fbpx
Таг: парно

таг: парно

РКЕ ја намали цената на парното

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната седница одлучи да ја намали цената за потрошена топлинска енергија. Цената за дистрибуција на потршувачите на БЕГ се намалува 3,1 проценти за Скопје-Север за 0,76 проценти, а за ЕЛЕМ енергетика 1,13 проценти, и новите цени ќе важат од 1 август. РКЕ ја намали и цената за фиксните трошоци односно цената што ја плаќаа исклучените корисници...

Над половина од корисниците, со пониски или еднакви порамнителни сметки за парно

Најголем дел од потрошувачите (62 отсто) оваа година ќе добијат пониски или еднакви порамнителни сметки со авансните, покажуваат податоците на БЕГ – Снабдување со топлина. Но, од компанијата информираат дека висината на порамнителните сметки е различна за секој потрошувач и зависи од карактеристиките и енергетската ефикасност на објектот како и од измерената количина на испорачана топлинска енергија до самиот објект. „Иако...

Владата уверува дека следната година исклучените нема да плаќаат паушал за парно

Владата на Република Македонија денеска порача дека домаќинствата кои се исклучени од централното греење во град Скопје, во наредната година ќе бидат ослободени од плаќање на паушалот кој во моментов го плаќаат. „Проблемот со кој се соочуваат граѓаните, владата предвиде да го реши во рамките на новиот предлог Закон за енергетика. Имено во подзаконските акти на Законот за енергетика кој...

Исклучените ќе продолжат да плаќаат паушал за парно-греење, пресече Уставен суд

Домаќинствата кои се исклучени од системот за снабдување со топлинска енергија на БЕГ ќе продолжат да плаќаат паушален надомест, пресече денеска Уставниот суд. Уставниот суд ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 66 од правилата за снабдување со топлинска енергија, донесени од Регулаторната комисија за енергетика, што значи, обрската на граѓаните на плаќање на паушален надомест останува. Исклучените граѓани...

Поради дефект, центарот на Скопје утрово без парно

Поради санација на дефект на магистралниот вод од дистрибутивната топлинска мрежа од топланата „Исток“ што води кон строгиот центар на градот, корисниците во овој реон утрово се без греење, соопштија од „Балкан енерџи груп“ (БЕГ). Екипите на одделот за дистрибуција со топлина на БЕГ се на терен и забрзано работат на саниција на дефектот, велат од компанијата. Според проценките, се очекува...

Утре почнува регуларниот период од грејната сезона

Утре почнува регуларниот период од грејната сезона, кога испораката на топлинска енергија до потрошувачите се врши по строго утврдени правила и дијаграми во зависност од атмосферските услови и од надворешната температура. Овие правила и дијаграми се утврдени во регулативата за испорака на топлина до потрошувачите, одобрена од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). БЕГ информира дека доколку надворешната температура е пониска, се...

Снег на Водно, Скопска Црна Гора, Попова Шапка и на Маврово

Падот на температурата придонесе и за појава на првиот снег во планинските предели. Првата снежна покривка денеска е регистрирана на Водно, Скопска Црна Гора, Попова Шапка и на Маврово. На социјалните мрежи веќе се појавија и фотографии од првиот снег, кој е невообичаен за овој период од годината. Од УХМР претходно соопштија дека во текот на денот ќе има повремени врнежи...

И БЕГ утре ќе пушти парно греење

Од утре почнува новата грејна сезона за потрошувачите кои се приклучени на системот на снабдување со топлинска енергија „Балкан енерџи“ во Скопје, информираат од компанијата. Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) дала одобрение за почеток на грејната сезона пред вообичаениот почеток на 15 октомври поради падот на температурата. „Почетокот на грејната сезона порано од вообичаено нема да донесе зголемување на авансните сметки што...

„ЕЛЕМ – Енергетика“ од утре ќе вклучи парно греење

ЕЛЕМ утре ќе почне со испорака на топлинска енергија за потрошувачите приклучени на мрежата на „ЕЛЕМ - Енергетика“. „Парно греење ќе добијат 3.546 домаќинства, 17 основни и средни училишта и детски градинки и 75 деловни субјекти во скопските населбите Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром“, се вели во соопштението на ЕЛЕМ. Од компанијата додаваат дека испораката почнува осум дена пред официјалниот почеток на грејната...

Граѓаните може да добијат парно и пред почетокот на грејната сезона

Иако грејната сезона почнува на 15 октомври, граѓаните може да добијат парно греење доколку прогнозата на УХМР за следниот ден предвидува температура пониска од 12 степени и Регулаторна комисија донесе одлука да се пушти греење. Од 1 октомври, „Балкан енерџи груп“ е подготвена на оваа законска обврска. - Во согласност со законските прописи, грејната сезона може да почне секој ден почнувајќи од денеска,...

