fbpx
Таг: Папа Франциск

таг: Папа Франциск

Папата замоли за прошка поради улогата на Црквата во геноцидот во Руанда

Папата Франциск замоли за прошка поради „гревовите и грешките на Црквата и на нејзините членови“ за време на геноцидот во Руанда во 1994 година. Тој на претседателот на Руанда, Пол Кагаме, му рече дека се надева дека неговото извинување ќе ѝ помогне на земјата да ги залечи раните. Во изјава по нивниот состанок, Ватикан призна дека некои католички свештеници и чесни...

Папата Франциск замрзна 2 милиони евра со сомнително потекло

Ватикан замрзна повеќе од два милиони евра со сомнително потекло минатата година, во склоп со борбата која папата Франциск ја врши против перењето пари во Светата столица. Ова го соопшти ватиканскиот главен обвинител Џан Пјеро Милано. Милано, чија титула гласи „промотер на правдата“ рече дека замрзнатите пари – околу 2,1 милион евра се дел од вкупната сума од околу 13 милиони...

Папа Франциск: Уште е рано да го оценам Трамп, прво да видам како работи

Папата Франциск вели дека првин ќе почека да види како работи новиот претседател на САД, Доналд Трамп, пред да каже што мисли за него, јавуваат светските агенции. Поглаварот на Римокатоличката црква во интервју за неделното издание на шпанскиот весник „Паис“, рекол дека не сака прерано да суди за луѓето. „Мораме да почекаме. Ќе видиме како ќе се однесува, што ќе преземе...

Папа Франциск: Божиќ е заложник на заслепувачкиот материјализам

Божиќ стана заложник на заслепувачкиот материјализам кој го засени Бога и ги засени потребите на гладните, мигрантите и на загрозените од војна, вели папата Франциск. Тој за време на мисата за Бадник, кој вчера се славеше според Грегоријанскиот календар, рече дека на светот, кој е опседнат со подароци, прослави и со егоцентризам, му е потребена понизност. На мисата на која присуствуваа околу...

Папата Франциск порача дека не е човечки да се затворат вратите и срцето за мигрантите

Папата Франциск, кој постојано ја повикува Европа да ги отвори границите за мигрантите, изјави дека владите имаат право внимателно да ги проценат државните капацитети за ефективно да се интегрираат мигрантите. Во разговор со новинари, враќајќи се од дводневна посета на Шведска, тој додал дека не е човечки да се затворат вратите и срцето за мигрантите. „Владите мораат да бидат отворени...

Пораки за мир, единство и за почитување на светата миса во чест на Мајка Тереза

Денеска на плоштадот Македонија се одржа светата понтификална миса, крунски настан на „Деновите на Мајка Тереза“, која ја предводеше сараевскиот надбискуп, кардиналот Винко Пуљиќ, кој беше именуван од папата Франциск да го предводи овој настан во Скопје. – Гордејте се со светата мајка. Вие, верниците, кога ќе ви падне духот и ќе се најдете во опасност да ја изгубите надежта,...

Утре голема света миса на скопскиот плоштад за канонизацијата на Мајка Тереза

Кардиналот Винко Пуљиќ ќе ја предводи понтификалната света миса во Скопје, која ќе се одржи утре на плоштадот Македонија, а е крунскиот настан од „Деновите на Мајка Тереза“, пренесува „Дојче веле“. Скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов, пред неколку недели соопшти дека папата Франциск на 24 август го именувал сараевскиот надбискуп, кардиналот Винко Пуљиќ, за негов специјален...

Папата Франциск се сопна и падна за време на миса

Папата Франциск се сопна и падна на почетокот на голема миса за време на неговата посета во Полска, а агенцијата „Асошиејтед прес“ објави и видеоснимка од незгодата. Другите свештеници му помогнаа на папата да стане, по што тој продолжи да служи на мисата. На папата незгодата му се случи за време на неговата прва посета на Полска, чие население е претежно католичко. Неговата...

