fbpx
Таг: пасоши

таг: пасоши

Вучиќ: Србија нема да одговори на мерките на Хрватска

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, истакна дека Србија нема да одговори на новите мерки на хрватската влада, не затоа што не ја разбира ваквата нивна одлука, туку зашто смета дека одамна поминало времето кога некој влегувал во автобус, прегледувал патници и ги вадел од возилото затоа што имале некој пасош. - На економските мерки може да се одговори со мерки, на лудилото никако....

Шестмина осомничени за фалсификување пасоши

Регионалниот центар за гранични работи Север поднел пет кривични пријави против шестмина осомничени, кои се товарат за фалсификување исправа, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, станува збор за пет одделни случаи, во кои дел од осомничените се албански државјани. Според полицијата, во пртвите два случаи, албанските државјани Л.Ѓ. (28) и Е.Т. (41) на граничниот премин Табановце, приложиле пасоши во кои ги...

Нема процена, ама грбот ќе биде евтин

Надлежните немаат направено анализи колку ќе ги чини граѓаните најавената промена на државниот грб, односно колку пари ќе бидат издвоени од буџетот за промените во делот на она што значи употреба на грбот. Наспроти уверувањата од Владата дека граѓаните нема да имаат дополнителни трошоци за замена на личните документи со нови, кои ќе го содржат новото решение на државниот грб,...

МОН: СДСМ изнесува невистини за да добие ситни политички поени

Министерството за образование и наука остро реагира на невистините изнесени од Фросина Ременски, а по повод набавката на лаборатории и наводното „изигрување на тендерска постапка“. „Со цел правилно и точно информирање на јавноста, базирано на докази и факти, информираме дека во објавен повик на Министерството за образование и наука бр.43/2010, во согласност со Законот за јавни набавки, во делива постапка,...

СДСМ: Груевски го прегази Јавното обвинителство

Никола Груевски најдиректно, јавно згази по законските должности на Јавното обвинителство, се вели во реакцијата од СДСМ по изјавата на премиерот Никола Груевски. „Каква истрага, какви институции. Се разоткри обвинителот, истражниот орган, судот во оваа држава. Со денешната изјава, Груевски потврди дека никој подобро од него и од неговата најблиска соработничка Јанкулоска не се разбира од машинерија. Тие се експертите, за машина, машинче...

Груевски: СДСМ се обидува со манипулации, монтажи и со афери да дојде до власт

Нам ни е јасно како „Фокус“ дојде до идејата за овие обвинувања, но СДСМ со обвинувањата за наводно фалсификување пасоши шири груби манипулации, истакна денеска премиерот Никола Груевски. - Жалам што СДСМ цврсто се обидува со манипулации, монтажи и со афери да дојде до власт. Нам, како ВМРО-ДПМНЕ, ни одговара таквото нивно однесување, но за демократијата не е добро да...

Тројца Сиријци се обиделе да преминат граница со лажни пасоши

Полициски службеници, на граничниот премин Табановце, вчера привеле три лица кои се обиделе да ја преминат границата со лажни пасоши. Според полициските информации, вчераутро, околу 5.30 часот, на граничниот премин за излез од земјата се пријавило возило, марка „сеат леон“, што го управувало лице со холандска лична карта, а во автомобилот со него патувале и три лица со холандски патни...

Заев: Граѓаните веќе не се плашат, секојдневно доставуваат докази за криминал

„Овие денови, гледате, и еден медиум објавува афера за издавање пасоши во приватни станови, коишто сите знаеме како можат да бидат искористени. Ја гледате Гордана Јанкулоска, вели никој не пријавил дека му недостига пасош. На гранични премини не било тоа евидентирано. Таа има обврска да помогне во истрагата којашто ја отвора обвинителството, во согласност со законот. Таа е должна...

ВМРО-ДПМНЕ: Партијата на Заев сака да ја сокрие површноста на доказите

Откако материјалите околу кои СДСМ се обиде да изградат случај наидоа на потсмев на социјалните мрежи и во пошироката јавност, сега партијата на Заев сака да ја сокрие површноста на доказите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ. „Денес СДСМ нè повикува да не ги гледаме снимките и воопшто да не се обрнува внимание на нив, демек, снимките сега не...

Ременски: Јанкулоска да не врши притисок врз обвинителството

Однесувањето на Јанкулоска и на МВР во скандалот со можната нелегална фабрика за пасоши во приватен стан е класична потврда дека во Македонија институции нема, истакна Фросина Ременски, потпретседателка на СДСМ и претседателка на Комисијата за внатрешни работи на денешната прес-конференција. - Прво, материјалот што упатува на криминал, како што информираше медиумот што го обелодени, е испратен до Јавното обвинителство, задолжено за...

Јанкулоска: Подготвени сме за истрага околу случајот со пасошите

Целосно е погрешен обидот да се исценира некаква афера со објавениот видеозапис за фалсификување пасоши. Очигледно е дека пристапот е нестручен и оној што се обидува да ја наметне темата во јавноста, не го познава процесот, изјави денеска министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. - Како институција, за сите нивни сознанија или евентуални докази, им стоиме на располагање за целосно да...

Арсиќ: Анонимен испраќач ни го достави материјалот за пасошите

Новинарот на „Фокус“, Љубиша Арсиќ, кој е автор на текстот за фалсификуваните пасоши, за телевизијата „24 Вести“ тврди дека материјалот го добиле од анонимен испраќач. Според него, и видеоснимката и фотографиите најверојатно ги докажуваат претходните написи во „Фокус“ за изчезнати системи за изработка на пасоши.

СДСМ: Нервозата на ВМРО-ДПМНЕ е огромна и очигледна

Со особено внимание следиме што е објавено во неделникот „Фокус“ и како во овој случај ќе реагираат институциите на ВМРО-ДПМНЕ. Неделникот „Фокус“ дословно става до знаење дека анонимен граѓанин ги доставил доказите за фалсификување патни исправи до медиумот, се вели во реакцијата на СДСМ. „Ова е уште еден доказ дека се распаѓа системот на контрола, на таење и на лажирање на...

ВМРО-ДПМНЕ: Режисерот да го облече човекот, да не е бос

ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение по снимката во неделникот „Фокус“. Во рекацијата оттаму велат дека чувствуваат потреба да се произнесат околу еден видеозапис со чудна содржина што циркулира по медиумите. „Освен тоа што како кај сите што го погледнале видеозаписот, и кај нас предзвика чувство на хумор, во врска со снимката која беше лиферувана од страна на еден медиум во обид да се претстави...

Нема решение за повеќе од 75 oтсто од вработените постари од 46 години во јавните претпријатија

Во земјава се регистрирани 159 јавни претпријатија кои се формирани од различни нивоа на власт, Собранието, Владата, општините и град Скопје. Најголем број, 143, се основани од град Скопје...