fbpx
Таг: пат

таг: пат

Можни се излевања на реките, сообраќајот на неколку правци е отежнат

Поради свлечиште на патниот правец Кичево – Битола кај село Белица, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, а екипите на ЈП „Македонија пат“ со механизација работат на расчистување и нормализација на сообраќајот, информираат од АМСМ. Од таму додаваат дека, сообраќајот на патниот правец Кичево - Охрид, помеѓу селата Подвис и Попоец се одвива по една коловозна лента, поради вода...

Забрана за камиони на Стража

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози и наместа со остатоци од кашест снег по коловозите, информираат од АМСМ. Снег провејува на патните правци Берово – Смојмирово, Тетово – граничен премин Јажинце, Попова Шапка и на Буково, но не се задржува на коловозот. На планинскиот премин Стража има забрана за движење на тешки товарни возила. АМСМ препорачува внимателно...

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, магла кај Плетвар и Неготино

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а поради маглата на Плетвар и во Неготино видливоста е намалена до 100 метри. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците е можна појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар –...

Намалена видливост поради магла во Битола, Прилеп, Ресен и Тетово

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, а на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. До 150 метри видливост поради магла има во Битола, Прилеп и Ресен, додека во Тетово видливоста е 50 метри, информираат од ЈП „Македонија пат“. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено...

Магла и одрони на повеќе патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по суви коловози на пониските и наместа влажни коловози на повисоките места. Поради појава на магла, видливоста во Охрид, Струга и Македонски Брод е намалена на 50- 100 метри, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија. Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците...

Сообраќајка на патот Тетово-Гостивар и опожарено возило на патот Штип-Неготино

Сообраќајот на автопатот Тетово-Гостивар, на излез од село Камењане-Тетово од 18.30 часот е во прекин поради случена сообраќајна незгода помеѓу две патнички моторни возила, соопшти Автомото сојузот на Македонија. Од АМСМ додаваат дека од 17.50 часот на регионалниот пат Штип-Неготино, поточно над село Лесковица сообраќајот е во прекин поради опожарување на патничко моторно возило.

АМСМ: Снег на патот Крива Паланка – Деве Баир

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. На повисоките и осојничави места се бележат влажни коловози. На патниот правец Крива Паланка-граничен премин Деве Баир има врнежи од снег, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. АМСМ препорачува внимателно...

Магла на Стража, свлечиште на патот Делчево – Македонска Каменица

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а намалена видливост поради магла има во Крива Паланка и на Страцин до 50 метри и на Стража до 30 метри, информираат од Автомото-сојузот на Макеоднија. Поради обилните врнежи, на патниот правец Делчево – Македонска Каменица има свлечиште и сообраќајот се одвива отежнато. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и низ планински превои...

Патот „Арбери” има за цел да создаде економски коридор со Македонија, вели Рама

Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Пешкопеа соопшти дека на заедничката седница меѓу владите на Албанија и на Македонија што ќе се одржи во Поградец ќе побара од македонската Влада да го продолжи патот „Арбери“ и на нејзина територија. Рама соопшти дека изградбата на патот „Aрбери“ во должина од 72 километра ќе почне следната година, ќе трае 44 месеци и...

Жена загинала во сообраќајка на патот Гостивар – Кичево

Во сообраќајка што утрово се случила на патот Гостивар - Кичево, во близина на селото Трапчин Дол, животот го загубила 54-годишна жена од струшкото село Октиси. Како што соопшти полицијата, несреќата се случила во 7.40 часот, кога автомобил „форд мондео“ со италијански регистарски таблички, управуван од И.И.(54), излетал од патот и удрил во бетонски мост. Од повредите починала И.И. (54) од...

Двајца загинати во две сообраќајки близу Македонска Каменица

Маж и жена загинале во две одвоени сообраќајки близу Македонска Каменица денеска. Според СВР Штип, на магистралниот пат на потегот од селото Истибања до Македонска Каменица, на свиокот во близина на рибникот „Саваро“, загинал 51-годишен маж од селото Облешево. Возилото „махиндра“ со кое управувал, претпладнево излетало од коловозот и тој на местото на несреќата починал од добиените повреди. Три часа подоцна...

