fbpx
Таг: Париз

таг: Париз

Тројца повредени во напад со нож на железничка станица во Париз

Утрово во 8 часот биле повредени три лица во напад со нож на големата железничка станица Гар де Лион во Париз, соопшти француската полиција. Ниту едно од лицата не претрпело сериозни повреди, пренесува „Скај њуз“. Едно осомничено лице е уапсено и засега не е познат мотивот, но началникот на париската полиција изјави оти се чини дека мотивот за нападот не...

Европските музички награди откажани поради војната на Израел и Хамас

Европските музички награди на MTV (MTV EMAs), оваа година се откажани поради војната на Израел и Хамас, пренесуваaт од Асошиејтед прес. Церемонијата требаше да се одржи на 5 ноември со настапи на Сабрина Карпентер, Рене Рап, Озуна и многу други. „Настанот е годишна прослава на глобалната музика. Гледаме како продолжуваат да се одвиваат разорните настани во Израел и Газа и ова...

Макрон не покажува масонски симбол, туку Ајфелова кула на знаковен јазик

Протоколарно видео старо шест години, злоупотребено за ширење невистини дека францускиот претседател Емануел Макрон јавно покажувал масонски симбол. Видеото е снимено на 16 мај 2017 година, кога Макрон ги прими членовите на Интернационалниот олимписки комитет кои беа во посета на Париз – во тоа време кандидат за домаќин на Олимписките игри 2024. Знакот што го прави Макрон, нема никаква...

Видео од пожар во Манила, претставено како пожар во Националната библиотека на Франција

Постот шири невистини дека се случил голем пожар во Националната библиотека во Франција. Видеото што се споделува како поткрепа на ваквото тврдење, е од пожарот во поштата на Манила којшто се случи во мај оваа година. Портпаролот на Канцеларијата за јавни информации во Манила, за АП потврдил дека видеото  покажува како Централната пошта гори во мај. Елоди Винсент, портпарол на...

Парижани после 100 години ќе можат да пливаат во реката Сена

Во неверојатен пресврт, реката Сена, која долго време се слави во уметноста, литературата и поезијата поради својата романтична привлечност, доживува извонредно заживување по долгогодишен еколошки пад. Со децении, реката беше сериозно загадена, правејќи ја токсична за рибите и капачите и служеше првенствено како транспортна рута за товар и луѓе, како и депонија за фрлени велосипеди и други отпадоци. Всушност, пливањето...

Студенти од Конго, Грција и Франција учат македонски јазик во Париз

Студенти запишани на Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз, а кои се од Конго, Грција, Албанија, Франција, учат македонски јазик. При денешната посета на претседателот Стево Пендаровски на овој институт, тој се сретна со Жан-Франсоа Хуше, претседател на ИНАЛКО, како и со ЈФроса Пејоска-Бушеро, шеф на катедрата за македонски студии при ИНАЛКО и лекторот...

Маж со нож рани шест лица на станицата Гар ду Норд во Париз

Маж со нож нападнал шест лица на железничката станица Гаре ду Норд во Париз утрово, при што едното е тешко повредено, изјави портпаролот на француската полиција, пренесе Ројтерс. Напаѓачот бил застрелан неколку пати од полицијата и бил пренесен во болница со повреди опасни по живот, додаде портпаролот. Францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарманин на Твитер напиша дека напаѓачот бил брзо...

Зоран Попоски со свое дело на меѓународен фестивал за дигитална уметност во Париз

Македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски изложува на едномесечниот меѓународен фестивал - Месец на дигиталната уметност во Париз, Франција кој трае до 30 јуни. Темата на фестивалот е мирот, слободата и ставањето крај на агресијата. Уметникот Попоски ќе се претстави со видео арт делото „Парче мир“ што воедно е застапено и во посебниот осврт кон фестивалот објавен во Артилери Магазин, реномирано...

Француската амбасада со повик за избор на волонтери за Олимписките игри во Париз 2024

Амбасадата на Франција во Скопје го објави повикот за пред-избор на кандидати за волонтери на Олимписките и Параолимписките игри што ќе се одржат во Париз во 2024 година. На повикот може да аплицираат лица од 18 и над 18-годишна возраст, кои се вклучени во спортот или во волонтерскиот сектор и кои живеат во Северна Македонија, информираат од Францускиот институт...

„Меѓународниот град на уметностите“ во Париз прикажа македонски дела на својата архивска изложба

Реномираната културна институција „Меѓународниот град на уметностите“ во Париз на својата голема изложба „Повторно надвор: жива архива“ („Emersions: archive vivante“) на архивски документи која се отвори на 10 јануари претстави фотографии и на македонски резиденти, како и една фотографија од посета на претседателот Киро Глигоров на Ателјето, и уметничко дело од академскиот сликар Коле Манев. Изложбата ја раскажува приказната за...

