fbpx
Таг: парламентарни избори

таг: парламентарни избори

Џафери: До Нова година партиите да го договорат датумот за избори

Претседателот на Собранието, Талат Џафери им даде рок на политичките партии во Собранието до Нова година да го договорат датумот за избори. По овој рок, Џафери рече дека ќе мора да постапи согласно уставните обврски и да ги распише изборите. Тој денеска пред новинарите во селото Форино, кажа дека како претседател на Собранието е должен да го обезбеди времето кое...

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со различни ставови кога би се одржале претседателските и парламентарните избори

Фото: Борче Поповски
Владејачката партија СДСМ останува на ставот претседателските и парламентарните избори догодина да се одржат во редовниот термин и да се одржат одвоено едни од други, додека ВМРО-ДПМНЕ бара од власта да се организираат двата изборни циклуси на еден датум. Засега нема зближување на двете партии во однос на терминот кога би се одржале изборите. Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи вчера...

Османи за предлогот на ДПМНЕ: Ако ги изгласаат уставните измени, ќе оставиме тие да одлучат кога ќе има избори

Опозицијата да ги изгласа уставните измени, а потоа нека одбере термин и за претседателските и за парламентарните избори, порача денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи во одговор на новинарско прашање околу можниот термин за изборите следната година. Османи рече дека треба да се земат предвид редовните изборни термини и дека датумот на нивно одржување е повеќе техничко и логистичко...

Ковачевски вели дека изборите ќе бидат во редовен термин, за датумот допрво ќе има договор

Премиерот Димитар Ковачевски денеска му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека изборите догодина ќе се одржат во редовен термин, но  остави и простор за договор со опозицијата за точниот датум. Ова е одговорот на Ковачевски по вчерашното барање на Христијан Мицкоски вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори да се одржат во среда, на 8 мај. „Уште...

Мицкоски бара претседателските и парламентарните избори да се одржат на ист датум

ВМРО-ДПМНЕ бара вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори да се одржат на ист датум. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Гевгелија порача дека единствен ваков датум би можело да биде неделата на 5 мај, а поради тоа што на тој датум се паѓа Велигден, неговиот предлог е изборите да се одржат на 8 мај (среда). „Во минатото...

Владејачката Право и правда победи на изборите во Полска, формирањето влада неизвесно

Партијата Право и правда на Јарослав Качински е победник на вчерашните парламентарни избори што се одржаа во Полска, но го нема неопходното мнозинство за самостојно да ја формира идната влада. Оваа партија освои 36,6 отсто од гласовите, додека либералната Граѓанска коалиција на Доналд Туск ја доби довербата од 31 отсто од избирачите. Опозициските партии - централнодесничарската Трет пат освои 13,5...

Избори во Грција: Мицотакис освои мнозинство од 158 места во идниот парламент

Актуелниот грчки премиер Кирјакос Мицотакис е убедлив победник на парламентарните избори што се одржаа вчера во Грција. Неговата конзервативна партија Нова Демократија освои 40,5 отсто од гласовите, со што доби 158 пратенички места во грчкиот парламент кој брои 300 пратеници, пишува грчкиот весник Катимерини. Со ваквиот резултат, партијата на Мицотакис ќе може самостојно да ја формира идната грчка влада. Левичарската...

По вчерашните избори, тешко ќе оди формирањето на нова влада во Црна Гора

Движењето „Европа сега“ освои најмногу гласови на вчерашните парламентарни избори што се одржаа во Црна Гора. Движењето зад кое стои актуелниот црногорски претседател Јаков Милатовиќ освои 26 отсто од гласовите или 24 пратенички места во црногорскиот парламент, покажуваат прелиминарните резултати на Центарот за демократска транзиција врз основа на 100 отсто од преброените гласови, пишува Вијести. Сепак, за да се формира...

Во Црна Гора се одржуваат вонредни парламентарни избори

Во Црна Гора денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори и се избира нова влада која се очекува да спроведе економски реформи, да ја подобри инфраструктурата и да ја приближи членката на НАТО до членство во Европската унија, пишува Хина, повикувајќи се на Ројтерс. Ова ќе биде прво гласање по поразот на поранешниот лидер на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило...

Тесна разлика меѓу Ердоган и Киличдароглу, Турција пред втор круг од претседателските избори

Втор круг на гласање на претседателските избори ја очекува Турција, откако ниту актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, ниту опозиционерот Кемал Каличдароглу не го надминаа прагот од 50 отсто потребен за прогласување победа во првиот круг. Според резултатите познати во моментов, Ердоган води против ривалот, но не успеа да добие целосно мнозинство за да го продолжи 20-годишното владеење со оваа...

