fbpx
Таг: парламентарни избори

таг: парламентарни избори

Партијата на шоуменот Слави Трифонов нема да достави предлог за нова влада на Бугарија

Откако партијата „Има таков народ“ (ИТН) на шоуменот Слави Трифонов, која се смета за победник на вонредните парламентарни избори на 11 јули со освоени 65 пратенички места во 240-члениот парламент на Бугарија, соопшти дека нема да формира влада, се поизгледно е дека Бугарија ќе оди на нови парламентарни избори. Во телевизиско обраќање денеска, Трифонов соопшти дека партијата одлучила да не...

Во Албанија се бројат гласовите, социјалистите на Еди Рама во водство

Социјалистичката партија на актуелниот премиер Еди Рама е во водство според бројот на освоени гласови на вчерашните парламентарни избори на Албанија, но броењето на гласовите ќе продолжи. Од Централната изборна комисија соопштија дека резултатите ќе бидат познати во рок од 48 часа, јавува сервисот на Дојче Веле на албански јазик.  Според првичните резултати од преброените гласови 20 отсто од изборните...

Во Албанија денеска се одржуваат парламентарни избори, граѓаните бираат меѓу Рама и Баша

Со длабока политичка поделба и анимозитет меѓу главните лидери на партиите, во Албанија денеска се одржуваат деветтите по ред парламентарни избори по падот на комунизмот. Околу 3,6 милиони гласачи од земјата и од дијаспората треба да изберат 140 пратеници во албанскиот парламент од предложените над 1.800 кандидати што се пријавиле за изборната трка, јавува Дојче Веле. Главната битка и на...

Претседателот Радев ја свика конститутивната седница на новиот бугарски парламент за задутре

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, денеска ја свика за 15 април во 9 часот Конститутивната седница на новиот бугарски парламент. Радев го повлече потегот откако во последниот број на „Државен весник“ на Бугарија беа објавени мандатите, односно имињата на новите пратеници. Што се однесува до формирање владина коалиција, во Бугарија работите уште се многу неизвесни. Двете политички сили со најмногу...

По ДПС, и бугарските социјалисти велат би поддржале влада што ќе ја предложи Слави Трифунов

По Движењето за правда и слободи (ДПС), и Бугарската социјалистичка партија (БСП) денеска излезе со став дека би го поддржала формирањето на владата предложена од Слави Трифунов и неговата партија „Има таков народ“. Претседателката на БСП, Корнелија Нинова во изјава за Бугарската национална телевизија (БНТ) рече дека ако партијата на Трифунов предложи кабинет и ако му е неопходна поддршка,...

По изборите во Бугарија, сите конци во рацете на шоуменот Слави Трифонов

Слави Трифонов на основачкото собрание на „Има таков народ“ на 16 февруари 2020 година. Фото: Tnvsjk2013/Викимедија комонс. Creative Commons Attribution-Share Alike 4.0
Човекот што ќе ја реши иднината на Бугарија се нарекува Слави Трифонов и тој треба набргу да каже што ќе прави, повика досегашниот пратеник од Бугарската социјалистичка партија (БСП), Јавор Божанков, повикувајќи го на изјаснување на лидерот на партијата „Има таков народ“, извести dnevnik.bg. Партијата на шоуменот Слави Трифонов по парламентарните избори во неделата е втората политичка сила во Бугарија,...

ГЕРБ на Борисов победи, но постои можност нов премиер на Бугарија да биде шоуменот Слави Трифонов

ГЕРБ, владејачката партија во Бугарија е победник на парламентарните избори што се одржаа во неделата, со 26,14 отсто, според преброени 98,93 отсто од гласовите, но новата владина коалиција можеби ќе ја формира и второпласираната „Има таков народ“ на шоуменот и музичар Слави Трифонов, која доби 17,73 отсто, пишува medipool.bg. Резултатите од гласањето се сметаат за шамар за сите партии што...

Во Бугарија денеска се одржуваат парламентарни избори, кои според Борисов се најскапите досега

Во 7 часот утринава започнаа првите парламентарни избори во време на пандемија во Бугарија, на кои 6.895 кандидати од 30 партии и коалиции се борат за 240 места во бугарскиот парламент. Право на глас имааат 6.732.316 лица. Граѓаните својот глас ќе го дадат на 11.983 гласачки места, а во 9.398 од нив ќе може да се гласа машински. Бугарскиот премиер Борисот...

Меркел заминува, Армин Лашет избран за нејзин наследник на чело на ЦДУ

Наследник на Ангела Меркел на чело на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) е Армин Лашет, актуелен премиер на германската покраина Северна Рајна Вестфалија, јавуваат светските медиуми. Изборот на Лашет ќе значи продолжување на прагматичната политика што ја воспостави Ангела Меркел во изминатиот период од 16 години. Лашет победи во вториот круг од гласање на одржаниот он-лајн конгрес, на кој учествуваа 1.001 делегат....

