fbpx
Таг: партија

таг: партија

Вистиномер: Стоилковски со право укажува на прекршување на Законот за високо образование

Изјавата на портпаролот Стоилковски е поткрепена со посочување на конкретен член од Законот за високо образование, во кое се наведува неспојливоста на функцијата декан со политичка функција, заради што неговото изнесено тврдење го оценуваме како вистина, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на прес конференција, поврзана со изборот на новите партиски тела на СДСМ,...

Зелената агенда ќе биде дел од ДУИ за локалните избори, најави Ахмети

На 19. роденден на ДУИ започнуваме нова политика и директно дејствување, политика за еколошка правда и квалитетен живот. Зелената агенда станува дел од ДУИ, најави лидерот на партијата Али Ахмети, на прославата во Градски парк. Тој рече дека дошло време да се фокусираат на квалитетот на животот, условите за секојдневно живеење, развојот, квалитетно образование и здравство, неселективна правда, дигитализација, социјални...

Филипче објави фотографија од партиски состанок на ВМРО-ДПМНЕ каде не се почитуваат заштитните мерки

Министерот за здравство, Венко Филипче на својот Твитер профил објави фотографија со членовите на ВМРО-ДПМНЕ на која дваесетина луѓе не носат заштитни маски, ниту одржуваат дистанца. „Состанок на ВМРО-ДПМНЕ за барање одговорност од власта за корона вирусот“, напиша министерот. https://twitter.com/VFilipche/status/1317191147731750912 Здравствените власти најавија дека од следната недела ќе се воведат нови мерки за заштита, откако Комисијата за заразни болести препорача задолжително носење...

Јанушев не е повеќе генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, има промени и во Извршниот комитет

ВМРО-ДПМНЕ синоќа одржа седница на Централниот комитет на партијата на која што дискутираа за актуелната политичка состојба, но и за значајни внатрепартиски случувања, информираат од таму. Во партијата избраа и нов Извршен комитет кој го соочинуваат потпретседателите Александар Николоски и Владимир Мисајловски, членот Иван Иванов поранешен пратеник, како и членовите кои по функција се дел од ИК согласно Статутот, Претседателот...

Поранешни и актуелни високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ бараат реформи во партијата

Откако ВМРО-ДПМНЕ изгуби на предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15 јули, поранешните членови на партијата Никола Тодоров, Сашо Мијалков и Никола Поповски, кои беа и на високи раководни функции, деновиве излегоа во јавноста со заложба за партиски реформи и за смена на сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Со идентичен став излегоа и актуелниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев...

Истражување: Само 20 отсто од испитаниците сметаат дека АВМУ и АЕК се независни од политиката и бизнисот

Само 20 проценти од од граѓаните сметат дека Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) се независни од бизнис и политика, покажува истражувањето на јавното мислење поврзано со АЕК и АВМУ како и за задоволството на граѓаните од услугите и цените на мобилната телефонија, спроведено од  „Евротинк“ – Центар за европски стратегии. Според...

Љупчо Николовски е нов генерален секретар на СДСМ

Љупчо Николовски е новиот генерален секретар на СДСМ, информираше синоќа премиерот Зоран Заев по одржувањето на Централниот одбор, во рамките на кој беа направени смените во партијата. „Љупчо Николовски нема повеќе да биде министер на Министерството за земјоделство, шумарство и  водостопанство. Тој е еден од поуспешните министри во нашата Влада. Тоа го знаат граѓаните со сите реформи, со сите мерки...

Заев: Сменети секретaрите, потпретседателите и Извршниот одбор на СДСМ

Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев синоќа информираше за смените кои беа направени во партијата за време на одржувањето на Централниот одбор. Нов генерален секретар на партијата е министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој повеќе нема да ја извршува таа функција. „Благодарност до тројцата секретари на СДСМ, Генералниот секретар Кирацовски, секретарот за организациони работи Миле Зечевиќ,...

„Њујорк тајмс“ погрешно ја претстави претседателската кандидатка на опозицијата

Во својата, генерално коректна, статија за исходот на претседателските избори во Македонија, весникот „Њујорк тајмс“ објави и неточна информација за тоа како кандидатката на опозицијата воопшто стана претседателски кандидат. Во текстот „Поддржувачот на промената на името на Северна Македонија стана претседател“, „Њујорк тајмс“ пишува: „Експертот по уставно право и професор на Правниот факултет во главниот град, Скопје, г-ѓа Сиљановска - Давкова...

Мицкоски му се закани на Заев со политички пекол, Сиљановска гледа потреба од предвремени избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес конференција вечерва по објавувањето на резултатите од претседателските избори им порача на СДСМ и на Зоран Заев дека ги очекува „политички пекол“ што ќе го предводи ВМРО-ДПМНЕ, како најголемата политичка сила во земјава. Мицкоски прогнозираше дека на следните парламентарни избори ќе постигне триумф, освојувајќи половина милион гласови. - ВМРО-ДПМНЕ, споредено со коалицијата на...

