fbpx
Таг: парламентарни избори

таг: парламентарни избори

Новаци (26,9%) и Вевчани (24,9%) со највисок одѕив до 11 часот, на ниво на држава гласале 15,5 отсто

Општина со највисок одѕив на гласачите до 11 часот е Новаци, со 26,89 отсто, следена од Гевгелија со 23,29 отсто, Прилеп со 22,07 отсто, па Демир Капија со 21,99 отсто, Македонски Брод со 21,86 отсто, а многу блиску е и Берово со 21,76 отсто. Четвртата изборна единица изби на првото место по излезност до 11 часот, со 18,55 отсто гласачи...

МВР регистрираше осум прекршувања на изборниот молк

За време на предизборниот молк, до 7 часот денеска, односно до отворањето на избирачките места, МВР регистрирало осум прекршувања на изборниот молк, од кои шест на подрачјето на СВР Скопје, еден на подрачјето на СВР Струмица, односно Полициска станица Гевгелија и еден на подрачјето на СВР Велес. Како што соопшти МВР, во с. Виниче и с. Љубанци биле забележани закачени...

ЦИВИЛ регистрираше 18 нови изборни нерегуларности

Освен трите инциденти регистрирани по почетокот на гласањето денеска, организацијата ЦИВИЛ, која го следи гласањето на голем број избирачки места, во меѓувреме регистрирала вкупно 18 инциденти или други изборни нерегуларности, соопштени Џабир Дерала, претседателот на ЦИВИЛ на прес-конференцијата во 10 часот. Меѓу нерегуларностите што се забележани, се контрола од партиски набљудувач кој што заокружува на ливчињата, некористење УВ ламба за...

До 9 часот најголем одзив на гласачите во Аеродром – 10,6 отсто, на ниво на држава 6,7 отсто

Општина Аеродром, која е дел од првата изборна единица бележи највисок одзив на гласачите на денешните предвремени парламентарни избори - 10,6 отсто. Според податоците од Државната изборна комисија (ДИК) за излезноста на гласачите на избирачките места во шесте изборни единици до 9 часот, најголема е излезноста во 1-та изборна единица, со 8,32 отсто излезност. Во оваа изборна единица што...

Обвинителство: Гласањето без нерегуларности засега, ноќеска инцидент со повредени во Дебреше

До овој момент, од почетокот на гласањето во Основните јавни обвинителства, како и во Комисијата за следење на изборни нерегуларности и преку електронската адреса [email protected] нема пристигнати пријави за изборни нерегуларности поврзани со процесот на гласање, соопшти Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. „Во текот на ноќта и предизборните денови пристигнати се неколку известувања. Во голем дел од пристигнатите известувања...

Во Охридскиот регион гласањето почна навреме и се одвива без проблеми

Во 7 часот утрово навреме беа отворени сите 89 избирачки места во Општина Охрид, каде правото на глас можат да го остварат 52.510 граѓани запишани во Единствениот избирачки список, информира Климент Камнароски, претседател на Општинската изборна комисија (ОИК) - Охрид. Од избирачкото место 1238, населба Видобишта, утрово информираа дека гласачкото место е навреме отворено, избирачкиот одбор е во полн состав,...

Конкурсот за нов претседател на Врховниот суд се очекува да биде распишан по изборите

По парламентарните избори на 15 јули, Судскиот совет ќе распише конкурс за избор на Претседател на Врховниот суд, известува Порталб.мк. Почнувајќи од 10.09.2019 година, функцијата в.д. претседател на највисокиот суд во државата сé уште ја врши Фаик Арслани. Судскиот совет, за Порталб.мк, потврди дека конкурсот за нов претседател ќе биде објавен по парламентарните избори. Судскиот совет на состанокот одржан на...

ХДЗ на премиерот Пленковиќ победник на парламентарните избори во Хрватска

Актуелниот хрватски премиер Андреј Пленковиќ и неговата владејачка партија ХДЗ оствarија убедлива победа на вчерашните парламентарни избори во Хрватска, и покрај анкетните истражувања кои пред изборите укажуваа на неизвесна изборна трка. Според 99,91 отсто од преброените гласови на вчерашните избори, ХДЗ успеа да добие 66 мандати од хрватскиот парламент којшто брои 151 пратеник, јавија хрватските медиуми. Неочекуван пораз доживеа опозициската...

Во Хрватска денеска се одржуваат парламентарни избори, неизвесна трката меѓу главните ривали

Во Хрватска денеска се одржуваат парламентарни избори, десетти по ред од осамостојувањето на земјата. На изборите се натпреваруваат 192 листи со 2.700 кандидати за 151 место во хрватскиот парламент. Право на глас на парламентарните избори имаат 3,86 милиони гласачи, а меѓу пратениците ќе се бираат и тројца претставници на хрватската дијаспора и осум пратеници од малцинствата во Хрватска. Анкетните истражувања...