Битола ќе добие парно греење следната година, вели Мицкоски

Tендерот за избор на градежна компанија што ќе ја гради топлификациската мрежа во Битола ќе биде објавен до крајот на мај, информираше генералниот директор на ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски, при посетата на РЕК Битола. Следната година се очекуваат и првите приклучоци на централно греење во Битола, кое ќе биде од РЕК Битола. - До крајот на годината се очекува да почне изградбата на...

БЕГ целосно го санираше дефектот што вчера без парно ги остави Центар и Карпош

Целосно е отстранет дефектот што предизвика прекин на испорака на топлинска енергија за потрошувачите од централното градско подрачје и од делови на општина Карпош, информираат од „Балкан енерџи“. „Откако беше нормализирана испораката на топлинска енергија во текот на вчерашниот ден, за потрошувачите од централното градско подрачје и од делови на општината Карпош, целосно е отстранет и дефектот кој предизвика прекин на...

„Балкан енерџи“: Работиме на дефектот, не се знае кога граѓаните ќе добијат парно

Екипите на „Балкан енерџи“ веќе се на терен и интензиво работат на санација на дефектот заради редовна испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи, информираат од компанијата. - Поради големината на дефектот, во овој момент невозможно е да се даде прецизна проценка кога тој ќе биде отстранет, но се прават напори редовното снабдување со топлина до сите потрошувачи да биде воспоставено...

Сметките за парно греење ќе можат да се плаќаат електронски

Компанијата „Балкан енерџи“ воведе можност за електронско плаќање на фактурите за топлинска енергија. - Новата платформа „Бег ипеј“ (BegEPay) на потрошувачите им овозможува на брз и едноставен начин да ги проверат, според име и датум, сите неплатени сметки за топлинска енергија на нивните станови и деловни простории и да ги платат по електронски пат, без дополнителни трошоци. Преку новата услуга...

Повеќе од 30.000 тужби од БЕГ за исклучените граѓани

Се проценува дека повеќе од 4.000 граѓани се соочуваат со извршни судски решенија бидејќи, иако не користат парно греење, треба да плаќаат за цевките што минуваат низ нивните станови, пренесува БИРН. Точниот број на исклучени корисници не е познат затоа што ниту од стара „Топлификација“, ниту од сегашниот снабдувач со топлинска енергија, „Балкан енерџи груп“ (БЕГ), не даваат податоци. Според слободни...

Од утре радијаторите ќе бидат топли

За потрошувачите кои се во системот на снабдување на „ Балкан енерџи“ во Скопје, од утре почнува новата грејна сезона. Испораката на топлинска енергија до потрошувачите почнува порано од вообичаено поради падот на температурата. „Согласно регулативите, снабдувањето со толинска енергија на тарифните потрошувачи може да почне и пред 15 октомври, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или...

Продолжува акцијата за бесплатно приклучување на парно до крајот на месецов

Компанијата за снабдување со топлинска енергија „Балкан eнерџи груп“ ја продолжи акцијата за бесплатно приклучување до крајот на месецов. Освен за домаќинствата, акцијата за бесплатно приклучување во системот за греење се продолжува и за правните лица. Во рамките на досегашната акција за бесплатно приклучување во системот за толинска енергија приклучени се околу 700 потрошувачи, а се јавиле 900 потрошувачи. Од компанијата најавија...

БЕГ почна со ладни проби на системот за греење

Компанијата за дистрибуција на топлина „Балкан енерџи“ денеска почнува со секојдневни ладни проби на системот за топлинска енергија. Целта на ладните проби е да се подготви и да провери целосно системот за топлинска енергија за претстојната грејна сезона. „Имајќи  предвид  дека доколку се случи пад на температурата, грејната сезона може да почне порано од 15 октомври, проверката на системот преку...

БЕГ почнува со акција за бесплатно приклучување на системот за топлинска енергија

„Балкан енерџи“ почнува акција за бесплатно приклучување на системот за топлинска енергија, информираат од компанијата. Акцијата ќе трае до 15 септември, а сите заинтересирани потрошувачи што сакаат да бидат приклучени на системот за топлинска енергија до почетокот на грејната сезона треба да се пријават што поскоро. - Акцијата за бесплатно приклучување ќе биде спроведена по принципот „прв пријавен, прв услужен“ -...

БЕГ утре ќе пушти парно греење

Иако грејната сезона официјално заврши на 15 април, „Балкан енерџи груп“ (БЕГ) утре ќе пушти парно за своите корисници, велат од компанијата за „Мета“. - Од производство во БЕГ имаат терк по кој пресметуваат кога треба да пуштаат парно, така што и законски се обврзани утре да пуштат - велат од компанијата. На веб-страницата на „Балкан енерџи груп“ стои известување дека топланите...

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....