Заев: Tочно е дека има партиски вработувања, но поголем дел се бираат на конкурси

Премиерот Зоран Заев на денешното отворање на салата за јавни услуги „Една точка за услуги” на новинарско прашање во врска со партиските вработувања рече дека на граѓаните гледа како еднакви и рамноправни. - Ние не можеме да ги ограничиме младите луѓе кои членуваат и не членуваат во партија. Но етичкиот основ, јавноста го доловува. Не само законот туку и етичкиот...

СДСМ одлучи да не оди на предвремени парламентарни избори

Извршниот одбор на СДСМ одлучи да нема предвремени парламентарни избори, заедно со претстојните претседателски избори, како што бараше опозицијата. Портпаролот Костадин Костадинов по завршување на седницата синоќа изјави дека, граѓаните бараат резултати во економијата, реформите и интеграциите. „Државотворна партија на која на прво место и се интересите на граѓаните и државата не мисли на предвремени избори дури и кога рејтингот...

Заев: За десет личности се прават анкети кој би бил најдобар кандидат за претседател

Централниот одбор на СДСМ ќе се одржи во петок, а дебатата за консензуален кандидат е во тек, одговори денеска на новинарско прашање премиерот Зоран Заев во врска со името за консензуален претседател, на прес-конференцијата во Владата посветена на проекти во патната инфраструктура. Тој додаде дека, како партија и коалиција која сака да победи на претседателските избори, прават анкети кој кандидат најдобро...

Пејовска Дојчиновска: Видовте како не треба, направете успешна Антикорупциска

Успешна Антикорупциска комисија прават повеќе компоненти добра правна рамка, членови со висок интегритет, знаење и одважност, и стручна служба со ресурси. Сево ова може да го реши Собранието, ако го исклучи партискиот ракурс, порача Софка Пејовска Дојчиновска, поранешен генерален секретер на Секретаријатот на Државната комисија за спречување корупција, на конференцијата „Итни приоритетски реформи: Јакнење на институционалната рамка во борбата...

Зеќири: Наместо да бараат амнестија за Груевски, ВМРО-ДПМНЕ да кажат дали се за ЕУ

Наместо да се обидуваат преку нелогични барања да дојдат до амнестија за Никола Груевски, Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба едноставно да кажат дали се за ЕУ и НАТО или не, изјави денеска пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зеќири пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. „Сите пратеници, вклучително и оние на ВМРО-ДПМНE се должни да ја следат мнозинската волјата на...

Мицкоски: Партијата привршува со консултациите за референдумот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, разговарале за актуелните случувања во земјава, за договорот со Грција и претстојниот референдум, информираат од партијата. Од таму велат дека „Мицкоски посочил дека ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува интеграциите на земјава во НАТО, и дека членството во оваа организација, како и интеграциите во Европската Унија се од стратешки интерес за земјава.“ „Воедно...

Мицкоски: Да превенираме каков било обид да се изигра волјата на граѓаните

По четиричасовната лидерска средба во Клубот на пратеници, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека лидерите на четирите најголеми политички партии за некои од прашањата имаат приближување на ставовите, а за некои немаат. Тој апелираше вистинските европски вредности да бидат реални, а не декларативни и дека сите партии треба да се однесуваат според тие вредности. - Тоа значи почитување на законите...

Касами бара Гаши да го врати пратеничкиот мандат

Билал Касами, претседател на тетовското крило на Беса, вчера од Струга му порача на Африм Гаши, претседател на скопското крило на Беса да формира нова партија доколку има барем малку достоинство. – Пратеникот Африм Гаши ако има минимално достоинство треба да го врати мандатот, да формира свој политички субјект, да се натпреварува на изборите и да ги бара гласовите од...

Касами објави дека со судска одлука останува претседател на Беса, Гаши вели дека лаже

Препукување меѓу двете крила на Движењето Беса се случи денеска, откако Биљал Касами објави дека со судска одлука, тој е претседател на Беса. Набргу одговори водачот на спротивставеното крило, Африм Гаши, кој тие наводи ги нарече измама. Тој рече дека работите ќе ги утврди вистински Управниот суд. Гаши отиде и чекор понатаму и го нарече противничкиот табор „фалсификатори“ и најави...

Мицкоски го информирал Дол дека државата назадува, а стандардот на граѓаните слабее

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на партијата, Александар Николоски и членот на Извршниот комитет, Владимир Ѓорчев ,се сретнаа со претседател на Европската народна партија (ЕПП), Жозеф Дол. На средбата, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, се разговарало за актуелните општествено-политички состојби, стратешките приоритети на државата како и за продолжување на соработката со европските народни партии. Мицкоски посочил дека е потребен политички дијалог...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...