Во Србија денеска се одржуваат избори, дел од опозицијата ги бојкотира

Во Србија денеска се одржуваат парламентарни, покраински и локални избори. Право на глас имаат 6.583.665 граѓани, кои можат да изберат меѓу 21 изборна листа што се натпреварува на парламентарните избори. Според досегашните анкетни истражувања, за фаворит на изборите се смета Српската напредна странка на актуелниот претседател Александар Вучиќ. Сепак, значаен дел од опозицијата, групирана околу коалицијата Сојуз за Србија (СзС),...

И ИВЗ и ВМРО-ДПМНЕ против викенд-полицискиот час

Исламската верска заедница (ИВЗ), уште во понеделникот со писмо ја известила Владата дека ако се воведе планираниот полициски час за време на продолжениот викенд, тоа ќе значи дека Владата ќе ја изгуби довербата на сите муслимански верници, оти во претходниот месец не е воведен целосен полициски час во ниту еден викенд, а сега има намера да се направи тоа...

Собранието ќе се распушти четири дена подоцна, на 16 февруари

Наместо в среда, 12 февруари, како првичен рок за распуштање на Собранието, претседателот Талат Џафери денеска изјави дека последен рок за неговото распуштање е недела, 16 февруари. Ваквата изјава од парламентарниот спикер доаѓа по денешните консултации направени со Државната изборна комисија (ДИК). Џафери од ДИК добил одговор дека за спроведување на изборните дејствија се потребни 55 денови. Тој пуштил предлог...

Игор Јанушев избран за шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница едногласно одлучил генералниот секретар Игор Јанушев да биде избран за шеф на Републичкиот изборен штаб на претстојните предвремени парламентарни избори, информираат од опозициската партија. Извршниот комитет го задолжил Јанушев до следната седница да предложи состав на Републичкиот изборен штаб. На седницата бил анализиран досегашниот тек на акцијата „Обнова на Македонија“ и проблемите со...

Заев: Предвремени избори најбргу што може, за да решат граѓаните што понатаму

Премиерот Зоран Заев, рано попладнево на прес-конференција во владата се обрати до јавноста по непостигнувањето одлука на состанокот на Европскиот Совет да се додели датум на Македонија за почеток на преговорите за зачленување во ЕУ. Тој изрази разочарување од ЕУ и повика да се оддржат предвремени парламентарни избори најбргу што може. „Пред два дена во Брисел ни беше направена голема...

Тесна победа на „Самоопределување“ во Косово, но владата ќе биде коалициска

Движењето „Самоопределување“ , прогласи победа на вчерашните предвремени парламентарни избори на Косово, а претседателот на движењето, Албин Курти, објави дека тој ќе биде идниот премиер. Сепак, прелиминарните резултати од преброени речиси 96 отсто ливчиња, покажуваат дека движењето нe освоило доволно гласови за самото да формира влада и ќе мора да прави коалиција. Самоопределување е во водство пред Демократскиот сојуз на...

Нова демократија победи на изборите во Грција – Мицотакис може сам да формира влада

На предвремените парламентарни избори во Грција вчера, победи десноцентристичката Нова демократија, со што по четири години во опозиција, оваа партија повторно ја презема власта. Со речиси сите пребројани гласови, премиерот Алексис Ципрас го призна поразот од неговиот ривал Киријакос Мицотакис, кој денеска треба да полага заклетва и да го преземе раководењето на земјата. Нова демократија освои 39,85 отсто од гласовите, а...

Зимбаве гласа на првите избори без Мугабе

Во Зимбаве денеска се одржуваат првите избори по ерата на Роберт Мугабе, кој со оваа африканска земја владееше четири децении. Се гласа за претседател, за парламентот и на локални избори. Мугабе рече дека нема да гласа за Емерсон Мнангагва, кој го замени на лидерското место по неговото уривање од власт. Мнангагва (75) е од владејчката партија Зану ПФ, а неговиот...

Меркел подготвена на компромис со социјалдемократите

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека е подготвена на компромис за постигнување на коалициски договор со социјалдемократите, пренесуваат агенциите. Меркел рекла дека и понатаму има несогласувања околу суштинските прашања и дека секоја од страните „ќе мора да прифати болни компромиси“. - Подготвена сум на компромис ако можеме да гарантираме дека на крајот ќе има повеќе корист отколку штети -...

Коалицијата на премиерот Шинзо Абе пред убедлива победа на изборите во Јапонија

Владејачката коалиција на јапонскиот премиер Шинзо Абе доби најголема поддршка од гласачите на предвремените парламентарни избори што денеска се одржаа во Јапонија, покажуваат резултатите од излезните анкети, јавуваат светските агенции. Јапонските медиуми ги објавиле проекциите на резултатите за кратко време по затворањето на избирачките места во 20 часот по локално време. Според извештаите на медиумите, владејачката коалиција на Шинзо Абе ќе...

Себастијан Курц е на пат да ја освои титулата најмлад премиер во Европа

Досегашниот шеф на дипломатијата на Австрија, младиот конзервативец Себастијан Курц, е на пат да стане нов канцелар и со тоа и најмладиот премиер во Европа. Тоа се должи на предвидувањата на анкетите за гласовите што ќе ги добие неговата конзервативна Народна партија, на денешните парламентарни избори во Австрија. Според сегашните проекции, Народна партија може да се надева на 30,2 проценти гласови,...

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...