fbpx
Таг: Панама

таг: Панама

Американски пензионер уби двајца еко-демонстранти во Панама

Пензиониран американски адвокат застрелал и убил двајца демонстранти кој учествувале во блокада на автопат во Панама. Блокадата е дел од масовните протести во Панама кои се одржуваат изминатите неколку недели против работата на рудник за бакар за која се смета дека би била штетна за животната средина, известува Индипендент. Полицијата сè уште официјално го нема идентификувано осомничениот во убиствата, но...

Панама и Кајманските острови се новите земји на „црната листа“ на ЕУ

Министрите за финансии на ЕУ вчера додадоа уште четири земји на „црната листа“ на ЕУ на даночни засолништа, надвор од блокот, вклучувајќи ги Панама и територијата на САД, Кајмански острови. На состанокот на министрите во Брисел се ажурира „срамната“ листа, на која се додадоа четири нови земји на веќе постојниот список од осум земји. Така, освен Панама и Кајмански острови,...

Почина поранешниот воен лидер на Панама, Мануел Антонио Нориега

Поранешниот воен лидер на Панама, генерал Мануел Антонио Нориега, почина на 83-годишна возраст како последица на здравствени проблеми предизвикани по операција на мозокот, соопшти панамскиот државниот секретар за комуникации, Мануел Домингез. Нориега долго време важеше за клучен сојузник на САД, сè до 1989 година, кога американските трупи извршија инвазија на Панама и го протераа од земјата. Подоцна заврши во затвор...

Осумнаесет загинати во автобуска несреќа во Панама

Најмалку 18 лица загинаа, а 37 се повредени откако автобус кој превезувал работници, излета од патот југозападно од Панама Сити. Како што пренесуваат локалните медиуми, несреќата се случила на Панамериканскиот автопат во Антон, околу 170 километри од Панама Сити, при што еден од повредените е во критична состојба. Засега не е позната причината за несреќата.

Данска ќе купи дел од панамските документи во борба против затајувањето данок

Данскиот министер за даноци, Карстен Лаурицен, изјави дека данските власти ќе ги купат податоците од панамската правна фирма „Мосак Фонсека“, која им помагала на своите клиенти да отворат офшор-компaнии за да избегнат плаќање даноци во своите држави. Лаурицен изјави дека данската даночна и царинска управа добила анонимна понуда доколку сака да ги купи податоците од панамските документи кои би можеле да...

Кабинетот на Иванов ги демантира тврдењата на Шилегов

Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ги демантира тврдењата на портапорлот на СДСМ, Петре Шилегов, за кои велат дека тој ќе мора да ги докаже на суд. „Сметаме дека обидот преку лаги и манипулации да се претстави семејството на претседателот Иванов како дел од криминална банда е крајно недолично и неодговорно однесување на една политичка партија. Ја повикуваме политичката партија...

Шилегов: Семејството на Иванов има бизнис-релации со фирми од Панама

Блиската фамилија на Ѓорге Иванов, човекот кој прогласи аболиција за криминалната банда на Никола Груевски, е директно поврзана со бизниси и со фирми на Панама, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. - Братот на Маја Иванова, Сашо Тоневски, има бизнис-релации со фирмата „ЛИП корп Панама Сити“ од Панама, која е основач и сопственик на фирмата „Делфино травел Балканс“. Сашо Тоневски,...

Панама ќе ги усвои меѓународните стандарди за пријавување данок

Панама одлучи да усвои меѓународни стандарди за пријавување данок, соопшти денеска генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Хозе Анхел Гурија. - Штотуку добивме информација дека пред неколку минути Панама објави дека ќе се приклучи кон заедничките стандарди за пријавување данок – рече Гурија на прес-конференција, за време на паузата од состанокот на претставниците на ММФ и...

Еден од основачите на „Мосак Фонсека“ си поднесе оставка од владиниот совет

Германски адвокат и еден од основачите на компанијата „Мосак Фонсека“, Јирген Мосак, поднел оставка во советодавниот одбор на панамската влада за надворешна политика. Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека Мосак неделава поднел оставка на почесното, неплатено место во Националниот совет за надворешна политика, неформален советодавен одбор. Мосак и неговиот партнер Рамон Фонсека имале големо политичко влијание во Панама пред аферата...

Кина чека објаснување од Панама за „Панама пејперс“

Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ју, на заедничка прес-конференција со германскиот колега, Франк Валтер Штајмајер, во Пекинг, се задржа и на аферата „Панама пејперс“, во врска со перење пари и со затајување данок, во која се вмешани и кинески владини претставници. - Кина се бори против корупцијата. Како што еден наш претставник рече, таа борба е вечно патување. Очекуваме појаснување од...

Панама ветува соработка со ОЕСР за „Панама пејперс“

Потпретседателката на Панама, Изабел де Сент Мало, соопшти дека Панама ќе ги интензивираат разговорите со Организацијата за економска соработка и развој, за да разменат податоци за даноците по скандалот наречен „Панама пејперс“. Изабел де Сент Мало вели дека ќе се воспостави дијалог на техничко ниво меѓу Панама и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕСР) во врска со размената на...

„Зидојче цајтунг“: Нема да ги објавиме сите документи од Панама

Германскиот весник „Зидојче цајтунг“ кој прв дојде до „Панама пејперс“, денеска соопшти дека нема да ги објави сите досиеја. Весникот најавува дека целиот комплет од 11,5 милиони документи „нема да ѝ биде достапен на јавноста, ниту на правосудните органи. „Зидојче цајтунг“ додава дека властите имаат овластувања да добијат такви документи од осомничените, но дека во најголем дел од случаите не постои...

Панама формира комитет за проверка на транспарентноста

Панамската влада ќе формира независен комитет од домашни и од меѓународни експерти за да ја провери транспарентноста во финансиската офшор-индустрија во земјата. Претседателот на Панама, Хуан Карлос Варела, настојува да ја зајакне довербата во финансиската индустрија откако 11,5 милиони документи протекоа од панамската адвокатска фирма „Мосак Фонсека“, со кои е откриено офшор-дејствувањето на светската елита и кои покажуваат дека компанијата...

ЛДП: Груевски да каже колку тежи неговиот личен и семеен имот

„Минатата недела Либерално-демократската партија излезе во јавноста со соопштение, односно со прашање за поранешниот премиер јавно да каже колку тежи неговиот имот. По 10 поминати дена од тоа соопштение, јавноста сè уште не доби одговор на прашањето колку е богат Никола Груевски“, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ЛДП, Филип Јаневиќ. - На веб-страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата не може...

Панамското правосудство ќе отвори истрага за „Панама пејперс“

Правосудството на Панама ќе отвори истрага за светскиот даночен скандал „Панама пејперс“, кој вклучува политички лидери и познати личности од светот на економијата и на спортот, соопштија панамските власти. - Фактите опишани во домашните и во странски медиуми под името „Панама пејперс“ ќе бидат предмет на истрага – се наведува во соопштението. Неколку земји почнаа истрага за перење пари врз основа...

Организацијата на американски држави на средба во Панама

Средба на врвот на Организацијата на американските држави денеска почнува во Панама. Првпат од 1962 година ќе има претставник и од Куба. На Самитот ќе учествуваат државни и владини лидери од 35 земји, а најверојатно клучен момент на дневниот ред ќе биде враќањето на Хавана во заедничките американски структури. На последниот форум на Организацијата во Колумбија во 2012 година, повеќето земји-членки...

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно

Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот...