fbpx
Таг: Панама пејперс

таг: Панама пејперс

Во Пакистан издаден налог за апсење на поранешниот премиер

Пакистанскиот суд издаде налог за апсење на поранешниот премиер Наваз Шариф, под сомневање дека учествувал во два случаи на корупција. - Судот денеска издаде налог за апсење на поранешниот премиер за два случаи на корупција и ја одложи расправата за 3 ноември – изјави еден од адвокатите на поранешниот премиер, Зафир Хан. Шариф во моментов се наоѓа во Лондон со својата...

Пакистанскиот премиер поднесе оставка откако судот му забрани да ја врши функцијата

Пакистанскиот премиер Назав Шариф поднесе оставка по одлуката на Врховниот суд да му се забрани вршење на функцијата поради истрагата за корупција. Одлуката на судот следеше по истрагата во која неговото семејство, наводно, не можело да го објасни своето големо богатство. - Тој веќе нема право да биде член на парламентот – рече судијата Ејаз Афзал Кан и додаде дека Шариф...

ЕП ќе формира комисија за документите од Панама

Комисија составена од 65 члена ќе има 12 месеци за да изработи и да достави извештај до Европскиот парламент за документите од Панама, соопштија од прес-службата на ЕП. Комисијата ќе разгледува обвиненија за непочитување на законите на ЕУ против перење пари и избегнување даноци. Мандатот на комисијата беше одобрен на 2 јуни од претседателот и од лидерите на политичките групи, а...

Уште двајца македонски бизнисмени во документите од Панама

Саво Станковиќ и Џон Јоновски се сопственици на фирми регистрирани во Панама, објави истражувачкиот тим на „Нова ТВ“. Саво Станковиќ е сопственик на македонската компанија „Хајтек корпорејшн“, произведувач на микронски печатени плочи, која почна како мал фамилијарен бизнис, а денеска е успешна компанија која оперира на европскиот и на американскиот пазар. Името Саво Станковиќ се појавува во документите од Панама...

Документите од Панама: Орце Камчев е сопственик на офшор-фирма

Јордан (Орце) Камчев е сопственик на фирмата „Десимарг лимитед“, која е основана на Бахамите. Документи од Панама првпат овозможуваат доказ за тоа дека тој е директен сопственик на таква компанија, објави истражувачкиот тим на „Нова ТВ“. Компанијата е основана на 3 јануари 2014 година, од фирмата „Консулко“, а во јули 2015 година веќе е почната ликвидациска постапка за неа. „Тоа е...

Панама ќе ги усвои меѓународните стандарди за пријавување данок

Панама одлучи да усвои меѓународни стандарди за пријавување данок, соопшти денеска генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Хозе Анхел Гурија. - Штотуку добивме информација дека пред неколку минути Панама објави дека ќе се приклучи кон заедничките стандарди за пријавување данок – рече Гурија на прес-конференција, за време на паузата од состанокот на претставниците на ММФ и...

Камерон: Обвинувањата дека сум вмешан во „Панама пејперс“ се болни и невистинити

Британскиот премиер, Дејвид Камерон, ги отфрли како „болни и длабоко невистинити“ обвинувањата дека избегнувал да плаќа данок и неговата вмешаност во аферата „Панама пејперс“. Во обраќањето во Долниот дом на британскиот парламент, Камерон изјави дека неговиот татко основал офшор-компанијата на Бахамите поради инвестициски цели и дека не е точно дека сакал да одбегне да плаќа данок. - Компанијата „Блејмор холдингс“ е...

Камерон го објави извештајот за исплата на своите даночни обврски кон државата

Британскиот премиер Дејвид Камерон го објави извештајот за исплата на своите даночни обврски кон државата. Станува збор за даночни исплати во периодот меѓу 2009 и 2015 година, од кои имало две исплати од 100.000 фунти, откако Камерон по смртта на татко му наследил 300.000 фунти. Објавувањето на даночните листи на премиерот доаѓаат по обелоденувањето на резултатите од анкетата дека мнозинството Британци...

Даночната управа на Србија ќе ги проверува наводите од „Панама пејперс“

Даночната управа на Србија соопшти дека по повод случајот „Панама пејперс“, изнесените наводи ги проверува во координација со другите државни органи. Мрежата за истражување криминал и корупција објави имиња на 18 лица од Србија, кои основале офшор-компании преку панамската адвокатска агенција „Мосак Фонсекa“ од која протекоа документите.  

Кина чека објаснување од Панама за „Панама пејперс“

Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ју, на заедничка прес-конференција со германскиот колега, Франк Валтер Штајмајер, во Пекинг, се задржа и на аферата „Панама пејперс“, во врска со перење пари и со затајување данок, во која се вмешани и кинески владини претставници. - Кина се бори против корупцијата. Како што еден наш претставник рече, таа борба е вечно патување. Очекуваме појаснување од...

