fbpx
Таг: пат

таг: пат

Слаб снег и магла на патниот правец кон Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. На Попова Шапка провејува слаб снег и има намалена видливост од 30 до 40 метри поради појава на магла. Сообраќајот на патниот правец А3, Прилеп – Битола – Ресен, преку обиколницата кај Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини се...

Пелагониски земјоделци блокираат патишта поради платформата на Албанците

Пелагониските земјоделци од реонот на Могила бараат партиите на Албанците да се откажат од заедничката платформа како услов за формирање на нова влада. Четириесетина земјоделци со трактори и со приклучна механизација денеска ја блокираа крстосницата на магистралниот пат Битола - Прилеп, која води кон селата Могила и Црно Буки, за да го искажат својот револт кон заедничката платформа на Албанците. Според организаторот...

Сообраќајот се одвива по суви коловози освен по осојничавите места

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони и понатаму е затворен за сообраќај за сите видови на возила, а граничните премини Меџитлија и Дојран се отворени, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта сe одвива по суви коловози, освен на осојничавите места. Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани –...

Вработените во „Југохром“ утре ќе го блокираат патот Скопје – Тетово

Утре, од 11 до 13 часот, вработените на „Југохром“ ќе го блокираат регионалниот пат Тетово - Скопјке, кај наплатната рампа во Желино, во двата правца, поради, како што велат, неоправдано исклучување на печките од погон. Протестот ќе го организира синдикалната организација „Југохром Алзар“, известија оттаму.

На патот кон гостиварско Куново има половина метар снег, селото е отсечено

Гостиварско Куново е отсечено од градот бидејќи на патот кој води до нивното село има 50 сантиметри снег. Жителите велат дека се обратиле до сите институции надлежни за расчистување на патиштата, но не добиле позитивен одговор. - Дваесетина жители во ова село се целосно отсечени од Гостивар, патот е прооден само за движење пеш или со теренски возила и со синџири...

Патот до Драгоево и до Селце четврти ден непрооден

Жителите на двете штипски села Драгоево и Селце веќе четврти ден се завеани од снегот, кој на места, поради наносите, е со висина до еден метар. На помош е повикана механизацијата на „Македонија пат“, која денеска го расчистува патот. Се очекува до крајот на денот селата да бидат пристапни. Во делови околу Штип има наноси од снег високи и до четири метри....

Прооден е патот кон тетовското планинско село Гургурница

Патниот правец кој води до селото Гургурница, Тетовско, од вчера попладне е прооден. Овој пат викендов беше затрупан со снег, откако поради силниот ветер, голем снежен нанос се спушти на локалниот пат, на околу 2 километри од влезот на селото. „Патот е пробиен вчера, околу 15.30 часот. На пробивањето се работеше со два багери, а ако има повторно навеви со...

Забрана за камиони на Стража и на Маврово – Дебар поради снежните врнежи

Поради снежните врнежи, забрана за движење на камиони е воведена на патот Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража и на патниот правец Маврово - Дебар, соопшти Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). Снегот што паѓа од ноќеска во поголемиот дел од земјава го отежна патниот сообраќај, забавено се одвиваат градскот и меѓуградскиот превоз, а засега нема значителни проблеми во железничкиот и во...

Блокадите на патот за РЕК Битола се црвен аларм за енормното загадување

Утрешната најава за блокада на патот кој од Битола води кон РЕК Битола е црвен аларм за загадувањето на градот, велат активистите од здружението „За нас се работи“. Од РЕК Битола, пак, возвраќаат дека барањата на здружението се на погрешна адреса и на погрешен субјект. Илија Балтовски, еден од организаторите на блокадата, вели дека комбинатот не е случајно одбран за...

Протест на жители од тетовско Сараќино поради узурпација на игралиште и на пат

Жители од тетовското село Сараќино одржаа мирен протест пред зградата на Општина Тетово, од каде побараа да им се врати дел од земјиштето на фудбалското игралиште и дел од локалниот пат, кој, како што велат, им е узурпиран од нивниот соселанец Аритон Тодоровски. Велат дека игралиштето му припаѓало на селото, а патот го користеле неколку генерации. - Сега сме без...

Излетале од патот и паднале во провалија длабока 4 метри

Вчеравечер околу 21 часот на локалниот пат Македонска Каменица - с.Моштица, се случила сообраќајна незгода во која Б.Ц. (22) од Македонска Каменица, кој управувал автомобил марка „рено меган“, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и паднал во провалија длабока околу четири метри. Од МВР информираат дека во незгодата сопатничката од возилото, С.Ѓ. (28) од Македонска Каменица, добила тешки телесни...

