fbpx
Таг: пасош

таг: пасош

Судот одби да му го врати пасошот на Мијалков за да се лекува во странство

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје како неосновано го одби барањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, да му биде вратен пасошот. Мијалков го бараше пасошот со образложение дека има потреба од оперативен зафат кој треба да му биде извршен во странство. -Барањето на еден од осудените лица со првостепена пресуда во предметот со КОК бр. 62/17...

Ако Камчев има право на пасош, Милошоски има право да преговара за СЈО

Специјалната обвинителка Катица Јанева даде изјава во врска со судбината на СЈО и новиот закон која „Вистиномер“ ја смета за недоследна: „Не очекувам големи проблеми со новиот закон, тука е членот 105. Јас мислам дека и меѓународната заедница дава јасни насоки како и позицијата, освен опозицијата која е лично засегната. Во овој случај дава отпор, но мислам дека и тоа...

ДИК: До петок подигнете ги личните карти и пасошите или нема да бидете во Избирачкиот список

Државната изборна комисија (ДИК) на прес-конференција денеска порача дека согласно Изборниот законик, МВР наредниот ден од  денот кога се  распишани изборите е должно до Државната изборна комисија да ги достави податоците на граѓаните кои потоа ќе бидат запишани во Избирачкиот список. Тоа може да бидат само лица со наполнети 18 години живот, кои на денот на изборите имаат важечка...

Борисов нареди проверка на бугарските пасоши издадени во последните пет години

Бугарскиот премиер Бојко Борисов им наложи на Министерството за внатрешни работи и на Државната агенција „Национална сигурност“ да извршат проверка на сите бугарски лични документи издадени на странци во последните пет години. Според бугарските медиуми, во последните 15 години речиси 90.000 добиле бугарски пасоши. Како што јавуваат бугарските медиуми, Борисов воедно побарал резултатите од проверката да му бидат доставени во...

Ивона Талевска ги вратила парите за затаен данок, судот ѝ го вратил пасошот

Новинарката на „Сител“ , Ивона Талевска, на државна сметка ја уплатила целата сума од пресудата која ѝ ја изрече судот во предметот за даночно затајување „Тифани“, потврдиле од кривичниот суд за „Макфакс“. Талевска, според пресудата, како физичко лице вратила над 27 илјади евра за затаен данок од 6 години, уплатила 76 илјади денари за вештачењето на СЈО, 1.000 евра како...

На Вранишковски пасошот му бил одземен поради судска забрана да излезе од Македонија

Православната Охридска Архиепископија (ПОА) завчера обвини дека во понеделникот на граничниот премин „Меџитлија“ кај Битола, полицијата без никакво образложение му го одземала пасошот на нејзиниот поглавар Јован Вранишковски. Но од Министерството за внатрешни работи (МВР) за „Мета“ објаснија дека пасошот е одземен поради судска забрана Вранишковски да ја напушта Македонија. „На 09 Јули, оваа година, на граничниот премин Меџитлија кај...

Од 2012 година 26.100 Македонци добиле бугарско државјанство

Во периодот од почетокот на 2012 година до средината на месецов, 26.108 Македонци добиле бугарско државјанство, со образложение дека имаат барем еден родител со бугарско потекло, јавува бугарскиот „ЕУскуп“. Со тоа, од вкупно над 60.000 нови бугарски државјани во тој период, Македонците се најголемата група, јавува веб-страница повикувајќи се на податоците од Комисијата за бугарско државјанство. Во наведениот период, биле одбиени...

Груевски останува без пасош, одлучил Апелацискиот суд

Апелацискиот суд Скопје ја отфрлил жалбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со која тој бараше да му биде вратен пасошот, потврдила за „Телевизија 24“ судијката Лилјана Ивановска-Шопова, која претседаваше со тричлениот совет на судии што одлучуваше по жалбата на јавна седница. Инаку, Груевски, кој е првообвинет во случајот „Титаник“ на СЈО, четврти месец е без пасош, кој му беше одземен...

Груевски бара да му го вратат пасошот за да се сретне со Орбан

Со одземениот пасош на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не се попречуваат правата само на едно лице, туку се одземаат правата на стотици илјади лица - членови, гласачи и поддржувачи на најголемата опозициска партија во државата. Ова беше дел од аргументацијата на адвокатите на Груевски на денешната јавна седница во Апелацискиот суд, по повод жалбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,...

Судот одлучи и на Мијалков да не му го врати пасошот

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков кој е обвинет во случајот „Таргет“, останува без пасош, откако судот го одбил како неосновано неговото барање да му биде вратена патната исправа што му беше одземена како мерка за обезбедување на присуство. „Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи...

