fbpx
Таг: пасоши

таг: пасоши

Собранието пресече – рокот на важење на старите пасоши нема да се продолжи

Собранието на денешната седница не ги изгласа предложените измени на Законот за патни исправи, со кои се бараше старите пасоши на граѓаните со „Република Македонија“ да важат до крајот на годинава, како што беше направено со возачките дозволи. Законските измени беа предложени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Против измените на законот гласаа 54 пратеници, додека 46 беа „за“. Како што објави пратеникот...

Владата одлучи професионалните возачи побрзо да добијат пасоши

Министерот за транспорт и врски денеска по владината седница се пофали дека владата донесе одлука за воспоставување на брза лента за издавање на патни документи за сите професионални возачи. Како што рече Бочварски, со одлуката се опфатени сите транспортери и превозници кои поседуваат валидни сертификати за професионални возачи и на кои им се овозможува по приоритет да ги заменат патните...

Вељаноски бара граѓаните да можат да гласаат на избори со старите пасоши

Поранешниот претседател на Собранието и поранешен член на Државната изборна комисија бара на претстојните избори граѓаните да можат да гласаат и доколку имаат стара патна исправа со „Република Македонија“, доколку истата е со важечки рок. Државната изборна комисија мора да им овозможи на државјаните на Република Македонија да го остварат уставното право на гласање, вели тој во обраќањето до медиумите. „Согласно...

Не е вистина дека 100 илјади Косовци поднеле барање за македонски пасош

Тврдењето дека 100 илјади граѓани на Косово поднеле барања за пасош во нашата држава и дека поради нив се градат згради во Скопје е неточно. Станува збор за погрешно разбран наслов, по што се креираат дезинформации на социјалните мрежи. Оваа вест се однесува на Косово, а не на  С. Македонија, пишува Вистиномер.  Текстот го пренесуваме во целост:   Фејсбук објави тврдат дека...

Бојмацалиев на полноќ пречекуваше обрасци за пасоши на ГП Богородица

Со галерија од фотографии, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев на полноќ на социјалните мрежи се пофали дека ги пречекал новите 140.000 обрасци за пасоши. Од фотографиите може да се види како Бојмацалиев го пречекува камионот со обрасците за пасоши на граничниот премин Богородица и се поздравува со вработените, демонстрирајќи го концептот, како што вели - „МВР за...

Ова не е вонредна ситуација од месец-два, Османи со невистина

Бројот на иселени државјани на РСМ што работат во Европа, бројот на издадени пасоши, бројот на пасоши што треба да се издадат, капацитетите на машините што ги печатат, бројот на резервите на обрасци и динамиката со која се очекуваат и ред други нешта покажуваат дека Османи говори желба, а не вистинита проценка за тоа колку ќе трае вонредната состојба...

Бојмацлиев: До крајот на месецот ќе има нова пратка обрасци за лични документи

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, кој денеска заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски се сретна со раководството на Секторот за внатрешни работи Куманово, изјави дека се стигнати 20.000 обрасци, а до крајот на месецов ќе стигне дополнителна пратка. Нова пратка обрасци за лични документи на граѓаните се очекува и во јуни. „Никој никого...

Османи, по Бон, стави во функција дополнителен пункт за пасоши и во Берн

Во продолжение на серијата посети на дипломатско-конзуларни претставништва на Република Северна Македонија со значително зголемен обем на конзуларна работа, денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи престојува во Амбасадата во Берн, Швајцарија. Во оваа Амбасада покрај другите конзуларни услуги за нашите државјани, преку базната станица се врши фотографирање и земање на биометриски податоци за издавање на патни исправи, а од...

Не е вистина дека патните исправи на Република Северна Македонија нема да важат ако го содржат новото име

Преспанскиот договор уредува кодот за нашата земја на регистарските таблички на возилата да биде НМ или НМК. За сите други намени, кодот на земјата останува да биде МК и МКД, како што е официјално определено од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО). Затоа, патните исправи кои содржат Северна Македонија и код МКД се валидни и нема никаков проблем со нивното...

Пет иницијативи доставени до Уставниот суд за личните документи

Пет иницијативи се доставени до Уставниот суд во врска со личните карти, возачките дозволи и пасошите. Иницијативите се однесуваат за периодот на издавањето на овие лични документи, односно на нивното времетраење бидејќи некои сѐ уште се со важност, како и на правото на слобода на движење, рече претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска денеска. Сепак, таа потенцираше дека слободата на...