Жители од тетовско Горно Седларце го блокираа автопатот Тетово – Гостивар

Автопатот Тетово - Гостивар попладнево беше блокиран околу половина час, од жители од тетовското село Горно Седларце кои протестираа кај наплатната рампа за излез од Тетово. Тие се револтирани што мора да плаќаат патарина за влез и за излез од Тетово иако по овој автопат поминуваат само три и пол километри, колку што има од нивното село до Тетово. - Некои...

Патот до долнореканското село Нистрово петти ден е блокиран

Патот кон долнореканскотo село Нистрово петти ден е непрооден. Поради минатонеделните врнежи од дожд, дел од овој патен правец е одронат и прекриен со наноси од земја. Жителите од ова населено место не можат да пристигнат ниту до своите работни места, ниту до училиштата. - Најголем проблем е со болните лица, кои не можат до појдат до лекар. Кога се уништи...

Заврши реконструкцијата на патот од Буково до Ресен

По повеќемесечна работа и одолжувања кои им создаваа нервоза на патниците, конечно заврши реконструкцијата на патот на превојот од Буково до Ресен. Сега, од Охрид до Ресен ќе се патува побрзо и побезбедно. Новата реконструирана делница е соодветно обележана со сообраќајни знаци и со сигнализација. Работите продолжуваат со реконструкција на делницата од Ресен до Битола. Половината е веќе асфалтирана, а до крајот на...

Герила-акција во Штип: „Внимавајте, Диме Спасов на патот“

Изминатиот викенд на фреквентните улици од Штип се појавија импривизирани сообраќајни знаци со содржина „Внимавајте, Диме Спасов на патот“. Знаците се дел од герила-акција, a кој стои зад неа, остана непознато. Знаците се поставени во строгиот центар на градот, покрај реката Отиња, покрај пешачката патека во коритото на реката Брегалница и во паркот во населбата 8 Ноември, кој е претворен во големо градилиште. Пред...

Тројца загинати во тешка сообраќајна несреќа кај Зајас

Три лица загинаа во тешка сообраќајка кај селото Зајас вечерва околу 19 часот. СВР Охрид потврди дека се работи за три помлади лица од околните села, пишува „Прес 24“. Според неофицијални информации, автомобил „форд“ удрил во трактор, кој возел неосветлен. АМСМ информираше дека сообраќајот на магистралниот пат Кичево - Скопје е во прекин, но потоа возилата се пропуштаа наизменично.

Патот Маврово – Дебар затворен поради сообраќајна несреќа

Попладнево од 16 часот е затворен регионалниот пат Маврово - Дебар кај местото Манастирски ливади и сообраќајот е во целосен прекин поради сообраќајна незгода, информираат од АМСМ. Во сообраќајката, во која се судриле два камиони со српски и со бугарски регистарски таблички, нема повредени лица, но причинета е голема материјална штета. Камионите се движеле во спротивна насока и засега не се познати...

Пренасочување на сообраќајот Битола-Демир Хисар-Кичево

На регионалниот пат Битола-Демир Хисар-Кичево од денеска до 17. овој месец се пренасочува сообраќајот. Пренасочување на сообраќајот е поради изведување градежни работи во близина на душевната болница, соопштуваат од Авто мото сојузот на Македонија. Од АМСМ известуваат и дека во вторник од 21 до 22 часот ќе се изврши привремено затворање на тунелот Демир Капија на државниот пат А1, делница Демир Капија – Гевгелија...

Реката Пена пред излевање, свлечиште го затрупа патот Шипковица – Бродец

Водостојот на реката Пена во долниот дел од Тетово постојано се следи откако водата од оваа река се искачи на критично ниво. Обилните врнежи од дожд изминатите неколку дена предизвикаа и свлечишта над патниот правец Шипковица - Бродец. - Наносите од камења и од земја на патот Шипковица - Бродец, кои ги донесе вчерашното свлечиште, се остранети, но градежна механизација...

Руски земјоделци бараат средба со Путин и ќе го блокираат Кремљ

Трактори, земјоделска механизација и автомобили тргнаа на пат од Црно Море кон Кремљ. Руските земјоделсци се незадоволни бидјеќи, како што велат, владата ги игнорира нивните проблеми, па решиле да побараат состанок со претседателот Владимир Путин. Тие, од областа Краснодар тргнале на пат долг 1.300 километри до Москва, каде што нивниот водач, Василиј Мељниченко, ќе бара лично да се сретне со Путин. https://twitter.com/melnichenko_va/status/767293344678543360 Земјоделците се незадоволни...

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...