fbpx
Таг: пасош

таг: пасош

Термин за лични документи отсега може да се побара онлајн

Од вчера е воведен уште еден начин за закажување на термин за фотографирање за лични документи, соопшти утрово Министерството за внатрешни работи (МВР). Воведена е нова секција на интернет-страницата termin.mvr.gov.mk. Во секцијата наречена „Поднеси барање за термин“, граѓаните го внесуваат својот матичен број, оставаат телефон за контакт и избираат за кој документ би сакале да закажат термин. Откако граѓаните ќе го...

Лажна вест со злоупотребено лого на Канал 5 телевизија, се споделува како вистинска

Канал 5 не објавиле вест дека Грција бара од С. Македонија да ја смени бојата на пасошите од црвена во сина. Станува збор за измислена вест. Такво барање досега од грчка страна немало. Веста за која се тврди дека ја објавила Канал 5 телевизија не може да се најде никаде. Таа наликува на сатирична вест, но истото никаде не...

Од понеделник граѓаните ќе добиваат СМС пораки кога ќе им бидат готови пасошите

Со цел да се олесни процесот за подигање на готови пасоши, од понеделник, 19 февруари, граѓаните кои се фотографирале за пасош во објектот на МРТВ или во Полициската станица Пролет во Скопје, ќе добиваат СМС порака откако ќе им биде изготвен пасошот за да дојдат да го подигнат. Вака информираше денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). Покрај ова, граѓаните ќе...

Контраспин: Несериозностa во примената на договорот од Нивице нема да се избрише со промена на законите

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ спинуваат кога велат дека со промена на два-три закона ќе се решеле проблемите и маките на граѓаните со вадење на нови документи. Таквиот предлог е само покривање на пропустите што се направени досега, посебно на СДСМ, а обврската за нови документи останува, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Најпрво ВМРО-ДПМНЕ, а денеска и СДСМ комуницираат со...

Двесте повици за два часа – нула термини за пасош и лична карта

Откако пунктот за вадење лични документи во полициската станица „Пролет“ сега работи само со закажувања, се вжештија телефонските линии за закажување, а термин не може да се закаже ниту на страната за онлајн закажувања, бидејќи има технички проблеми. Граѓаните се жалат дека губат часови и часови на вртење телефони за да дојдат до термин за вадење лични документи, но дека...

Народниот правобранител: МВР бесплатно треба да ги замени важечките документи

Граѓани се жалат до Народниот правобранител дека Министерството за внатрешни работи не го почитува законскиот рок за издавање на патни исправи. Народниот правобранител Насер Зибер тврди дека МВР има недостиг на обрасци за патни исправи, како и за другите документи. Во однос на претставките што доаѓаат до Канцеларијата на народниот правобранител, Зибери вели дека сред метежите за лични документи, има...

Во иднина побрзо до германски пасош, усвоени нови законски измени

Во Германија луѓето кои немаат германско државјанство во иднина ќе можат побрзо да се натурализираат и притоа да го задржат својот странски пасош. Бундестагот ја усвои соодветната реформа на законот, јави германската агенција ДПА. Денеска за измените на законот за државјанство гласале 382 пратеници, против беа 234, а воздржани 23. Реформата првенствено беше поддржана од пратениците на владејачките партии, односно социјалдемократите...

Администрацијата на Бајден не ги отстранила орелот и знамето од американскиот пасош

Пасошите на САД со променет дизајн уште го содржат и орелот и знамето на САД, само на различна страница. Тие почнаа да се издаваат во 2021 година, со одлука од времето кога претседател на САД беше Доналд Трамп, така што не е точно дека администрацијата на Бајден ги сменила, ниту пак дека ги отстранила орелот и знамето, пишува „Вистиномер“...

19-годишен Камерунец фатен на „Табановце“ со фалсификувани документи

На граничниот премин „Табановце“ вчера рано наутро полицијата уапсила 19-годишник од Камерун, кој имал фалсификувана швајцарска дозвола за престој, белгиски пасош за кој има сомнежи дека е исто така фалсфикуван и два камерунски пасоша. Како што соопшти МВР, Камерунецот најпрво дал на увид Дозвола за престој во Швајцарија, за која се покажало дека е фалсификувана. Со него бил извршен разговор,...

Нема докази дека Палевски патувал со лажен пасош, уште помалку дека му го дал Спасовски

Тврдењето оти Спасовски издавал лажни пасоши на светски криминалци, е невистинито. За овој случај беше отворена истрага, а судот им изрече казни на 11 обвинети лица вработени во МВР. Ваквото тврдење понатаму е фабрикувано и филувано до степен да се шират дезинформации дека Спасовски му издал лажен пасош на првоосомничениот за убиствата на Вања и Панче, Љупчо Палевски. Ваквите...

