fbpx
Таг: пат

таг: пат

Започна изградбата на обиколница Тетово

Во близина на населеното место Требош денеска се означи почетокот на градежните работи за изградба на обиколница Тетово, која од автопатот кај Требош ќе се протега до селото Непроштено. Инвестицијата е вредна 12,2 милиони евра. Во првата фаза ќе се гради обиколницата од 5,4 километри со две ленти од по три метри од клучката кај н.м Требош до Непроштено, а...

Падна договор: Тетово и Призрен ќе се поврзат преку тунел од 6,4 километри низ Шар Планина

Заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи и министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Република Косово, Либурн Алиу, денеска го потпишаа Договорот за кофинансирање за проектирање за изградба на тунелот на новиот патен правец Тетово – Призрен. „Поврзувањето со Косово ќе се направи преку изградба на тунел долг 6,4 километри, за што денеска го потпишавме овој договор...

Бочварски: Обиколницата Штип од утре ќе биде во употреба

Штип доби нова модерна обиколница, како дел од експресниот пат Штип - Радовиш, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, извршија увид на изградената обиколница. Тие најавија дека од утре попладне обиколницата ќе биде пуштена за сообраќај за сите возила. Обиколницата е во должина од 6 километри, коловозот...

Порталб: Одолговлекувањето на работите од страна на општината, ги загрози животите на граѓаните кај Градската бања во Тетово

Одроните на земјиштето, кај Градска бања, за коишто Порталб.мк информира веќе неколку години, вчера ги загрозија животите на граѓаните. Луѓето кои оделе на рекреација не можеле да се качат до главниот дел од бањата, додека автомобилите биле блокирани од свлечиште. Од Општина Тетово не одговараат дали и кога планираат да интервенираат, пишувa Порталб.мк. Иако патот што води до бањата може...

Порталб: Потпорниот ѕид кај Градската бања во Тетово под ризик од уривање

На патот за Градската бања во Тетово се наоѓа опасен потпорен ѕид, бидејќи е речиси пред уривање, а општинските власти сè уште немаат преземено ништо за решавање на овој проблем, пишува Порталб.мк. Од Општина Тетово за Порталб.мк велат дека за овој ѕид ќе мора да се причека до март, и ги повикуаат граѓаните да бидат претпазливи кога поминуваат покрај него. Иако...

Бројот на граничните премини со Бугарија не одговара на потребите на граѓаните и бизнисот

Новата програма за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија 2021-2027, според најавата на македонското Министерство за локална самоуправа, ќе биде насочена кон изградба и развој на транспортната поврзаност помеѓу двете земји. Во источниот дел на државата, целиот промет на луѓе и стоки се одвива преку единствениот премин Делчево – Станке Лисичково, кој е преоптоварен особено за време на празници и...

Пречекорен рокот за асфалтирање на последниот километар Тетово – Попова Шапка

Иако на 5 септември годинава, министерот за економија Крешник Бектеши рече дека во рок од две недели последниот километар од патниот правец Тетово-Попова Шапка ќе се асфалтира, ова ветување не е одржано и патот до денес остана неасфалтиран. Од министерството известуваат дека министерот Бектеши во текот на неделата ќе ја посети Попова Шапка за да ги следи работните активности на...

Почна асфалтирањето на првите пет километри од експресниот пат Штип – Радовиш

Почна асфалтирањето на експресниот пат Штип – Радовиш, а според најавите, патот во должина од 23 километри, се очекува комплетно да биде завршен до април 2021 година. Асфалтирањето почнува по една и пол година од отпочнувањето на првите работи на овој пат. Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, при денешниот увид на терен, оцени дека овој пат е пример за...

Патот од Тетово – Попова Шапка се реконструира, а за иднината на ски-центарот ќе се знае до 20 октомври

Интензивно се работи на реконструкција на патот од Тетово - Попова Шапка, а се очекува до крајот на септември оваа делница долга 18,2 километри да биде целосно реконструирана. Ова беше истакнато од министерот за економија Крешник Бектеши кој заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов и градоначалничката на Општина...

