fbpx
Таг: Папа

таг: Папа

Папата издаде поп-рок албум

Додека папата Франциск ја завршува посетата на САД, се подготвува објавување на поп-рок албумот со наслов „Wake up“. Ова е нов начин со кој папата сака да ги шири идеите за надеж, вера и за заедништво. Објавувањето на албумот го одобри Ватикан. Станува збор за музичка подлога, од рок до Грегоријанските корали, низ кои следат говорите на папата и пеење на...

Папата Франциск пристигна во САД

Папата Франциск пристига на воздухопловната база Ендрус, кај Вашингтон, каде беше пречекан од американскиот претседател Барак Обама, потпретседателот Џо Бајден и од нивните сопруги. Папата пристигна во Соединетите Американски Држави по посетата на Куба. Папата Франциск денеска во Вашингтон ќе одржи прва масовна церемонија на територијата на Соединетите Држави, по што ќе има и обраќање во Конгресот. Тоа ќе биде прво...

Папата Франциск: Помогнете ѝ на Грција

Лидерите на Европската унија да донесат одговорна одлука за да се реши грчката криза, апелираше денеска папата Франциск. Тој вели дека човековото достоинство мора да остане во центарот на решението на овој проблем. Во соопштението од официјален Ватикан се наведува дека папата е загрижен заради општествените последици од кризата и последиците врз грчките семејства, пренесуваат британските медиуми.

Папата планира да џвака листови кока за време на посетата на Боливија

Папата Франциск, наводно, побарал да џвака листови кока за време на неговата посета на Боливија, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на изјава на министерот за култура на Боливија, Марко Мачикао. Коката, која е сурова состојка на кокаинот, се користи на Андите, илјадници години наназад, како средство против висинска мачнина и како благ стимуланс. Според Мачикао, боливиската влада му понудила на папата чај...

Премиерот Груевски го покани папата да ја посети Македонија

Премиерот Никола Груевски денеска, заедно со владината делегација, во чиј состав се министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и министерката за култура, Елизбета Канческа-Милевска, во Ватикан оствари средба со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, јавува МИА. Премиерот Груевски го запознал папата со повеќе области и прашања важни за државата, како и со нејзините стратегиски интереси за членство во НАТО...

Владина делегација во посета на Ватикан

По повод чествувањето на 24 мај, денот на Св. Кирил и Методиј, владина делегација денеска ќе престојува во Ватикан. На аудиенцијата кај папата Франциск ќе присуствуваат премиерот Никола Груевски, министерот за надворешни работи, Никола Поповски, и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска. Тие ќе остварат средба и со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Петро Паролин. Во Рим е и делегација на Македонската православна...

Папата Франциск во јуни ќе го посети Сараево

Папата Франциск најави дека во јуни ќе го посети Сараево. Посетата е со цел да се заложи за мир во Босна и Херцеговина. Поглаварот на Римокатоличката црква посетата на Сараево на 6 јуни ја најави денеска, за време на обраќањето пред верници на неделната молитва на плоштадот Свети Петар. Папата од насобраните побара да се помолат за неговата еднодневна посета на...

Папата Франциск: Добрите католици да не се размножуваат како зајаци

За поодговорно родителство апелираше поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, кој истакна дека „добрите католици не би требало да се размножуваат како зајаци“. Тој наведе дека црквата е против контрацепцијата, но оти тоа не значи дека христијаните би требало да имаат повеќе деца отколку што е безбедно и одговорно.

Полицијата на Филипини ќе носи пелени за време на посетата на папата

Пелени за возрасни ќе носи полицијата на Филипини за време на посетата на папата Франциск на оваа земја. Оваа одлука е донесена за полицијата да не го напушта работното место. Папата треба да ги посети Филипните од 15 до 19 јануари. Се очекува дека неговото доаѓање ќе привлече милиони жители на таа земја.  

(ВИДЕО) Папата Франциск повика балканските земји да се интегрираат во ЕУ

При својата прва официјална посета на Европскиот pарламент во Стразбур, папата Франциск одржа говор пред европратениците, во кој кусо се осврна и на Балканот, повикувајќи ја Европска Унија да ги прими земјите од Балканот во својот клуб. - Членството во ЕУ за земјите од Балканот може да биде одговор на желбата за мир на овој регион, кој претрпе конфликти во...

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...