Турција утре гласа на претседателски и парламентарни избори

Невидени предизвици кои би можеле да стават крај на дводецениското владеење на Реџеп Таип Ердоган го очекуваат турскиот претседател на претседателските и парламентарните избори што утре ќе се одржат во Турција. Гласачите ќе одлучуваат за судбината на турската демократија помалку од три месеци по земјотресот на 6 февруари кога загинаа повеќе од 50.000 лица, а се раселија над 5,9 милиони...

Турција пред избори: Од ветувања за бесплатен интернет за млади до политички спотови со ракија

„Ветување за вас! 5 гигабајти месечен интернет ќе биде бесплатен за младите“, е пораката на еден од многубројните билборди низ улиците на Истанбул на главниот опозициски кандидат Кемал Киличдароглу пред претседателските избори, кои во Турција ќе се одржат на 14 мај. Реџеп Таип Ердоган не останува без одговор. Во една од предизборните реклами на телевизиите, со слоганот „Продолжете со...

За помалку од две недели, Ердоган го чека тесна изборна трка за нов мандат

Во Турција на 14 мај ќе се одржат претседателски и парламентарни избори, а светските медиуми веќе пишуваат дека акцентот ќе биде ставен на изборот на новиот претседател, бидејќи Реџеп Таип Ердоган по подолго време се соочува со сериозен противкандидат - Кемал Киличдароглу. Турската опозиција се одлучи да застане позади Киличдароглу, додека предизборните анкети покажуваат неизвесна трка во изборот на...

ЦПД-Софија: Ќе формира ли Бугарија евро-атлантска влада?

Импликациите од изборните резултати на вчерашните парламентарни избори во Бугарија се тема на анализа на познатиот бугарски тинк-тенк Центар за проучување на демократијата - ЦПД (Center for the Study of Democracy) од Софија, која ги разгледува можните сценарија за формирање влада и понатамошниот развој на политичката состојба во Бугарија, која во последниве малку повеќе од две години дури пет...

ГЕРБ-СДС победник на изборите во Бугарија, со речиси два процента предност

Коалицијата на партиите Граѓани за европска Бугарија (ГЕРБ) - Сојуз на демократските сили (СДС) освои најмногу гласови на вчерашните парламентарни избори во Бугарија, со речици два процента предност пред следната политичка сила, коалицијата Продолжуваме со промената (ПП) – Демократска Бугарија (ДБ), покажуваат резултатите од 99 отсто од обработените гласови во реонските изборни комисии, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Изразено во бројки,...

Во Бугарија Борисов во блага предност, можна е широка коалиција

Според најновите информации за вчерашните парламентарни избори во Бугарија, петти по ред во последните две години, во блага предност е коалицијата ГЕРБ-СДС, на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Според 93,39 отсто од пребројаните гласови во реонските изборни комисии, коалицијата ГЕРБ-СДС води со малу повеќе од 2 проценти пред коалицијата Продолжуваме со промената - Демократска Бугарија (ПП-ДБ),...

ГЕРБ со предност во промили пред коалицијата на поранешниот премиер Кирил Петков

Пет политички партии ќе влезат во идниот парламент на Бугарија, при што двете најсилни политички сили - Коалицијата ГЕРБ-СДС на некогашниот премиер Бојко Борисов и Продолжуваме со промената (ПП) - Демократска Бугарија (ДБ), која беше главниот фактор во последната коалициска влада на Бугарија, се речиси изедначени во изборните шанси. За крајниот резултат на парламентарните избори во недела решавачко ќе...

По изборите, мали шанси за формирање влада во Бугарија

Копретседателот на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов, слично како и Кирил Петков од „Продолжуваме со промената“, отфрли можност да коалицира со ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов. ГЕРБ, односно нејзината коалиција со Сојузот на демократските сили, доби најмногу гласови на изборите - 25,33 отсто, известува бугарскиот онлајн-медиум mediapool bg. Ваков став соопшти и Корнелија Нинова, претседателката на Бугарската социјалистичка партија (БСП),...

ГЕРБ победи на изборите во Бугарија, „Продолжуваме со промената“ втори – Петков останува во опозиција

На вчерашните избори во Бугарија, во парламентот пратенички места си обезбедија седум политички формации, при што најмногу гласови добила коалицијата водена од „Граѓани за европски развој на Бугарија“ (ГЕРБ). Станува збор за коалиција партијата на поранешниот долгогодишен премиер на Бугарија, Бојко Борисов и на Сојузот на демократските сили (СДС), во која втората партија речиси е „неприсутна“. На второто место...

Избори во БиХ: И Додик и Тривиќ тврдат дека водат во Република Српска, Изетбеговиќ призна пораз во Федерацијата

И Милорад Додик и неговата опозициска опонентка Јелена Тривиќ тврдат дека водат на вчерашното гласање за избор на нов претседател на Република Српска. Тривиќ уште синоќа ја објави победата на изборите, а на улиците во Бања Лука нејзините приврзаници славеа. Конечните резултати од претседателските избори во Република Српска ќе бидат соопштени денеска од страна на Централната изборна комисија. Опозициската кандидатка...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...