Никола Груевски останува без пасош, „бомбите“ отфрлени како докази во три случаи

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1, не го прифатил барањето на Никола Груевски да му биде вратен пасошот, објави судот на својaта веб-страница. Истовремено, прислушуваните разговори се отстранети од доказниот материјал во три случаи, со образложение дека се незаконски прибавени. Освен Груевски, пасошите си ги бараа и поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков,...

Мијалков се повикува на судска одлука за Заев за и нему да му биде вратен пасошот

Одбраната на Сашо Мијалков, обвинет во случајот на СЈО „Таргет“, сè уште чека одговор од Кривичниот суд во врска со барањето за враќање на пасошот што му беше одземен. Адвокатот на Мијалков, Љупчо Шврговски, изјави дека за враќањето на пасошот се повикале на судската практика, односно на одлуката на судот да му биде вратен пасошот на лидерот на СДСМ и...

Одбиени жалбите во случајот „Тендери“, Канческа-Милевска останува без пасош

Апелацискиот суд ги одби жалбите на поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, и на уште две лица, како и на Специјалното јавно обвинителство во случајот „Тендери“. Апелацискиот суд ја потврди одлуката на Кривичниот суд за Канческа-Милевска и за другите обвинети да им бидат одземени патните исправи и да се јавуваат во судот еднаш неделно. СЈО во жалбата бараше на Канческа-Милеска и...

Апелација одлучува за „Тендери“, Канческа-Милеска изненадена од барањето за притвор

Навистина сум многу изненадена од мерките што ги бара СЈО бидејќи не постои причина, ниту најмала, што оди во насока на попречување на самата постапка, бидејќи секогаш уредно сум се јавувала на поканите на СЈО, изјави денеска поранешната министерка за култура и сегашна пратеничка, Елизабета Канческа-Милеска, по јавната седница во Апелацискиот суд. Ексминистерката е обвинета во предметот „Тендери“ за малверзации со...

Апелација ги разгледува жалбите на СЈО и на Канческа-Милевска

Во Апелациски суд - Скопје денеска се одржува јавна седница на која се разгледуваат жалбите за случајот „Тендери“, во кој првообвинета е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска. Жалби до Апелацискиот суд имаат поднесено и Специјалното јавно обвинителство, кое бара да се поништи одлуката на првостепениот суд и на Канчевска-Милевска да ѝ се одреди притвор, но и обвинетата, која исто...

Апелација почна да ги објавува одлуките – Ивона Талевска останува без пасош

Жалбата за мерката на претпазливост која ѝ беше одредена на уредничката на телевизија Сител, Ивона Талевска, е одбиена и таа останува без патна исправа, стои во одлуката на Апелацискиот суд Скопје која беше денеска објавена на веб-страницата на судот. Ивона Талевска е обвинета за даночно затајување во случајот на СЈО наречен „Тифани“. Нејзиниот пасош е одземен и таа треба еднаш...

Мијалков не поднел жалба оти уште не го добил решението за одземениот пасош

Адвокатот Љупчо Шврговски, кој му е бранител на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, обвинет во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ кои СЈО ги спои во едно обвинение, за „Мета“ изјави дека досега не ги поднеле жалбите бидејќи Мијалков сè уште не го добил решението на Кривичниот суд со кое му се одредени мерки за претпазливост,...

Кривичниот совет ја одби жалбата на СЈО за пасошот на Канческа-Милевска

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја одби жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на одлуката на судијата на претходна постапка да не им ги одземе пасошите на актуелната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, и уште едно осомничено лице во случајот „Тендери“. Освен одземање на пасошите, СЈО бараше од судот на двете осомничени лица да им биде наложено и...

Канческа-Милевска: Ова е театар организиран од СДСМ

Ова е чист политички театар организиран од СДСМ, а поддржан од Специјалното јавно обвинителство, изјави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска по излегувањето од Кривичниот суд, каде денеска беше на распит за случајот „Тендери“. Канческа-Милевска во судот се задржа околу два часа. Таа рече дека останува на изјавата дадена минатиот четврток и дека на денешното сослушување од СЈО не биле приложени...

Фармерот Душко Илиевски бара политички азил, полицијата не му издава пасош

Битолскиот фармер Душко Илиевски бара политички азил во една европска држава, бидејќи како што вели, повеќе не може да ги издржи постојаните притисоци, закани и провокации што секојдневно ги трпи како од полицијата, така и од политичките неистомисленици, пренесува „Телма“. Тој, како што вели, кон краот на овој месец договорил прием во една странска амбасада, но се соочил со проблеми,...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...