Такси компанија од Париз ги исклучи од сообраќај возилата на „Тесла“ поради сообраќајка

Најголемата такси компанија во Париз „Г7“ ги исклучи од сообраќај автомобилите од марката „Тесла модел 3“ откако во саботата едно од нивните возила учествуваше во сообраќајна несреќа, јавува весникот „Гардијан“. Во сообраќајката едно лице го загуби животот, а 20 лица биле повредени. Обвинителството во Париз отвори истрага за несреќата, додека такси компанијата објави дека ќе прекине со користење на...

Во борба против климатските промени, во Париз ќе се засадат 170.000 нови дрвја

Аерозагадувањето е еден од проблемите со кои се соочува Париз сиот изминат период, што ги натера тамошните општински власти на одлучен потег. До 2026 година ќе бидат засадени 170.000 нови дрвја низ Париз, јавуваат светските медиуми. Локалната самоуправа планира да засади нови дрвја на секоја можна локација каде што има простор за оваа намена, почнувајќи од постојните паркови, плоштади и...

„Лувр“ ја постави онлајн својата колекција од речиси половина милион уметнички дела

Најпосетуваниот музеј во светот, „Лувр“ во Париз, постави онлајн над 480.000 уметнички дела, меѓу кои и „Мона Лиза“ и „Милоска Венера“. На официјалната веб страница на музејот се прикачени дела од колекциите од неговите осум оддели, почнувајќи од Исламска уметност, преку Скулптури и Ренесанса, па до Египетски антиквитети. „Зачудувачкото културно наследство на Лувр сега е на само еден клик. За...

Изградена велосипедска патека долга 420 километри од Париз до Довил, по течението на Сена

Една од најважните национални велосипедски рути во Франција, патеката од Париз до Довил, со должина од 420 километри, е целосно завршена и пуштена во употреба. Жителите од францускиот главен град, по посебна патека со својот велосипед ќе можат да стигнат до градовите Ле Авр, Онфлер и Довил во Нормандија, на самиот брег на Атлантскиот Океан. Изработена е и веб...

Османи и Димитров во работната посета на Париз, со цел за добивање датум за преговори

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров ја започнаа работната посета на Франција каде што оствариле средба со Клеман Бон, дипломатски советник за Европа на претседателот Емануел Макрон. „Радува фактот што првичните впечатоци се дека новата методологија отвора можност за суштинско унапредување на процесот на преговори во секоја смисла како од аспект на силната...

Димитров: Создавањето на европска демократија дома, се совпаѓа со визијата на Макрон

„Уверени сме дека Франција ќе препознае дека, нашата жед и работа за создавање стабилна и просперитетна европска демократија дома, целосно се совпаѓа со визијата и напорите на претседателот Макрон за силна, стабилна и просперитетна Европа“, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров при работната посета на Париз заедно со вицепремиерот Бујар Османи. За време на посетата, тие се сретнале со...

Катедралата Нотр Дам во Париз делумно уништена во пожар

Во голем пожар кој изби вчера околу 18:30 часот, познатата катедрала Нотр Дам во Париз доживеа огромни оштетувања, откако куполата и покривот се урнаа. Сепак, спасен е огромен дел од градбата. Пожарот беше ставен под контрола во 3 часот утрово, по речиси деветчасовната борба со огнената стихија, соопшти противпожарна служба на Париз. Илјадници луѓе ја набљудуваа борбата на пожарникарите со...

Во пожар во Париз загинаа 10 лица, а над 30 се повредени

Во пожар во зграда во југозападен Париз, близу Булоњската шума, за кој обвинителството се сомнева дека е подметнат, загинаа 10 лица, меѓу кои  едно бебе, а над 30 се повредени  - шестмина од нив се пожарникари. Над 50 луѓе биле евакуирани од пожарникарите од осумкатницата во 16-от арондисман на францускиот главен град. Јавниот обвинител на Париз изјави дека пожарот е веројатно...

МНР: Избегнувајте го центарот на Париз поради најавените протести

Министерството за надворешни работи на Македонија ги потсетува македонските граѓани кои планираат да патуваат во Париз дека на 8 декември е закажан протест и притоа предупредува да се избегнуваат одредени места во централното градско подрачје. „Во тој период МНР препорачува да се избегнуваат местата во централното градско подрачје – плоштадите Конкорд и Бастиља, Триумфалната капија, Елисејската палата, Националното собрание“, пишува...

Осомничениот за нападите во Париз, Салах Абдеслам денеска на судење во Белгија

Салах Абдеслам, единствениот преживеан осомничен за учество во терористичкиот напад во Париз, во ноeмври 2015 година, денеска треба да се појави во судот во Белгија, јавуваат светските медиуми. Дваесет и осумгодишниот Абдеслам беше уапсен во Белгија четири месеца по нападот во кој во концертна сала, на стадион и во ресторани и барови беа убиени 130 луѓе, а неколку стотини...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...