - онаа по граничниот премин „Богородица - Евзони“, на која наместо досегашните 1,8 евра, ќе се плаќа по 3 евра за автомобил. На автопатот „Егнатија“, кој се протега од јонскиот брег сè до...

Од 1 јануари во Бугарија патарината ќе се плаќа електронски, цените на вињетите остануваат исти

За помалку од 24 часа од почетокот на продажбата на електронските налепници за патарина во Бугарија, денеска до пладне биле продадени околу 300 такви вињети, јавуваат бугарските медиуми. Бугарија ќе ги исфрли класичните вињети-налепници и воведува електронска наплата, која ќе се одвива од 1 јануари следната година. Цените на надоместокот остануваат истите, а новост што ќе ги интересира и македонските...

Автобус излета од коловозот на автопатот Велес – Скопје, повеќе од 20 патници се повредени

Автобус излета од патот после патарината кај Велес, а повеќе од 20 патници се повредени. Патниците со возила на Итната медицинска помош се превезуваат на клиниките во Велес и во Скопје. Според првичните информации, возачот на автобусот изгубил контрола и излетал во близина на зимскиот пункт Кула кој се наоѓа на автопатот Велес - Скопје. Сообраќајот во тој дел од автопатот е во...

Во сообраќајка кај Групчин, загина 40-годишен тетовец

Во тешка сообраќајна несреќа, која се случила околу 8 часот утрово близу патарината Групчин, загина еден тетовец. Како што потоа извести навивачката група „Војводи“ на својата fејсбук-страница, станува збор за Александар Димчевски - Трска, еден од нивните истакнати членови. Според полицијата, од засега непознати причини автомобил „бe-eм-вe“, управуван од возачот А.Д. (40), на автопатот Тетово - Скопје излетал од патот,...

Вработените во „Југохром“ утре ќе го блокираат патот Скопје – Тетово

Утре, од 11 до 13 часот, вработените на „Југохром“ ќе го блокираат регионалниот пат Тетово - Скопјке, кај наплатната рампа во Желино, во двата правца, поради, како што велат, неоправдано исклучување на печките од погон. Протестот ќе го организира синдикалната организација „Југохром Алзар“, известија оттаму.

Од утре Србија ја брише БЈРМ од патарините, велат за „Мета“ од „Путеви Србије“

Македонија веќе цел месец фигурира со ознаката БЈРМ на сметките од патарините во Србија, соопштија за „Мета“ од српското јавно претпријатие „Путеви Србије“. „Во однос на Вашето прашање, поврзано со натписот на признаницата за наплата на патарина на делница од автопатот кај Прешево, Ве известуваме дека системот за наплата на патарините на наведената делница е пуштен во употреба пред еден...

Гостиварец киднапиран и малтертиран на наплатна рампа

Гостиварец од село Форино бил киднапиран додека плаќал патарина на наплатната рампа Тетово. На патарината друго возило му го попречило патот и од него излегле три лица, две од Гостивар и едно од Тетово, и го внеле во нивното возило, по што се упатиле кон Тетово. „Истите физички го нападнале и му се заканувале по неговиот живот и животот на неговото...

Ахмети повреден во сообраќајна несреќа додека итал накај Мета

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, утрово бил повреден во сообраќајна несреќа кога автомбилот со кој патувал, удрил во бетонски столб на патарината Тетово-Гостивар. Артан Груби, портпаролот на ДУИ, за „Мета“ изјави дека Ахмети не бил сериозно повреден во несреќата и во текот на денот ќе биде пуштен на домашно лекувaње од Клиничката блница во Тетово, каде...

Потпишан договор за изградба на електронски систем за наплата

Договорот за изградба и за инсталација на електронскиот систем за наплата на патарина на Коридорот 10 – автопат Александар Македонски, денеска беше потпишан меѓу Јавното претпријатие за државни патишта и компанијата „Аселсан“ од Турција. Вицепремиерот Зоран Ставрески истакна дека станува збор за инвестиција во вредност од 18,7 милиони евра, од кои 15,8 милиони евра Владата на Република Македонија ги обезбеди со...

Србија воведува вињети

За шест до осум месеци, Србија планира да воведе вињети за користење на патиштата и да ги тргне наплатните рампи на автопатиштата и на патиштата од прв ред, најави српската министерката за соообраќај и инфраструктура, Зорана Михајловиќ. Србија очекува годишниот приход од патарини да се зголеми од 150 милиони евра на 300 милиони. Се очекува, годишната вињета за автомобил во Србија...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...