Контраспин: Жалењето на Ковачевски е задоцнето и бескорисно, зијанот е голем

Изјавата на Ковачевски дека „мора да се биде реален“ и „тоа е процес кој мора сите заедно да го изодиме“ е спин. Министрите на СДСМ во техничката влада не го предложиле и не го изгласале ова со бесплатните возачки поради висока свест и затоа што „патот треба да го изодиме заеднички“, туку поради претстојните избори, но и уште повеќе,...

Државна делегација во посета на амбасадата во Брисел каде што се врши фотографирање за пасоши

Ќе има организирање на конзуларни денови и други видови олеснувања за граѓаните во странство, за кои нашите претставништва беа инструирани и наскоро следи објава на планот, информираше денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој заедно со премиерот Талат Џафери и вицепремиерот Бојан Маричиќ, за време на престојот во Брисел, ја посетиле македонската амбасада каде што се врши сликање...

Здруженија: Државата не смеела да издава документи со старото име, граѓаните да консултираат адвокати

Од стапување на сила на Амандманот XXXIII на Уставот (12.02.2019), државата не смеела да издава документи со поранешното име, тврди Здружението на млади правници. Од Хелсиншкиот комитет за човекови права, пак, велат дека повредата на правото на слободно движење настаната со хаосот во обезбедувањето на нови патни исправи, што не може да се стави на одговорност на граѓаните, им дава...

МВР: Ако не ве пуштат на граница да излезете со стар пасош, може да побарате писмено известување

Министерството за внатрешни работи ги информира оние граѓани кои ќе бидат спречени од страна на граничните полициски службеници да направат излез од државата поради тоа што поседуваат патна исправа со името “Република Македонија“, дека можат да побараат писмено известување во кое ќе бидат наведени причините поради кои се оневозможени да направат излез. Во соопштението на МВР се вели и дека...

СДСМ предлага законски измени за продолжување на важноста на возачките документи

Пратеничката група на СДСМ ќе поднесе предлог за законски измени со кои на возачките дозволи, сообраќајните дозволи, осигурителните полиси и сообраќајните книшки ќе им биде продолжена важноста, соопштија денеска од партијата. Во меѓувреме, и техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на Канал 5 вчера најави измени на Законот за изменување и дополнување на законот за патните...

Ако сте се сликале за документи кон крајот на декември, не се мачете да чекате ред да ги земете

„Ако сте се сликале за лични документи после 27 декември, воопшто не се трудете да чекате и да зафаќате место, подобро да си одите, не се пристигнати кај нас“. Вака денеска им се обратија вработените во пунктот на МВР на редиците од луѓе кои чекаа да си ги подигнат личните документи. Но, „патот“ што треба да го поминат новите лични...

Од утре пунктот за лични документи во полициската станица Пролет нема да работи без закажување

Од утре, среда, пунктот за фотографирање за лични документи во ПС Пролет нема да работи без закажување, туку ќе се трансформира во пункт за презакажани термини за сите оние кои имале резервиран термин за фотографирање на територија на град Скопје до крајот на 2024 година, информира МВР. „Трансформацијата се прави со цел да се воведе ред наместо хаос и да...

Ташковски ќе ги наградува вработените кои издаваат лични документи

Панче Ташковски, дополнителниот министер за внатрешни работи го посетил Одделението за управни работи - Скопје каде се запознал со фактичката состојба во делот на издавање на лични документи. Тој преку Фејсбук статус информираше дека 25 вработени од други организациски единици доброволно се пријавиле и биле упатени да помогнат во овој процес. „Во таа насока во текот на вчерашниот ден истите почнаа...

Османи: Да не даваме лажна надеж на граѓаните, до 12 февруари издадете што повеќе пасоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги повика институциите да се организираат и до 12 февруари да се издадат колку што може повеќе пасоши, а решение за оние што ќе останат со несменети пасоши ќе се бара на 13 февруари. „Средба или дополнителна комуникација со грчките власти ќе нема, иако официјална Атина има разбирање за состојбите. Преземените обврски од Преспанскиот...

Шалтерите за подигнување лични документи во МРТВ и Беко работат и денеска

Министерството за внатрешни работи соопшти оти шалтерите за издавање на готови пасоши и лични карти во МРТВ и Беко ќе работат и денеска, во сабота. Ова најава доаѓа откако се ширеа застрашувачки видеа и слики од долгите редици кои се формирале при подигнувањето на нови лични документи. Медиумите известија оти некои граѓани чекале и по пет часови. Според Преспанскиот договор, личните...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...