Старица прегазена на пат кај Крива Паланка

Во сообраќајна несреќа вчера претпладнето била усмртена 87-годишна жителка на Крива Паланка, извести СВР Куманово. Според полицискиот билтен, вчера околу 10.30 часот на магистралниот пат А-2 во Крива Паланка, во близина Осички мост, автомобил „сеат кордоба“ со кривопаланечки регистерски ознаки удрил во 87-годишната С.В., која починала веднаш. Со автомобилот управувал Б.В. (53) од Крива Паланка. Увид извршиле јавен обвинител и екипа...

Автопатот Миладиновци – Штип ќе „изеде“ уште 20 милиони евра

Завршувањето на автопатот Миладиновци – Штип ќе значи трошок од уште 20 милиони евра, поради проблемите во изградбата. Претходниот министер за транспорт и врски, неколку дена пред заминувањето од власт на владата на ВМРО-ДПМНЕ, доставил информација до владата за тоа, но, како што рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, тоа досега се криело од јавноста. Сугарески изјави дека...

Владата одлучи патот кај Порој да се исчисти, а земјоделците да се обесштетат

На вечерашната трета владина седница на која се расправаше за штетите во поплавените подрачја во Порој, било истакнато дека Дирекцијата за заштита и спасување и Општината Тетово треба веднаш да почнат постапка за расчистување на наносот на регионалниот пат Тетово – Јажинце, а Владата препорачала да помогне и Армијата. На патот имало нанос од песок и од земја од околу 70.000...

Германското МНР очекува брзо формирање влада и спроведување на реформите

„Добро е што претседателот Иванов попушти и престана да го блокира формирањето на новата влада. Оваа одлука требаше одамна да се случи и конечно го рефлектира исходот од изборите во земјата во декември во 2016 година“, се вели во пишаната изјава на Министерството за надворешни работи на Германија, а по повод давањето на мандатот од страна на претседателот Ѓорге...

Дваесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа во Охрид

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што рано утрово, во пет часот, се случи на регионалниот пат Свети Наум - Охрид, во близина на Хидро-биолошкиот завод, информира СВР-Охрид. „Од добиените повреди, на местото на настанот животот го загуби Дејан Т. (20), додека тешки телесни повреди добил Р.Д. (25), двајцата од Охрид. Поради тешките повреди и сериозната здравствена...

Голем одрон го затрупа патот кон тетовско Бањиче

Вчера попладне на патот кој води кон рекреативното место Бањиче во Тетовско, наспроти објектот на хидроцентралата на реката Пена, паднал голем одрон од земја и од камења. Според Секторот за сообраќај и патишта при Општина Тетово, одронот за неколку часа е отстранет, но оттаму апелираат овој патен правец да не се користи, освен во случај на голема потреба, затоа што...

Привремен сообраќаен режим на дел од улицата Никола Карев

Градот Скопје ги информира граѓаните дека во деновите од претстојниот викенд (15 и 16 април), на дел од улицата Никола Карев, на крстосницата со булеварот Трета македонска бригада, ќе се изведува прекоп за поставување подземни инсталации. „Поради тоа, во деновите од викендот, на оваа делница ќе се воведе привремен сообраќаен режим, во времетраење од 8 до 18 часот, а на...

Во сообраќајна несреќа во Шведска загинаа три деца, а 25 се повредени

Aвтобус кој превезувал деца во Шведска се превртел при што во несреќата загинале најмалку три деца, а 25 се повредени, пренесуваат шведските медиуми. Во автобусот се наоѓале 52 ученици и шестмина возрасни. https://twitter.com/Aftonbladet/status/848426536034328576 Несреќата се случила 430 километри северозападно од Стокхолм, а децата патувале кон скијачки центар. Причината за несреќата сè уште не е позната, а некои медиуми пренесуваат дека автобусот излетал бидејќи...

Девет деца се повредени во сообраќајна несреќа во Романија

Mинибус што превезувал ученици во југозападниот дел на Романија излетал од патот, при што најмалку девет деца се повредени, јавуваат романските медиуми. Повредените деца биле пренесени во болница и сè уште нема информации за нивната здравствена состојба. Во моментот на несреќата во минибусот се наоѓале 18 деца. Возачот во полиција изјавил дека поради премореност изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...