Папата во јули ќе го посети Аушвиц

Папата Франциск на 29 јули, за време на посетата на Полска, ќе го посети музејот на некогашниот нацистички логор Аушвиц, најавија од Ватикан. Претходниците на папата Франциск, папата Бенедикт и папата Јован Павле Втори, исто така го посетија местото на некогашната „фабрика на смртта“ за време на нивните понтификати. Турнејата на местото на некогашниот логор ќе се случи за време на...

Папата Франциск го осуди самоубиствениот напад во Пакистан

Самоубиствениот напад во Пакистан е напад на христијаните и фрли тажна сенка на прославата на големиот христијански празник Велигден, изјави папата Франциск. Поглаварот на Римокатоличката црква им порача на верниците собрани на плоштадот Свети Петар во Ватикан дека мора да се направи повеќе за да се заштитат припадниците на малцинските религии ширум светот. - Сакам да ја изразам својата блискост со...

Папата Франциск: Мајка Тереза во септември ќе биде прогласена за светица

Папата Франциск денеска и формално одобри Мајка Тереза да биде прогласена за светица на 4 септември годинава, истакнувајќи дека тоа ќе се случи 19 години по нејзината смрт. Неизвесно е дали церемонијата на канонизација ќе се случи во Калкута или во Рим. Според новинарката Јасмина Миронски, авторка на неколку книги за животот на Мајка Тереза, за Македонија, а особено за нејзниот роден...

Папата Франциск смета дека Доналд Трамп не размислува христијански

Папата Франциск ги стави под знак прашалник христијанските убедувања на кандидатот за претседател на Соединетите Американски Држави (САД) од редовите на Републиканската партија, Доналд Трамп, кој повикува на подигнување ѕид долж границата со Мексико, пренесува „Би-Би-Си“. „Личност која размислува само за градење ѕидови, каде и да било, а не за градење мостови, не е христијанин“, изјавил папата пред крајот на...

Папата Франциск и патријархот Кирил потпишаа декларација за верско единство

Поглаварот на Римокатоличката црка, папата Франциск, и поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, синоќа во Хавана потпишаа заедничка декларација за верско единство и повикаа на итна акција за помош на христијаните во Ирак и во Сирија. „Ја повикуваме меѓународната заедница на итно дејствување за да се спречи протерувањето на христијаните од Блискиот Исток... Насилството во Сирија и во Ирак...

Ватикан го призна чудотворството на Мајка Тереза

Папата Франциск ја потпиша одлуката за признавање на чудата што ѝ се припишуваат на Мајка Тереза, а која е потребна за таа да биде прогласена за светица, соопшти Ватикан. Како што објави „Авенире“, официјалниот весник на италијанската католичка бискупска конференција на својата интернет-страница, папата вчера попладне ја потврдил својата одлука. Италијанските медиуми шпекулираат дека канонизацијата на Мајка Тереза ќе биде извршена...

Папата Франциск: Фундаментализмот е болест на сите религии

Папата Франциск по враќањето од тридневната турнеја низ африканскиот континент изјави дека фундаментализмот е болест на сите религии, вклучувајќи го и католичкото христијанство. - Фундаментализмот е секогаш трагедија. Тој нема врска со верата, туку со идолопоклонството – изјави папата при враќањето во Рим од Централноафриканската република. Поглаварот на Католичката црква во таа земја ги повика христијанските и муслиманските браќа и сестри да...

Папата на турнеја во Африка ќе пренесе порака за мир

Папата Франциск в среда ќе почне повеќедневна турнеја по африканскиот континент, на која ќе пренесе порака за мир, социјална правда, како и за дијалог меѓу исламот и христијанството. Папата од 25 до 30 ноември ќе ги посети Кенија, Најроби, Централноафриканската Република и ќе одржи 19 говори, но ќе сослуша и сведочења на деца, војници, жртви од СИДА и на жртви...