Неизвесно е колку ќе биде вон функција патот Кочани – Делчево кај Истибања

Со мерење и испитување следено со расчистување на камењата, денеска „Македонија пат“ ги започна активностите на санирање на големото свлечиште, коe со себе повлече цел рид и го затрупа патот Кочани – Делчево кај селото Истибања. Засега никој не се осмелува да прогнозира колку ќе биде затворен за сообраќај овој пат што води кон границата со Република Бугарија. -Сообраќајот во...

Цел рид од карпи се сруши на патниот правец Кочани-Македонска Каменица-Делчево

Цел рид од карпи се сруши на патниот правец Кочани-Македонска Каменица-Делчево во близина на село Истибања, кај местото „Саваро“ со што целосно е прекинат сообраќајот на тој патен правец. Според информациите од вработени во „Македонија пат“ теренот е незбезбеден, камења се рушат на секои пет минути и затоа возилата се пренасочуваат преку алтернативни сообраќајници. -Свлечиштето започнало да се руши околу 11...

Пронајденo новo археолошкo наоѓалиштe при изградбата на експресниот пат Штип-Кочани

Izvor: Vlada na RM
Изминатиот викенд ангажираните работници на кинески „Синохидро“ при изведбата на експресниот пат Штип – Кочани кај селото Жиганци, пронајдоа остатоци од ранохристијанска базилика, која датира од третиот до шестиот век. Археолозите на штипскиот Завод и музеј, кои веднаш дошле на терен, првично соопштија дека се работи за дел од поголем објект од базилика (црква) од ранохристијанско време. Работниците ископале влезна...

Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Поради обилните врнежи од снег од Авто мото-сојузот на Македонија информираат дека од 11 часот на сила стапила забраната за движење на тешки товарни возила на планинскиот превој Барбарос, поточно на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп и на патот Прилеп-Кавадарци, на планинскиот превој Плетвар, додека пак од 12 часот на сила стапи забраната за движење на камиони и...

Сугарески: Патот Ранковце – Крива Паланка е од регионално значење за економијата

Експресниот пат Ранковце – Крива Паланка кој е со вкупна должина од 25 километри почна да се гради јуни годинава и треба да биде завршен за три години, информираше министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој денеска изврши увид во градежните работи. - Експресниот пат Ранковце – Крива Паланка како дел од доизградбата на Коридор 8 е од особена...

Сугарески: 320 милиони евра во изградба и реконструкција на патната мрежа на Истокот

Градот Штип е важна раскрсница на Истокот и затоа ние максимално сме посветени на подобрување на патната инфраструктура во овој регион, изјави денеска министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески при работната посета на Штип. Тој додаде дека очекува изградбата на автопатот Миладиновци– Штип да биде завршен до септември оваа година. - Работиме на изградба на експресен пат од Штип до...

Свлечиште на патот Гостивар – Кичево, сообраќајот се одвива по една лента

Сообраќајот на магистралниот пат Гостивар - Кичево, кај селото Тајмиште, се одвива по една сообраќајна лента поради свлечиште, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија. Од таму додаваат дека дежурните екипи на „Македонија пат“ се на терен, работат на расчистување и нормализирање на сообраќајот. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

САСА: Работата на рудникот беше загрозена поради незаконска блокада

Група поддржувачи на огранокот на Мултиетничкиот синдикат на образованието (МЕСО) од Македонска Каменица, спротивно на Законот, утринава поставиле блокада на патот што води кон рудникот САСА, при што автобусот што ги превезува работниците од првата смена во рудникот бил спречен да дојде до рудникот и на работниците им било оневозможено да стигнат на своите работни места, тврдат од компанијата. Во...

Забрана за камиони утрово само на Маврово – Дебар

Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар утрово сè уште е на сила. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните служби. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица, информира Автомото сојуз на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќајот...

Сообраќајот на патот Кочани-Македонска Каменица во прекин поради одрони

Поради отстранување одрони во близина на село Истибања сообраќајот на патниот правец Кочани-Македонска Каменица е во прекин во двата правци.  Се користи алтернативен пат Кочани- Виница- Драгобрашта- Бигла- Македонска Каменица. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, без забрани, застои и ограничувања. Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува на планинскиот превој Пресека. АМСМ препорачува внимателно...

Намалена видливост поради магла во Делчево и Стојмирово

Поради магла намалена видливост од 30 до 50 метри има во Делчево и Стојмирово. Од „Македонија пат“ соопштуваат дека на останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива тековно по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...