Панама ветува соработка со ОЕСР за „Панама пејперс“

Потпретседателката на Панама, Изабел де Сент Мало, соопшти дека Панама ќе ги интензивираат разговорите со Организацијата за економска соработка и развој, за да разменат податоци за даноците по скандалот наречен „Панама пејперс“. Изабел де Сент Мало вели дека ќе се воспостави дијалог на техничко ниво меѓу Панама и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕСР) во врска со размената на...

Новиот исландски премиер положи заклетва

Новиот исландски премиер, Сигурдур Инги Јохансон, денеска положи заклетва на функцијата откако неговиот претходник поднесе оставка поради скандалот со „Панама пејперс“, јавуваат светските агенции. Одлуката Јохансон да биде именуван за премиер ја донесе исландската владејачка коалиција од десниот центар. Јохансон, кој е поранешен министер за риболовство и за земјоделство, ја презеде владата од Сигмундур Гунлаугсон и треба да ја води земјата...

Путин: Нема корупција во „Панама пејперс“

Во „Панама пејперс“ нема корупција, оцени денеска рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека тие имале цел да ја натераат Москва на послушност. - Нашите противници, пред сè, се загрижени заради единството и консолидацијата на руската нација, нашиот мултинационален руски народ. Тие се обидуваат да нè протресат однатре, да нè направат попослушни - тврди Путин. Истовремено, Путин рече дека е горд на пријателството со...

Богов: Парите во случаи како „Панама пејперс“ најчесто се изнесени на нелегален начин

Македонските компании имаат можност да имаат сметка и да инвестираат во странство. Физичките лица, во согласност со Законот за девизно работење, немаат право да имаат сметки во странство и доколку во „Панама пејперс“ се појават такви лица, кои имаат само македонско државјанство, ќе треба да се отвори истрага - одговори гувернерот Димитар Богов на новинарско прашање за можноста за поврзаност на...

Панама формира комитет за проверка на транспарентноста

Панамската влада ќе формира независен комитет од домашни и од меѓународни експерти за да ја провери транспарентноста во финансиската офшор-индустрија во земјата. Претседателот на Панама, Хуан Карлос Варела, настојува да ја зајакне довербата во финансиската индустрија откако 11,5 милиони документи протекоа од панамската адвокатска фирма „Мосак Фонсека“, со кои е откриено офшор-дејствувањето на светската елита и кои покажуваат дека компанијата...

Исланд доби нов премиер по аферата „Панама пејперс“

Исландската владејачка коалиција од десниот центар одлучи за нов премиер да го именува Сигурдур Инги Јохансон, соопштил пратеникот на Прогресивната партија, Хоскулдур Торхалсон. Именувањето следувало откако поранешниот премиер Сигмундур Гунлаугсон ја напушти функцијата по аферата „Панама пејперс“, која откри дека неговата сопруга има фирма поврзана со пропаднатите исландски банки, што предизвика масовни протести.  

Порошенко: Моите бизниси се легални

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска изјави дека неговите лични финансиски активности преку офшор-компании се целосно транспарентни и легални. Тој за време на престојот во Токио рече дека се подготвуваат реформи што ќе овозможат користење на офшор-компании. Порошенко е еден од актуелните светски лидери што се споменуваат во „Панама пејперс“ во врска со наводните офшор-активности за избегнување плаќање данок. Украинскиот претседател на новинарите во Токио им рекол...

Наумов: Гувернерот Богов не кажува дали имало одлив на средства кон офшор-сметки

„Во ситуација кога целиот свет е на нозе по објавата на таканаречените „Панама пејперс“, кога премиерот на Исланд поради протечените информации веќе си поднесе оставка, најодговорниот во државата за контрола на одлив и на прилив на средства од странство, гувернерот Димитар Богов, не кажа ниту збор дали во периодот додека ја извршува функцијата имало одлив на средства кон офшор-сметки...

Франција ја враќа Панама на листата земји кои се даночен рај

Францускиот министер за финансии, Мишел Сапен, денеска соопшти дека официјален Париз повторно ќе ја стави Панама на списокот држави и територии што не соработуваат по прашања од даночната политика. Одлуката на враќањето на листата доаѓа по објавувањето на „Панама пејперс“, кои открија дека државници и видни бизнисмени затајувале данок и переле пари во Панама. Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство, врз основа на...

Обама: Избегнувањето плаќање данок е глобален проблем

Американскиот претседател Барак Обама денеска во Белата куќа изјави дека избегнувањето плаќање данок е глобален проблем. Обама се обрати до јавноста по скандалот што го предизвика објавувањето на „Панама пејперс“, од кои протекоа имиња на компании и на поединци што избегнувале да платат данок преку офшор-компании. Тој ги поздрави чекорите на министерството за финансии кои би требало да ја спречат практиката на корпорациите...

Деградиран рускиот свештеник што ја водеше комеморацијата на Навални

Рускиот свештеник кој ја предводеше комеморацијата на опозицискиот лидер Алексеј Навални е деградиран од водечките црковни служби и му е наредено да отслужи тригодишно „покајание“, пренесе Гардијан. Свештеникот Дмитриј Сафронов...