Пунктот за промена на лични документи без закажување во ПС „Пролет“ ќе работи цел викенд

Пунктот за промена на лични документи без закажување во Полициската станица „Пролет“ во Скопје ќе работи и утре и задутре, односно за време на целиот викенд, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). Работното време оваа сабота и недела на пунктот е од 8 до 16 часот, а граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи таму, тоа можат да...

Во ПС „Пролет“ дневно по 1.000 лица ќе може да ги заменат личните документи

Во новоотворениот пункт во полициската станица „Пролет“ ќе може по околу 1.000 лица во период од еден ден да ја поминат процедурата за промена на личните документи. Ова денеска го најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој заедно со раководството на МВР го посети новоотворениот пункт на МВР за промена на лични документи. „Од денеска и официјално го почнуваме...

Преспанскиот договор погрешно се толкува, личните документи треба да се сменат до февруари 2024 година

Граѓаните, согласно Договорот од Преспа, треба да ги сменат личните документи со новото име на државата до февруари 2024 година. Владата не го измислила овој датум, како што се наведува во објавата, туку тој произлегува до Договорот кој го потпишаа Северна Македонија и Грција. Покрај пасошот, граѓаните треба да ги сменат и личните карти и возачките дозволи, бидејќи тие...

Следната година е рокот кога граѓаните треба да ги заменат личните документи

Следната 2024 година е рокот во кој треба да бидат заменети личните документи, бидејќи дадовме рок при примената на Уставот и Законот за јазиците, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Во однос на зголемувањето на цените за вадење нови лични документи, Спасовски рече дека тоа се должи на зголемените цени на репроматеријалите. Инаку, во март годинава, личната карта...

Контраспин: Во барањето за државјанството на Онишченко, сепак, има измама и неговата изјава е спин

Олександар Онишченко спинува кога вели дека нема измама во неговотo државјанство, затоа што тој при апликацијата не го запазил став 5 од член 7 од Законот за државјанство и премолчел битни факти. Без оглед што главниот и најголемиот кабает е при македонските органи и институции, пред сè, кај АНБ. Дополнително истрагата сè уште е отворена, па може да излезе...

Уверение за државјанство од 1 јануари ќе се издава и како е-документ, за пасош и лична карта ќе се закажува електронски

Од 1 јануари 2023 година граѓаните ќе можат Уверението за државјанство да го добијат и во форма на електронски документ на Националниот портал за електронски услуги или преку квалификувана електронска препорачана достава на електронска адреса, а истото може да се докаже и со податоци содржани во Националниот регистар на население. За ова денеска информираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

Контраспин: Трифонов спинува – Бугарите во С. Македонија без страв ја истакнуваа својата етничка припадност на пописот

Слави Трифонов на основачкото собрание на „Има таков народ“ на 16 февруари 2020 година. Фото: Tnvsjk2013/Викимедија комонс. Creative Commons Attribution-Share Alike 4.0
Со вадењето бугарски пасош, преку релативно лесниот начин да се стигне до него, беше отворена врата за македонските граѓани да имаат слободен влез и можност за работа во ЕУ. За ова се пишува и зборува со години, притиснати од економската криза, со надеж дека ќе обезбедат работа или школување во Европа, многумина изминатава деценија посегнуваат по резервниот план –...

Во банките, покрај пасош, ќе примаат и потврда од МВР за барање за нова лична карта

Македонската банкарска асоцијација (МБА), соопшти дека согласно со мислењето добиено од Управата за финансиско разузнавање, надминат е проблемот со користење на услугите и производите на банките и штедилниците од страна на граѓаните на коишто им е истечена важноста на личната карта. Тие сега ќе може да ги завршат неопходните работи на банкарскиот шалтер со важечки пасош, а за оние чии...

МВР го продолжи рокот на пасошите и возачките дозволи до 31 јули

Министерството за внатрешни работи извести дека е продолжен рокот на важност на пасошите и возачките дозволи чиј рок на важност е истечен во периодот на вонредната состојба и тие ќе важат до 31 јули 2020 година. „На 51. седница на Владата на предлог на Министерството за внатрешни работи, се донесени уредби со законска сила за патните исправи и за возачките...

Првата пратка обрасци за пасоши пристигнува на шести март

Заменската министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска најави дека проблемот со недостиг на обрасци за пасош веќе се решава. „Првата пратка очекуваме на шести март да биде испорачана и на тој начин ќе почнеме да се враќаме во една нормална состојба на испорака на патните обрасци“, рече Петровска. При престојот денеска во СВР Штип, Петровска беше прашана и за мотивите за...

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...