!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

„Мајкрософт“ слави 25 години „пасијанс“


Вашингтон, 19 мај, 2015 - 13:53 (META) 

Пред 25 години, во мај 1990 година, на оперативниот систем „виндоус 3.0“ се појави „пасијанс“ – вградена игра со карти која стана омилена забава на корисниците во целиот свет. Оваа култна игра заслужи компанијата „Мајкрософт“ да ѝ го прослави 25. роденден со официјална прослава – голем турнир.

Прелиминарните турнири ќе се одржат во рамките на компанијата, а на нив вработени на „Мајкрософт“ од оваа недела до почетокот на јули ќе си ги одмерат силите во сложување карти. Потоа ќе биде направена листа на најдобрите, а истиот предизвик кој го имале вработените ќе биде доставен и до јавноста. Така секој ќе има можност да види колку е „јак“ во „пасијанс“ во споредба со луѓето од компанијата, кои ја создадоа играта.