fbpx
Таг: парламентарно мнозинство

таг: парламентарно мнозинство

Бујар Османи: Талат Џафери ќе биде кандидат за претседател на Собранието

Талат Џафери ќе биде новиот претседател на Собранието на Република Македонија, изјави за „Порталб“, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. Според Османи, Талат Џафери е единствениот кандидат на ДУИ и на парламентарното мнозинство. Доколку Џафери го помине гласањето за избор на претседател на Собранието, кое ќе се одржи следната недела, тој ќе биде првиот спикер Албанец на законодавниот дом од осамостојувањето...

ДС: Парламентарното мнозинство мора да покаже цврстина и одлучност во Собранието

Партиите од парламентарното мнозинство можат да се обидат во следните два дена да понудат и да постигнат компромис со раководството на ВМРО-ДПМНЕ, за в понеделник да се избере претседател на парламентот и со тоа се создадат услови за избор на реформска влада и за мирен, демократски и државнички трансфер на власта, велат од Демократскиот сојуз. Од понеделник натаму, нагласуваат од ДС,...

Хан: Нема време за губење, Иванов итно да ја преиспита својата одлука

Уште во наредните неколку дена бараме да видиме сериозно и одговорно државништво од страна на релевантните институции што треба да овозможат брзо формирање на нова и цврста коалиција, бидејќи тоа е единствениот пат за враќање на земјата на патот кон Европската Унија, што граѓаните на земјата го сакаат и го заслужуваат. Ова стои во заклучокот на заедничката изјава на еврокомесарот...

Ахмети: Ние сме дел од мнозинството и нема да го прекршиме договорот

Ние сме дел од мнозинството и нема да го прекршиме договорот, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, и со тројцата европратеници, Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, во Собранието. - Ние ги дадовме нашите потписи за парламентарно мнозинствo и не планираме да ги прекршиме нашите ветувања –...

ДС: Мнозинството одлучува за составот на собраниските комисии кога нема консензус

Во Собранието на Република Македонија составот на работните тела е одраз на бројот на пратеници, при што парламентарното мнозинство ги носи одлуките, честопати без поддршка од опозициските партии, велат од Демократскиот сојуз. „При изборот на составот на комисиите, доколку не може да се постигне консензус, тогаш партиите што имаат мнозинство одлучуваат. Во спротивно, доколку опозицијата инсистира на мнозинство во комисиите...

Мисија на САД во ОБСЕ: Разочарани сме од Иванов, бараме да ја преиспита одлуката

Соединетите Американски Држави се разочарани што претседателот Иванов одби да им понуди можност да ја формираат новата влада на претставниците што имаат јасно парламентарно мнозинство и бара од него да ја преиспита својата одлука, стои во соопштението од обраќањето на шефицата на Мисијата на САД во ОБСЕ, Кејт Брнс, во врска со политичката ситуација во Македонија. - Заедно со нашите...

Кундерс: Да се смират тензиите и вербалната агресија и да се почитува мнозинството

Министерот за надворешни работи на Холандија, Берт Кундерс, денеска повика на смирување на тензиите и на почитување на парламентарното мнозинство во Македонија, но и ЕУ да покаже единство, јавува „Дојче веле“. - Голема е загриженоста поради состојбата во Македонија. Сметам дека мора да постои почитување на парламентарното мнозинство и мора да се нагласи важноста на тоа нештата да се одвиваат...

СДСМ: Лага се пишувањата за менување на симболите и за осуда на народи за геноциди

Лага се пишувањата на потралите „Република“, „Курир“ и медиумите што ги пренесуваат, за некакви менувања на државното знаме и химна, за некакви осуди на народи за геноциди, за јазични решенија спротивни на Уставот и слични измислици, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се додава дека „сите тие лаги се само тенденциозен обид за подгревање на национална нетрпеливост помеѓу...

Заев: По 11 години режим, ќе формираме демократска и реформска влада

„Чест е моја и на СДСМ, што по речиси 11 години режим, добиваме можност да ја формираме новата демократска влада на Македонија. Нашите цврсти определби се тоа да биде реформска влада на која, приоритет број еден се интересите на граѓаните на Македонија“, вели претседателот на СДСМ, Зоран Заев, откако централниот одбор на партијата го утврди неговиот избор за мандатар...

Спасовски: Сè уште разговараме за употребата на јазиците

Очекуваме дека наскоро ќе ги добиеме потписите од партнерите за мандатот за состав на влада, изјави генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, по денешната средба на работниот тим на партијата со претставници на Алијансата на Албанците. На средбата, како што изјави Спасовски, било разговарано за „иднината на Македонија, за принципите на владеење на идната влада, за остварувањето на националните интереси...

ВМРО-ДПМНЕ: Одговорот кажа сè – Вашингтон не е против нови избори

ВМРО-ДПМНЕ ѝ се заблагодари за одговорот на Амбасадата на САД на нивното барање да се изјаснат за евентуалното одржување нови избори, соопштија денеска од партијата. „Одговорот е краток и кажува сè. Очигледно е дека нема потврда дека станува збор за официјален став и сугестија на новата администрација во Вашингтон дека не треба да има нови избори, односно дека партиите во...

Амбасадата на САД не го коментира повикот од ВМРО-ДПМНЕ да се изјаснат за нови избори

Амбасадата на САД денеска соопшти дека нема да ги коментираат повиците на ВМРО-ДПМНЕ да се изјаснат за евентуалното одржување на нови избори. - Немаме ништо да додадеме на нашата изјава - велат од Амбасадата на САД во Македонија на прашањето на „Мета“ за реакција на вчерашното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, во кое се бара американската амбасада јасно да каже дали е против...

Заев ќе оди кај Иванов, Ахмети „ќе види“

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска треба да одржи поединечни средби со политичките партии, во рамките на консултациите што од неговиот кабинет ги најавија завчера, во врска со доделувањето на мандатот за состав на нова влада. Од кабинетот на Иванов вчера потврдија дека средбите со политичките партии следуваат по состаноците што претседателот на државата ги имаше со претседателот на Уставниот суд, Никола...

Коцијанчич за „Мета“: Ги поздравуваме напорите на Иванов за дијалог со партиите

Европската комисија денеска ги поздрави тековните напори на претседателот Ѓорге Иванов за средби со лидерите на политичките партии, кои се сметаат за клучни за одлуката кому ќе му се додели мандатот. - Ги поздравуваме тековните напори за разговори со сите политички партии – изјави за „Мета“ портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич. Таа потсети дека сите партии истакнале дека се залагаат...

Шкариќ: Мандатот не може повторно да оди во рацете на ВМРО-ДПМНЕ

Во ситуација откако истече рокот за Никола Груевски да формира влада, што според д-р Светомир Шкариќ, пензионираниот професор од Правниот факултет „Јустинијан Први“ самото по себе е погрешно, затоа што е даден мандат на кандидат што нема обезбедено мнозинство, тогаш претседателот Иванов треба да го даде мандатот на тој што обезбедил мнозинство. - Треба да се констатира дека не е...

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....