Радев: Парламентарните избори во Бугарија ќе се одржат на 4 април

Бугарскиот претседател Румен Радев во денешното обраќање до нацијата информираше дека одлучил парламентарните избори во земјата да се одржат на 4 април. Тој веќе го потпишал и указот за датумот на одржување на изборите, иако првично најавуваниот термин за нивно одржување беше 28 март. „Иако одамна е познато дека овие избори ќе се одржат во пандемија, ниту една институција не...

Поништен изборот на владата на Косово, наскоро нови парламентарни избори

Уставниот суд на Косово вчера оцени дека изборот на владата на премиерот Авдулах Хоти бил неважечки, бидејќи за неа гласал и пратеникот Етем Арифи, кој имал правосилна судска пресуда во последните три години, а според тоа, не можел ни да биде пратеник, јавија балканските новински агенции. Судот оценил дека според Уставот на Косово и Законот за општи избори, Арифи ниту...

Српскиот парламент треба да гласа за Ивица Дачиќ за нов парламентарен спикер

Српскиот парламент денеска треба да го одржи продолжението на конститутивната седница, на која што ќе се расправа за втората точка од дневниот ред - избор на претседател на законодавниот дом. Како што најави Александар Вучиќ, претседателот на Србија и на Српската напредна партија, која има апсолутно мнозинство во овој состав, лидерот на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, ќе биде...

Тесно водство на партијата на Ѓукановиќ на изборите во Црна Гора, неизвесно кој ќе формира влада

Неизвесна битка меѓу власта и опозицијата на парламентарните избори што денеска се одржаа во Црна Гора. Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ има тесно водство со освоени 34,9 отсто од гласовите, додека опозициската коалиција „За иднината на Црна Гора“ освоила 32,7 отсто од избројаните гласови, покажуваат податоците што ги објави подгоричкиот весник „Побједа“ на преброени 82,4% од гласовите. Преброените...

Денеска се одржуваат парламентарни избори во Црна Гора

Во Црна Гора денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои учествуваат 11 пратенички листи на политички партии и коалиции во натпревар за 81 пратеничко место во црногорскиот парламент. Во седум часот утрово беа отворени 1.217 избирачки места, при што гласачкото право до 20 часот навечер ќе можат да го искористат 540.026 гласачи запишани во Избирачкиот список. Покрај парламентарни избори, во...

ДИК прими речиси 2.150 приговори за гласањето

Во Државната изборна комисија до вчера стигнаа вкупно 2. 142 приговори за гласањето на парламентарните избори во средата, 15 јули. Рокот за приговори истече вчера во 19:30, а ДИК мора да одговори на приговорите во рок од 72 часа по истекот на рокот за примање на приговорите, односно до вторник вечер. Најмногу приговори стигнаа од партијата Левица, која поднесе 1.982...

ДИК: До 19 часот гласале 45,74 отсто од гласачите запишани во избирачкиот список

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека до 19 часот гласале 45,74 отсто од граѓаните запишани во избирачкиот список. Притоа, највисока излезност е регистрирана во четвртата изборна единица, каде до 19 часот гласале 53,22 отсто од гласачите. Веднаш по неа, следи третата изборна единица, каде одѕивот на гласачите до 19 часот е 51,51 отсто, по што следуваат првата изборна единица со...

ЦИВИЛ: Нотирани помали изборни нерегуларности помеѓу кои и еден случај на лажна вест

Мониторингот на ЦИВИЛ што ги следи изборите бележи еден случај на лажни вести во периодот од 13 до 16 часот. Оттаму информираат дека во изборно место 2476 во Гази Баба еден гласач за Канал 5 дал изјава, откако гласал, тврдејќи дека параванот бил низок и дека набљудувачите му сугерирале за кого да гласа. Според набљудувачот на ЦИВИЛ, не е...

ДИК: До 17 часот гласале 38,78 отсто од гласачите запишани во избирачкиот список

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека до 17 часот гласале 38,78 отсто од граѓаните запишани во избирачкиот список. Притоа, највисока излезност е регистрирана во четвртата изборна единица, каде до 17 часот гласале 43,99 отсто од гласачите. Веднаш по неа, следи третата изборна единица, каде одѕивот на гласачите до 17 часот е 43,85 отсто, по што следуваат првата изборна единица со...

До 15 часот гласале околу една третина од гласачите во избирачкиот список

Околу една третина од гласачите заведени во избирачкиот список излегле да гласаат до 15 часот, соопшти ДИК. Одѕивот на предвремените парламентарни избори до 15 часот на избирачките места на ниво на целата земја е 31,77 отсто. Од шесте изборни единици, највисока излезност е регистрирана во 3-та, односно 37,24 отсто. Идентична беше ситуацијата и со одѕивот на гласачите до 13 часот...

Во МВР пријавени 10 изборни инциденти од 11 до 12 часот, половината биле во Кочани

МВР соопшти дека во периодот од 11 до 12 часот денеска добило 10 пријави за изборни инциденти и нерегуларности. Половината од нив се во Кочани. Полицијата работи на утврдување на фактите. Во Полициското одделение Шуто Оризари, граѓанин пријавил дека негов сосед на улица „Гарсија Лорка“ ги зема другите соседи со своето патничко возило и ги убедувал да гласаат за политичка...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...